АМСМ:На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и кон судија на Уставниот суд

Претседателот на ПЦЕР - Самка Ибраимовски доби кривична пријава од МВР – за закани и повици за насилство врз уставен судија – случај кој го пријави претседателот на судот – Дарко Костадиновски пред два дена.

Соопштението на својот фб профил го пренесе и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој порача дека МВР и во иднина остро ќе реагира против било какви закани, особено против членови на највисокиот суд во Македонија.

-Денеска (26.06.2024) Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С. И. (69) за сторено кривично дело ‘Загрозување на сигурноста’ чл.144 ст.5 предвидено и казниво според Кривичниот законик. Пријавениот С. И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд,- -МВР.

Самка Ибраимовски на вчерашната прес-конференција во Тетово, самиот споменувајќи ја судијката Ана Павлова Данева, негираше дека упатувал закани, туку пренесувал реакции испратени од негови следбеници на неговиот профил по однос на законот за извршители.

-Ништо посебно, ниту закани сум имал кон судиите, а пред се, Ана Павлова Данева, како моја колешка и добро ме познава, како тетовчанка по потекло, барем требаше да има почит кон мене, кон мојата функција, лидер на една политичка партија, како еден колега кој бил со неа пратеник, да се јави на телефон и да праша, Самка што е ова што се пишува, дали има нешто вистина. Јас лично не сум се заканил ниту на Ана Павлова Данева, ниту на претседателот на судот,- - Самка Ибраимовски – Претседател на ПЦЕР.

Пријавата против Ибраимовски доаѓа по неговите критики за работата на уставните судии, воедно и работата на претседателот Костадиновски во однос на иницијативата за повторно преиспитување на законот за извршители со кој се менува времетрањето на застареност на долговите на лицата кон истите. Уставниот суд пред неколку дена одличи да поведе постапка и да донесе времена мерка за ивршување на оспорените законски одредби.

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на ДЗР

ДУИ и СДСМ да го уредат начинот на наплаќање на членарините кои законски не смеат да се повисоки од една исплатена просечна нето плата, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  да ги спроведат препораките за имотот.

ДУИ и СДСМ да го уредат начинот на наплаќање на членарините кои законски не смеат да се повисоки од една исплатена просечна нето плата, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да ги спроведат препораките за имотот, порачува Државниот завод за ревизија во најновиот извештај во кој се евидентира колку политичките партии во изминатите три години ги почитувале нивните укажувања. Единствено партијата Алтернатива ги испочитувала во целост со средување на нивното сметководство.

Во извештајот за ДУИ ревизорите констатирале дека и во 2022 година дел од членовите имаат уплатено повеќе од 250 илјади денари, а во тој за СДСМ утврдиле дека воспоставениот начин на прибирање, уплата и известување за приходите по основ на членарина во оваа партија не обезбедува целосен увид во уплатените средства. На СДСМ ревизорите уште им перпорачуваат за дел објектите кои ги имаат наследено од претходен правен субјект да продолжат да обезбедуваат имотни листови..

Потребно е во иден период да се продолжи со отпочнатите активности за утврдување на сопственоста на објектите, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и соодветно евидентирање во деловните книги на партијата – пишува во извештајот.

Во однос на ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите препорачуваат да го наведат недвижниот имот во финансиските извештаи, меѓу кои е и партиското седиште за кој се уште трае судскиот процес.

Одговорните лица на ВМРО - ДПМНЕ по завршување на постапката поведена пред надлежните органи, да преземат мерки и активности за соодветно искажување на недвижниот имот во Билансот на состојба. – стои во конечниот извештај на ДЗР изготвен во март годинава.

Реакција на МНР на некоректноста на Ана Писонеро од ЕУ

Упатена реакција до Европската комисија за употребата на придавката “северномакедонските”.

Министерството за надворешни работи информира дека Мисијата на Република Македонија при ЕУ упати реакција до Европската комисија за употребата на придавката “северномакедонските” од страна на портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, за време на вчерашната прес конференција.

Во реакцијата беше нагласено дека некоректната употреба на придавката не е во согласност со Преспанскиот договор и соодветно беше побарана правилна употреба при идните настапи.

притисни ентер