Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
2Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
МакедонијаАМС: Големиот проект 14 затворени пливачки базени сега е реалностДенеска во Агенцијата за млади и спорт директорот Наумче Мојсовки одржа прес конференција на која најави неколку значајни капитални проекти кои се од големо значење за граѓанитњ, посебно за младите луѓе, спортистите и сите љубители на спортот.Директорот информираше дека веќе шест пливачки базени се започнати во 2020 година, а за четири во тек е тендерска документација со рок на изведба од 18 месеци. Станува збор за базени со димензии со должина од 25 метри и ширина од 9 метри. Известуваме дека во иста фаза на изградба се базените во основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски во општина Ѓорче Петров,општина Кисела Вода, во основното училиште Невена Георгиева – Дуња, и во Штип во Спортскиот рекреативен центар Суитлак каде се поставени челични конструкции и фасадни панели, а во моментот се работи на внатрешно уредување. Се монтираат фасадни панели на базенот во општина Кичево со локација во кругот на училиштето „Санде Штерјоски“ и детската градинка „Ластовички. На базенот во Битола во Основното училиште „Даме Груев , во моментот се работи на зајакнување на металната конструкција по што следува монтирање на фасадните панели. Во завршна фаза е и затворениот базен во Тетово каде по монтирањето на термална пумпа истиот наскоро ќе биде готов и целосно во функција. Четири базени за коишто е отпочната тендерската постапка се во општините Карпош,Чаир,Струмица и Кавадарци. Ова се исклучително значајни проекти за враќање на полниот сјај на спортот. “За базенот во Струга, веќе е во тек тендерската постапапка, по чиешто заокружување на законските рокови, ќе започне долго очекуваната реконструкција на овој струшки базен во кој се одржани многу натпревари во ватерполо и пливање и беше место каде многу млади луѓе како спорт го избраа пливањето токму поради овој базен. Конечно дојде време, базенот во Струга да го врати стариот сјај и повторно да биде атракција за стружани“ – истакна директорот Мојсовски Уште еден многу значаен проект посебно за карпошани и Скопје е спортската сала Партизан за која директорот истакна: “ Во оваа прилика би сакал да ве информирам дека Агенцијата за млади и спорт е посветена и за возобновување и реконструкција на спорстката сала Партизан, во општина Карпош, за што е и распишана тендерска постапка. Партизан е симбол за спорт на карпошани ние се обврзуваме да го вратиме сјајот на партизан, некогашната култна спортска сала ќе ги живее повторно убавите мигови на спортот.Од оваа сала се излезени и прославени голем број на спортисти а веруваме дека тоа ќе продолжи и понатаму”, рече Мојсовски. Агенцијата, која е куќа на спортот , но и дом на младите луѓе, континуирано вложува во објекти и проекти кои се од клучно значење за подобри услови на младите луѓе и на спортистите, со цел да го вратиме високото ниво на спортските активности, натпревари и рекреација во салите, игралиштата и базените што го одбележале детството и младоста на повеќе генерации. Агенција за млади и спортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на “братучедот”, а богами и непрописно паркираАндреј “НАТО” Жерновски во стилот на Артан “Лотарија” Груби, го вози автомобилот на “братучедот”.Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на поткаст (ВИДЕО), дека нема во своја сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува “Мерцедесот”. Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната, објави на ФБ Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСДСМ: Платформата ЗНАМ 2.0 исто како Мицкоски, Ќуркчиев вчера едно – денеска другоПлатформата ЗНАМ 2.0 работи исто како Христијан Мицкоски кој ги плаќа со 1.6 милиони евра.Мицкоски вели „нула денари“ следниот ден излегува дека се 5,5 милиони евра. Ќуркчиев вчера вели дека е „пензионер кој има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија“. Денеска тврди дека документите што ги објавивме се „монтирани„ и „фалсификат“. Како Мицкоски. Само што за Мицкоски буџетот е 5.5 милиони евра а за ЗНАМ 2.0 буџетот е 1.6 милиони евра. Сега откако јавноста виде колку и на кој начин се плаќа Платформата на Мицкоски ЗНАМ 2.0 нема бегање од вистината. Документите коишто ги објави СДСМ се јавно достапни и тие се составен дел од тендерската документација. Така да, едвај чекаме тужба и да одиме на суд. Па да ги објавиме и другите документи. На пример, овој документ којшто ја покажува и врската со Максим Димитриевски. Максо потпишал дозвола за интегрирана еколошка дозвола за потребите на фирмата со којашто соработува и ја преставува Ќуркчиев. Секако, Маким Димитриевски, ЗНАМ 1.0. Таму потпишува ЗНАМ 1.0, за на друго место да потпишува ЗНАМ 2.0. Затоа едвај чекаме тужба, исто како што и Стоилковиќ ни се закани па сега никаде го нема, а ние сме спреми со документите за неговата соработка со БИА. Имаме две пораки за сите. За вас СДСМ вреди 1,6 милиони евра но СДСМ не е на продажба. СДСМ нема да игра како што свири диџеј Мицкоски. СДСМ не се продава. А вие сите ќе одговарате. За предавството ќе ве казнат граѓаните, а за криминалот наскоро ќе одговарате пред слободно судство и независно обвинителство, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон: Европа е цел на руски хибридни заканиФранцускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја, како и остатокот од Европа, во последните недели е изложена на засилени руски хибридни закани.Тој ја даде оваа изјава по средбата со лидерите на парламентарните партии. „Заканата со која се соочуваат Европа и Франција се засили во последните недели, особено во однос на руските хибридни закани“, рече Макрон. Промена на природата на агресијата Макрон исто така смета дека „природата на руската агресија се менува“. Како примери за ова ново ниво на закани од Кремљ, тој ги наведе нападот врз воз што сообраќа меѓу Полска и Украина, навлегувањата на дронови во воздушниот простор на соседните земји и спречениот напад врз аеродромот во Лајпциг. Германија претходно ја обвини Русија за обид за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг во текот на август. Во меѓувреме, минатиот викенд се случи и безбедносен инцидент во Украина; руски дрон удри во воз што се движеше веднаш зад конвојот во кој се наоѓаше поранешниот британски премиер Борис Џонсон.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook