ЖивотАмериканските власти пронајдоа слабости во обезбедувањето квалитет на БоингЕдномесечната истрага на американската Федерална управа за авијација (ФАА) откри системски недостатоци во обезбедувањето квалитет на производителот на авиони Боинг.Во одделот за комерцијални авиони, како што јави ДПА, комисијата на ФАА не најде стандардизиран и јасен начин за вработените да пријават недостатоци во квалитетот. -Вработените не разбираат како да ги користат различните системи за известување и кој систем да го користат кога, се вели во извештајот, кој беше објавен вчера. Како што се наведува во извештајот, генерално, постои конфузија меѓу вработените за нивната улога во управувањето со безбедноста. -Процедурите и обуката се сложени и во постојана состојба на промена, создавајќи конфузија на вработените особено меѓу различните работни места и групи на вработени, се вели во извештајот. Како дел од истрагата, комисијата побарала и од Боинг да докаже дека безбедноста е врвен приоритет. -Но, документите, интервјуата и разговорите со вработените не покажаа дека Боинг е фундаментално посветен на целта како што тврдеше самата компанија, се вели во извештајот. Како одговор на наодите, Боинг нагласи дека ја поддржал комисијата на ФАА во нејзината работа и веќе презела мерки за подобрување на квалитетот. Извештајот ќе се анализира и ќе се донесат заклучоци за понатамошни мерки. Производителот на авиони моментално е под зголемен притисок да ги подобри контролите на квалитетот по драматичниот инцидент во јануари. Дел од трупот на практично новиот 737-9 MAX со повеќе од 170 луѓе во него се откина од телото на авионот набргу по полетувањето, но немаше сериозно повредени. По истрагата, Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД (NTSB) утврди дека недостасуваат завртки за прицврстување на таканаречениот приклучок на вратата. Главниот извршен директор на Боинг, Дејв Калхун ја презеде одговорноста за грешката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАдминистрацијата на Доналд Трамп воведе нови царини за увоз од 60 земјиИако Македонија останува надвор од најновиот бран американски царини што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе за увоз од 60 земји, доколку овие мерки останат во сила подолг период.Иако Македонија останува надвор од најновиот бран американски царини што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе за увоз од 60 земји, доколку овие мерки останат во сила подолг период, можно е индиректно да се почувствуваат последици и врз домашната економија. Сепак, релативно малиот директен извоз на македонски производи на американскиот пазар, како и билатералниот трговски договор со САД склучен во февруари, со кој земјава ги укина царините за американските индустриски и земјоделски производи, додека Вашингтон ја задржа царината од 15 проценти за македонскиот извоз, засега упатуваат на тоа дека непосредното влијание врз македонската економија би било ограничено, велат познавачите на состојбите. Новите американски царини индиректно би можеле да имаат последици и врз домашната економија, доколку тие потраат и подолго оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миновски. -Не очекувам некаков непосреден и драматичен удар врз македонската економија како директна последица од овие царини. Сепак, доколку мерките останат во сила подолг временски период и предизвикаат поголеми нарушувања во глобалната трговија, тогаш можеме да очекуваме индиректни последици. Тие би можеле да се почувствуваат преку забавување на индустриското производство, особено во слободните економски зони, каде што голем дел од компаниите се извозно ориентирани, намалување на извозната активност и послаб економски раст.“- изјави – Кирил Миновски – Поранешен министер за финансии. Во меѓувреме Брисел бара појаснување од Вашингтон за потегот на Вашингтон, нагласувајќи дека ЕУ го почитувала договорот за трансатлантска трговија постигнат минатата година, а новите царини на Трамп кон повеќе земји во ЕУ неочекувано ја изненадиле Каја Калас. -Ние го испочитувавме нашиот дел од договорот. Имавме договор до САД и останавме доследни на обврските што ги презедовме. Преговорите не беа лесни. За нашите компании е многу важно да има предвидливост. Токму затоа и компаниите ни порачаа да постигнеме резултат, да го договориме овој договор, бидејќи предвидливоста е многу подобра отколку неизвесноста и незнаењето што не очекува во иднина – вели Калас. Инаку Трамп објави царини од 10% до 12,5% за повеќе од 60 земји, за да ги заменат досегашните царини од 10% кои имаа привремен карактер и истекуваа денеска. Со новите царини се опфатени најголемите трговски партнери на САД - сите членки наЕУ , Британија, Канада, Мексико, Кина, Индија и Австралија. Остануваат на сила и сите други дополнителни царини воведени на разна основа и за специфични сектори. Македонија не е засегната со новите царините, затоа што во февруари склучи билатерален договор со САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСкопје ги брои штетите по невремето: Апели за внимателност и оштетени гробиштаСкопјани денеска да не ги паркираат возилата под дрвја и да не се задржуваат во близина на висока вегетација, е најновото предупредување и апел од ЈП Паркови и зеленило. Сепак, од Управата за хидрометеоролошки работи смируваат дека невреме какво што му се случи на Скопје за денеска не се очекува. За во иднина, не можат со сигурност да предвидат дали брзиот ветар кој корнеше се пред себе ќе му се повтори на Скопје. И додека општините чекаат граѓаните да ја пријават настанатата штета во општинските комисии, за да може потоа комитетот за проценка на штета да интервенира, а владата да ги обештети, на социјалните мрежи се појави фотографии од уништени надгробни плочи, кои граѓаните ќе мораат сами да ги санираат. ОД А.Д. Бутел велат дека за време на невремето паднале околу дрва, и потврдуваат дека направиле голема штета. Во разговор за Канал 5 од претпријатието велат дека се работи на документирање на на сите случаи, се поднесуваат поднесоци до старателите за настанатата штета, но штетата граѓаните ќе треба да ја санираат сами. Во меѓувреме, штетата која невремето ја направи врз информатичкиот систем на Македонска пошта, поради што компанијата три дена беше надвор од функција поради дефект на серверската инфраструктура, денеска е санирана, вели диекторот Орхан Куртиши. Разорното невреме што во вторникот попладне го зафати Скопје, но и други градови во земјава, предизвика значителна материјална штета. Пријавени се многубројни оштетувања на автомобили, покриви на станбени и јавни објекти, како и голем број паднати дрвја и оштетени семафори. Во невремето има и повредени граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Црна хроникаФатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евраФатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко - технички обработени.Фатен на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко - технички обработени На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и се уште продолжил со побарувањата. По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко - технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци. Тој бил задржан во полициска станица, а потоа и изведен пред јавен обвинител, каде го признал делото. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00