АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЗдравјеАмериканските научници ја решија дилемата: Треба ли да се пребришуваат продуктите од маркетите? Дали бришењето пакувања од продавниците или доставените пакети стана ваша рутина во ерата на коронавирус? Можеби е време да се преиспитаме, велат експертите, особено ако тоа ви носи дополнителен дневен стрес.Американската управа за храна и лекови (ФДА) посочува дека не постои вистински ризик од инфекција со коронавирус преку овој начин, пренесува Си-Ен-Ен. „Сакаме да ве увериме дека нема докази дека хуманата или животинската храна и пакетите со храна се поврзани со пренесување на Ковид-19“, напиша Агенцијата на Твитер. Ејми Лојд-Смит е еден од научниците вклучени во анализата колку вирусот САРС-КоВ-2 останува на различни површини. И покрај тоа што со истражувањето е откриено дека вирусот останува на картонски површини до 24 часа и на метал и пластика до два до три дена, Лојд-Смит не ги мие продуктите од продавници или испораките. „Јас лично не го правам тоа“, вели Лојд-Смит. „Кон своите раце се однесувам како да се потенцијално загадени додека ракувам со храната и го отстранувам пакувањето , а потоа секогаш ги мијам кога ќе завршам“. Вирологот др.Џон Вилијамс, исто така не е загрижен. „Готвиме малку храна во куќата, нарачуваме малку од надвор за домот полн со студенти кои се вратија од колеџ“, вели Вилијамс. „И не ја отстрануваме амбалажата од ресторанот“. „Шансите некој да остави доволно вирус на храната или пакувањето е многу низок, и јас го гледам како хипотетички ризик“, вели Лојд-Смит. "Затоа, сум внимателна. Секогаш ги мијам рацете, но не гледам на нив како закана од вирус". Нејзиниот совет за третман би се сменил, вели Лојд-Смит, ако станува збор за постара личност или некој со нарушен имунитет. „Едноставна и разумна претпазливост за храната која не треба да се лади е да ги оставиме на еден или повеќе дена непроменети пред да се отпакуваат“, додава таа. „Ваквата постапка значително ќе го намали количеството на можна контаминација“. Загриженоста за можното пренесување на вирусот преку разни површини се појави во март кога беше објавена студијата во списанието за медицина New England Journal of Medicine. „Студијата откри дека под одредени услови во лабораторија, кои се на некој начин вештачки, САРС-CoV-2 трае до три часа во аеросоли, до четири часа на бакар и до 24 часа на картон, и до два до три дена на пластика и нерѓосувачки челик “, вели Лојд-Смит. Експериментот не разгледувал други фактори кои можат да го убијат вирусот како сонцето или дезинфекциското средство, ниту пак ја утврдува промената на количината на вирусот со текот на времето, вели Лојд-Смит. Експертот за безбедност на храна на Државниот универзитет во Северна Каролина, Бенџамин Чепмен, предупредува дека температурата, влажноста и колку вируси имало на почетокот, играат голема улога. Количината на вирусот САРС-КоВ-2 се намалува релативно брзо во споредба со, на пример, норовирус кој опстојува со денови во доволна концентрација да зарази друго лице, тврди вирологот во универзитетската болница Вилијамс во Питсбург. „Студијата откри дека бројот на коронавирус се намалил сто пати на картонот за осум часа“, додава Вилијамс. „Ова значи дека 99,9 проценти од вирусот исчезнал по осум часа, а истото важи и за челик или пластика“. Ако сакате да се фокусирате на нешто што ќе направи клучна разлика, експертите советуваат дека поважно е фанатично да ги измиете или дезинфицирате рацете по секој можен контакт со коронавирусот. Меѓутоа, ако се плашите од ризикот од загадување на храна - тогаш дезинфицирајте ја амбалажата однадвор, додава Вилијамс. „Шансите да се добие вирус на тој начин се уште се многу, многу мали“, повторува Вилијамс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook