Други спортовиАМС ќе ги прогласи најуспешните спортисти во Македонија за 2015 година Агенцијата за млади и спорт (АМС) вечер со почеток од 19 часот во Македонскиот народен театар ќе ги прогласи најдобрите македонски спортисти за 2015 година. Номинирани се спортисти, стручни лица, екипи и субјекти во девет категории.Во прв план од категориите се номинираните за спортист на годината во машка и женска конкуренција, за која конкурираат по петмина спортисти. Кај мажите, кандидати се: автомобилистот Игор Стефановски - Иџе, пливачот Евгениј Поп-Ацев, каратистот Мартин Несторовски, кик боксерот Димитар Ѓорѓиев и Дејан Недев од традиционалното карате. Во женска конкуренција, за престижното признание ќе конкурираат: пливачката Анастасија Богдановски, фудбалерката Наташа Андонова, Стефани Тодорова од кик боксот, каратистката Наташа Стефановска и тенисерката Лина Ѓорческа. Во останатите седум категории номинирани се: Млад спортист на годината: Филип Талевски - ракомет Давид Бабунски - фудбал Елмедин Сејфулау - борење Бобан Илиоски - кикбокс Фери Исиќ - карате. Млада спортистка на годината: Сара Ристовска - ракомет Теа Митрова - кошарка Берна Шерифоска - џудо Вероника Костовска - карате Марија Божиновска – кик бокс. Најуспешен спортист на лица со инвалидитет: Андреј Стојановски - пливање Оливера Наковска-Бикова - стрелаштво Ванчо Каранфилов - стрелаштво. Најуспешен селектор: Ивица Обрван - ракомет Жарко Ристовски - одбојка Марјан Соколовски - пливање Дејан Митровски - кикбокс Пеце Белистојановски - карате. Најуспешен машки национален тим: Ракометна репрезентација Одбојкарска репрезентација Фудбалска репрезентација У-21. Најуспешен женски национален тим: Ракометна младинска репрезентација Кошаркарска кадетска репрезентација Карате - ката тим. Најуспешна федерација: Ракометна федерација на Македонија Карате федерација на Македонија Македонска кошаркарска федерација Кикбокс федерација на Македонија Одбојкарска федерација на Македонија. Најдобрите ќе добијат позлатена статуетка – силуета на спортист во движење. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter