Министерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
2Министерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
ТехнологијаАмериканските сенатори изразија загриженост поради вештачката интелигенцијаАмериканските сенатори и од Демократската и од Републиканската партија изразија загриженост за можноста вештачката интелигенција (ВИ) да се користи злонамерно или да се изврши напад со биолошко оружје.За време на сослушувањето пред поткомитетот на Комитетот за правосудство на Сенатот, извршниот директор на компанијата за вештачка интелигенција Антрофик, Дарио Амодеи, изјави дека ВИ може да им помогне на злонамерните луѓе да развијат биолошко оружје дури и без да го имаат потребното знаење за тоа. Некои чекори во производството на биолошко оружје вклучуваат знаење што не може да се добие од Гугл или учебници и бара специјализирано знаење, наведе Амодеи, чија компанија соработуваше со експерти за биосигурност на проучување на биолошките ризици што ги носи вештачкиот интелект. - Откривме дека современите алатки за вештачка интелигенција можат да изведат некои од овие чекори, посочи Амодеи, додавајќи оти ВИ се уште не е способна да помогне во развојот на биолошко оружје, што тој го нарече „среднорочен“ ризик. - Ние веруваме дека ова претставува сериозна закана за националната безбедност на САД, бидејќи им овозможува на многу повеќе актери да вршат напади од големи размери со биолошко оружје, истакна Амодеи. И претседателот на Поткомитетот Ричард Блументал, демократ, изрази загриженост. Специјалистите кои ги развиваат овие системи предупредуваат на опасноста човештвото да исчезне. Целта на оваа дебата е да се постават основите за изготвување закон. Да се премине од основните принципи до конкретни препораки, наведе Блументал. Републиканскиот сенатор Џош Хејли повика на заштитни мерки „кои ќе обезбедат дека новите технологии всушност имаат корист за американскиот народ“. Сослушувањето уследи неколку дена откако компаниите за вештачка интелигенција, вклучително ОпенАИ, Алфабет и Мета Платформс, се обврзаа доброволно пред Белата куќа да имплементираат мерки како што се водени ознаки генерирани од вештачката интелигенција за да ја зголемат безбедноста на технологијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизШто се случува со Аријана Гранде?Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед. Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед. За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот. Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура. „Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.Тагови: Аријана Гранде Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб Младиот француски фудбалер Ноа Нсоки (18) наскоро ќе го засили Динамо Загреб.Левиот бек може да игра и како офанзивен играч за врска, а доаѓа од редовите на европскиот шампион Пари Сен Жермен. Нсоки ќе пристигне во Загреб во среда или четврток за да ги изврши лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор. Динамо нема да плати за Нсоки, но од следниот трансфер заработката ќе ја делат „пола-пола“ со популарните „Светците“ од Париз. Минатата сезона тој неколку пати тренираше со првиот тим на Париз, но конкуренцијата е преголема. Сепак, тој одигра вкупно 36 минути, влегувајќи во игра од клупата на два натпревари минатата сезона. Одигра 39 натпревари за младинскиот тим на Париз Сен Жермен, при што забележа 10 гола и шест асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наодиВо наредните денови се очекува ДСЗИ да ги комплетира надзорите и да ја прибере целокупната медицинска документација од трите здравствени установи. Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје. Во наредните денови се очекува ДСЗИ да ги комплетира надзорите и да ја прибере целокупната медицинска документација од трите здравствени установи. Врз основа на целосно утврдената фактичка состојба, ќе следат заклучоците од стручниот надзор, и доколку е потребно, понатамошни дејствија. Министерството за здравство посебно потенцира дека почитувањето на правото на пациентката на достоинство, приватност и заштита на личните и медицинските податоци е неприкосновено во текот на целата постапка. Секој пациент има законско право на безбедна, квалитетна и правовремена здравствена заштита, како и право на целосна и разбирлива информација за сопствената здравствена состојба. Министерството ќе се погрижи овие права целосно да бидат почитувани — како во текот на инспекцискиот надзор, така и во натамошната комуникација со пациентката и нејзиното семејство. Министерството за здравство уверува дека случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај. Ниту еден аспект нема да биде изоставен, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно надлежностите и важечките законски прописи. Ја повикуваме јавноста на воздржаност додека траат постапките и апелираме да не се изнесуваат предвремени заклучоци, шпекулации или лични податоци што би можеле дополнително да ги вознемират пациентката и нејзиното семејство. Министерството истовремено апелира на јавноста и медиумите за коректност и заштита на достоинството на здравствените работници вклучени во случајот, чија евентуална одговорност ќе биде утврдена единствено врз основа на резултатите од стручниот надзор, а не преку јавно осудување пред нивно завршување. По завршувањето на надзорите и разгледувањето на сите наоди, Министерството навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за утврдените факти и за натамошните чекори. Заштитата на пациентите, почитувањето на нивното достоинство и целосното утврдување на фактичката состојба остануваат највисок приоритет на Министерството за здравство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35