Амнести: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на полето на човековите права во 2021“ - Канал 5

Амнести: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на полето на човековите права во 2021“

Вкупно десет милијарди дози на вакцина произведени минатата година би биле повеќе од доволни за да се исполни целта за вакцинација на 40 проценти, што ја постави Светската здравствена организација (СЗО) за до крајот на минатата година.

Амнести: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на полето на човековите права во 2021“

Фармацевтските компании „трагично потфрлија" во одговорот на предизвикот од глобалната здравствена криза предизвикана од Ковид-19 и покрај итните повици да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцините против коронавирус, соопшти денеска Амнести интернешнел.

Според Амнести, фармацевтските компании кои продаваат вакцини против коронавирус ја монополизирале технологијата, лобирале против споделувањето на интелектуалната сопственост, наплатувале високи цени на вакцините и им дале приоритет на набавките на богатите земји во 2021 година.

Вкупно десет милијарди дози на вакцина произведени минатата година би биле повеќе од доволни за да се исполни целта за вакцинација на 40 проценти, што ја постави Светската здравствена организација (СЗО) за до крајот на минатата година.

Само четири отсто од оние што живеат во земји со ниски приходи биле целосно вакцинирани до крајот на минатата година.

– Повеќе од 1,2 милијарди луѓе во земјите со ниски приходи можеа да бидат вакцинирани до крајот на 2021 година доколку богатите земји и производителите на вакцини ги сфатеа сериозно своите обврски и одговорности за човековите права, изјави Рајат Косла, висок директор на Амнести интернешнел задолжен за истражување, лобирање и политика.

Претходно овој месец, СЗО објави дека се потребни уште 16 милијарди долари за да им се помогне на сиромашните земји во борбата против пандемијата.

Тоа е износот што недостасува во планираните средства за снабдување на тие земји со вакцини, тестови и лекови преку програмата што ја започнаа Обединетите нации, соопшти СЗО. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. 

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта.

Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош.

Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија.

„Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“.

Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти.

„Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“.

Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а може ли истото да го порача Тимчо и до Будимпешта? Да го врати Груевски?

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Зошто до денес не се пратени сите потребни документи за екстрадиција до новата влада во Унгарија?

Зошто човекот што побегна од правда, благодарение на системот што го постави тогашниот ВМРО-ОКГ, сè уште е во Унгарија? Зошто до Будимпешта нема остра порака, а до Софија има?

Истиот министер што сега бара стандарди од ЕУ за бегалци од правда, претходно молчеше кога Груевски си замина. Молчи и кога Панче Тошковски пропушта преку граница луѓе без евиденција.

Молчи и кога пет тони дрога поминаа граница кон сестринската СНС во Србија.

За Ива Михаилова - непристојно, а за Груевски - тишина. За Тошковски - хиперхлорирање. За петте тони - нема одговор.

СДСМ не бара двојни стандарди, бараме исти. Ако е непристојно Софија да биде прибежиште, непристојно е и Будимпешта да биде прибежиште.

Ако се бараат документи за едната, се бараат и за другиот. Ако законот важи за сите, важи и за оној што побегна со помош на тогашниот систем.

Додека Муцунски праќа остра порака до Софија, нека испрати и до Будимпешта. И нека објасни зошто документите за Груевски сè уште не се целосни.

Од СДСМ има поддршка за двете барања. И за Ива, и за Груевски.

Скопје, 30.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер