Американските научници објаснуваат зошто канцелариите се совршено место за ширење на коронавирусот - Канал 5

Американските научници објаснуваат зошто канцелариите се совршено место за ширење на коронавирусот

Низ целиот свет, милиони луѓе ги напуштија своите канцеларии кога владите донесоа одлука да работат од дома.

Американските научници објаснуваат зошто канцелариите се совршено место за ширење на коронавирусот

Оваа мерка е еден од начините на кој светот се обидува да го запре ширењето на коронавирусот затоа што работниците се побезбедни од инфекција додека се изолирани во нивните домови отколку додека работат во преполни канцеларии, пренесува Би-Би-Си.

Овие не се само мерки на претпазливост, туку и затоа што канцелариите се погодни места за ширење на вируси и бактерии, што е докажано безброј пати. Поточно, кога едно лице се разболува на работа, со кашлање и кивање во канцеларијата, уште неколку наскоро се разболуваат и циклусот продолжува.

Истражувањата покажаа дека бактериите и вирусите лесно се шират во канцелариите. Криси Хјуит, директор на Институтот за истражувања и наука на Северната Каролина, ги истражувал различностите и изобилството на микробактерискиот живот во канцелариите и дошол до важни заклучоци.

„Луѓето поминуваат многу време во текот на денот во канцелариите каде споделуваат простор со другите, а зголемениот контакт со површините што ги допираат многу луѓе ја зголемува количината на микроби и на тие површини и во воздухот“, вели таа.

Со други зборови, многу од најчесто допираните површини во вашата канцеларија можат да бидат пренесувачи на вирус. Колку повеќе колеги доаѓаат во контакт со нив, толку е поголем ризикот од инфекција.

Според една студија од Универзитетот во Аризона, површините како што се фрижидери, рачки на фиоки, рачки на вратите и машини за кафе имаат најголема концентрација на бактерии на нив, а според друга студија на Американското здружение за микробиологија, тие се пренесуваат брзо во канцелариите. Истражувачите дошле до овој заклучок со тоа што поставиле безопасен вирус на само една рачка или на биро во канцеларијата. Првата област што била заразена е просторијата за кафе, а во рок од два часа вирусот можел да се открие кај 40 до 60 проценти од работниците, посетителите и честопати допираните предмети.

Доколку вработените не посветат многу внимание на хигиената, овој процес може да биде побрз: една студија во 2019 година открила дека во само 61 процент од канцелариите во Велика Британија, работниците ги мијат правилно рацете со топла вода и сапун откако оделе во тоалет.

"Најголем ризик не е во самата канцеларија, туку кај болните работници. Ако едно лице е болно, тие ќе ги пренесат бактериите со кашлање и кивање, допирање на површини и близок контакт со другите. Дури и ако вработениот остане на својата работна маса, бактериите можат да се шират преку летечките капки што можат да паднат на која било површина и да ја загадат “, вели д-р Али Кан, епидемиолог и професор на колеџот за јавно здравје УНМЦ на Универзитетот во Небраска.

Циркулацијата на воздухот во канцелариите исто така може да придонесе за ширење на бактериите. Хјуит вели дека во затворени простории, бактериите функционираат преку воздухот и преку системот за греење, вентилација и климатизација.

„Одржувањето на системот и филтрацијата имаат големо влијание врз тоа како загадувачите лебдат низ воздухот, а во зградите каде што не се одржува правилно, циркулацијата, филтрацијата, влажноста и канцелариската температура, можат да придонесат за таложење на повеќе микроорганизми“, вели таа.

Домашните „канцеларии“ каде што многумина работат во полесно контролирани средини затоа што во нив циркулираат помалку луѓе, така што има помалку области каде микробите се задржуваат , вели Лиза Акерли од Меѓународниот научен форум за домашна хигиена. Во куќата нема толку многу критични површини и не мора да се грижите дали колегите внимаваат на хигиената.

Ако излезете надвор, сепак можете да го внесете вирусот дома со вас, ако не сте внимателни.

„Вирусот не може да се појави во вашата куќа самостојно, мора да го внесе заразено лице“, вели Хан. Ова значи дека ако сте биле во контакт со некој кој е болен или ако сте допреле заразена површина, можете да го пренесете вирусот во вашиот дом.

Сепак, треба да запомните дека вирусите се развиваат само во телото, и обично ги внесувате со допирање на лицето со раце. Ова исто така важи и за коронавирусот, вклучувајќи го и Sars-CoV-2: дури и ако вирусот е на вашите раце, тој мора да најде начин да влезе во телото.

Затоа е важно, велат научниците, без разлика дали сте во канцеларија или дома, правилно да ги дезинфицирате рацете. Мијте ги со сапун и топла вода најмалку 20 секунди, колку што може повеќе или користете средство за дезинфекција што содржи повеќе од 60 проценти алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во Волонгонг

Голем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.

Дијаспората се обедини:  Голем собор на Македонците во Волонгонг

СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА

Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот.

Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба.

Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски.

На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни.

Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението.

По Литургијата беа осветени славските колачи.

Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн.

А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина.

По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите.

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува.

Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија.

Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски.

Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци.

На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија.

Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина.

По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа!

За многу години празникот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер