Ана Дурловски - Европска личност во Македонија за 2013 година - Канал 5

Ана Дурловски - Европска личност во Македонија за 2013 година

Сопранот со интернационална кариера Ана Дурловски, која за еден месец ќе настапи во Метрополитен операта во Њујорк, денеска прими плакета „Европска личност на Република Македонија“ за 2013 година, признание кое од 2000 година го доделува Европското движење во РМ.

Ана Дурловски - Европска личност во Македонија за 2013 година
Наградата им се доделува на личности кои ја афирмираат Македонија во Европа и европските вредности ги промовираат во земјава. Дурловски им се придружува на 14 досегашни добитници, како Симон Трпчески, Борис Трајанов, Борис Трајковски, Тоше Проески, Луан Старова, Живко Мукаетов, Влатко Стефановски... Наградата и беше доделена во отсуство на Денот на Европа 9 Мај, а денеска и беше врачена во пресрет на Денот на независноста 8 Септември.

Плакетата и ја врачи претседателката на ЕДРМ Милева Ѓуровска, која соопшти дека одлуката Ана Дурловски да биде лауреат за 2013 година ја донела нивната комисија.

- Нејзиниот професионален пат и настапите пред европската публика и на повеќе сцени не увери дека Ана Дурловски е вистинската личност која ја промовира Република Македонија, рече Ѓуровска.

Сопранистката Дурловски се заблагодари за укажаната чест и за тоа што ќе биде во друштвото на други нејзини колеги-уметници кои претходно ја добиле наградата. - Се покажа дека музиката нема граници и дека со нас, уметниците, Европа е блиска, рече Дурловски.

Таа на 13 септември ќе замине во Њујорк, каде што ќе остане два месеца заради настапите во операта Метрополитен. На 6 октомври ќе настапи во улогата на Кралицата на ноќта во премиерата на „Волшебната флејта“ на Моцарт и во следните претстави од таа опера до 8 ноември. Таа улога Дурловски првпат ја играше во Државната опера во Виена во 2006 година.

- Договорот веќе го имам две години и конечно дојде тој настан на кој многу се радувам. Можеби ќе се повторам кога ќе кажам дека не сум верувала дека еден ден ќе настапувам на таа сцена. Но, уверена сум во тоа дека кога човек навистина работи и има цели пред себе еден ден ги достигнува, истакна Дурловски, која ќе биде првиот македонски оперски пејач што ќе настапи на сцената на најголемата оперска куќа во светот.

Ана Дурловски (1978) пред две години го доби европскиот оперски оскар „Фауст“, престижна музичко-театарска награда, еквивалент на филмскиот Оскар, за најдобро европско остварување во 2011/2012 во земјите од германско јазично подрачје.

Со нејзиниот сопруг, оперскиот пејач Игор Дурловски, живеат и работат во Штутгарт. Настапува и во Македонската опера и балет, каде дебитираше во 2000 година во насловната улога во „Лучија од Ламермур“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Москва нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков.

Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение.

Неколку имиња

Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови.

Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите

Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување.

Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија.

Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти.

Владата предлага измени во законот за изнајмување

Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување.

Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови.

Активистите го повикуваат премиерот на разговори

На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот.

Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Вечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви  во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер