АМС со подршка до ФФМ да истрае во доследно почитување на правилата - Канал 5

АМС со подршка до ФФМ да истрае во доследно почитување на правилата

Агенцијата за млади и спорт денеска преку соопштение до јавноста изрази жалење за немилите настани во македонскиот клупски фудбал и даде целосна поддршка на Фудбалската федерација на Македонија во спроведување на правилата.

АМС со подршка до ФФМ да истрае во доследно почитување на правилата
- Агенцијата за млади и спорт ја користи оваа прилика да ја искаже својата целосна поддршка до Фудбалската федерација на Македонија со верување дека и во оваа состојба, кога два спортски колектива „војуваат„ за пласман во Првата македонска фудбалска лига, ќе ги примени и искористи сите свои права, надлежности и можности за доследно почитување и спроведување на актите, пропоизициите за натпревари и сите останати односни правила на фудбалската игра.

Од АМС упатуваат апел до сите клубови спортски да се однесуваат и на тој начин да се зголеми популаризацијата на фудбалот, а сите недоразбирања да се надминат согласно пропозициите.

- Фудбалот во Македонија е најпопуларен и најмасовен спорт, што дополнително стимулира и мотивира борба да се игра во највисокиот степен на натпревари во кој се вклучени и ангажирани симпатизери и поддржувачи на најуспешните фудбалски клубови и сите сакаат на свој начин да помогнат во остварување на целта. Во таа насока, упатуваме апел до управите и раководствата на фудбалските клубови и нивните органи да дадат прилог со објективни настапи пред спортската и пошироката јавност, со аргументи, почитувајќи процедура утврдена во актите на Фудбалската федерација на Македонија и, доколку се присутни одредени слабости, истите да се надминат согласно надлежностите во рамки на органите и телата на федерацијата, стои во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.

Ова соопштение е реакција по последните случувања по прекинатиот бараж натпревар за влез во Првата лига меѓу Еуромилк и Дрита, како и заканите на дел од екипите составени од етнички Албанци за формирање паралелна лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

Од 13 до 15 ноември, во салата „Расадник“ во Кисела Вода, се одржува јубилејното 55. издание на „Златен гонг“, еден од најстарите меѓународни боксерски турнири во Европа. 

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

На него настапуваат 89 боксери и боксерки од 20 земји, а организатор е Македонската боксерска федерација.

Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година. Украинскиот состав го засилуваат и Џамал Кулијев, европски шампион У23 од 2024 и светски бронзен медалист У19 од 2022, како и Матвиј Ражба, европски шампион У17 од 2019 година.

Во женска конкуренција, Ирина Луцак доаѓа со европско злато У23 од 2024 и сениорска европска бронза од Софија 2026. Нејзина противничка во четвртфиналето до 80 кг е македонската боксерка Марија Костовска. Во украинската селекција се и Наталија Меринова, европска шампионка У23 од 2024, и Анастасија Сарањук, бронзена на Европското првенство У17 во 2021 година.

Од Литванија настапува Александар Трофимчук, европски вицешампион У23 од 2024, кој во финалето во Софија боксуваше токму против Захарјејев. Во литванскиот состав се и Едгарас Скурделис, европски младински вицешампион од 2011, и Алгирдас Баниулис, бронзен медалист од Светските воени игри во 2019 година.

Молдавија ја предводи Даниил Гуранда, европски шампион У17 од 2023, европски вицешампион У19 од 2024 и бронзен на Европското У19 во 2025. Неговите сонародници Михај Поромбак и Владислав Васковски освоија европска бронза У23 во 2025 година. Поромбак има и бронза од Европското У22 во 2023.

Во Скопје боксуваат и Румен Руменов од Бугарија, европски бронзен медалист У23 од 2024, Хамза Рашљанин од Србија, европски бронзен медалист У19 од 2024, и Башким Бајоку, кој за Косово освои бронза на Европското У22 во 2023 година.

Програма во салата „Расадник“:

петок, 13 ноември, во 14:00 – четвртфинални борби

сабота, 14 ноември, во 14:00 – полуфинални борби

недела, 15 ноември, во 17:00 – финални борби

Влезот е слободен. Македонската боксерска федерација ги поканува љубителите на боксот да ги проследат борбите во „Расадник“ и да им дадат поддршка на домашните натпреварувачи.

Македонска боксерска федерација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

​Се размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети.

Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград.

Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“.

Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград.

Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка?

Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?

Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.

Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо.

Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции.

Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. 

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска.

Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место.

Разликата со најбогатите европски економии останува огромна - Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител.

Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки.

Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала.

Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година.

Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост.

Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

Пари во буџетот нема, но знаеме каде има - кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер