Амнести Интернешнел: САД го прекршија хуманитарното право во војната со Иран - Канал 5

Амнести Интернешнел: САД го прекршија хуманитарното право во војната со Иран

Во извештајот, АИ ги обвини американските сили за напад врз основно училиште во јужниот ирански град Минаб, каде што, според наводите на Амнести, загинале повеќе од 160 луѓе, вклучително и деца, пренесе Ен-Би-Си Њуз. 

Амнести Интернешнел: САД го прекршија хуманитарното право во војната со Иран

САД го прекршија меѓународното хуманитарно право со тоа што не ги презедоа сите можни мерки за да го спречат страдањето на цивилите за време на војната со Иран, се наведува во денеска објавениот извештај на меѓународната невладина организација за човекови права Амнести Интернешнел (АИ).

Во извештајот, АИ ги обвини американските сили за напад врз основно училиште во јужниот ирански град Минаб, каде што, според наводите на Амнести, загинале повеќе од 160 луѓе, вклучително и деца, пренесе Ен-Би-Си Њуз. АИ наведува дека до овој заклучок дошла по анализа на фотографии и видеоснимки направени пред и по нападот на училиштето, кое се наоѓало покрај комплекс на Исламската револуционерна гарда.

Организацијата соопшти и дека ангажирала независен судски патолог кој спровел дополнителна анализа. Директорката за истражување, застапување, политика и кампањи во Амнести, Ерика Гевара-Росас, оцени дека нападот претставува трагичен пример за последиците што ги трпат цивилите за време на конфликтот.

- Овој страшен напад врз училиште полно со деца претставува шокантен пример за катастрофалната и целосно предвидлива цена што ја плаќаат цивилите за време на овој вооружен конфликт – рече Гевара-Росас.

Амнести соопшти дека, доколку објектот пред нападот не бил идентификуван како училиште, тоа би укажувало на „грубо невнимание“ и сериозен пропуст на американската разузнавачка служба. Организацијата ги повика САД да спроведат транспарентна истрага за нападот и порача дека одговорните мора да сносат последици.

Нападот на училиштето се случи на 28 февруари наутро, кога во американско-израелските напади беше погодена основната и претшколска установа „Шаџаре Тајебе“ во Минаб, во провинцијата Хормозган, при што загинаа 175 ученици и наставници.

Комитетот на Обединетите нации за правата на детето соопшти дека е „длабоко вознемирен“ од извештаите за бомбардирањето на училиштето, а портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека сеќавањето на загинатите во нападот „засекогаш ќе остане врежано во срцето на Иран“.

САД и Израел го нападнаа Иран во саботата наутро, на 28 февруари, во она што беше соопштено како „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Иран потоа почна масовни одмазднички напади врз Израел и врз цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер