СветАмериканските компании донираат средства за настраданите од пожарите во КалифорнијаСредствата ќе бидат префрлени на локални организации кои им помагаат на погодените од шумските пожари.Филмската компанија „Волт Дизни“, соопшти дека ќе донира 15 милиони долари помош за настраданито од катастрафалните пожари во Лос Анџелес и за обнова на локалната инфраструктура, а за слична намена планирани се пет милиони долари од Националната фудбалска лига на САД (НФЛ). Еден милион долари вети и филмската компанија „Парамоунт“, јави синоќа „Лос Анџелес тајмс“. Средствата ќе бидат префрлени на локални организации кои им помагаат на погодените од шумските пожари како американскиот Црвен крст, Фондот за противпожарна заштита на Лос Анџелес и Регионалната банка за храна на Лос Анџелес. -Волт Дизни дојде во Лос Анџелес со својата неограничена фантазија и токму овде го основа својот дом, да ги следи своите соништа и да создава извонредни приказни кои значат многу за милиони луѓе низ светот. Горди сме што можеме да помогнеме на оваа издржлива и динамична заедница во овој тежок момент, се наведува во синоќешното соопштение од компанијата. Фондацијата за хуманитарни цели на НФЛ ќе ги додели средствата за поддршка на настраданите од пожарите. Тимовите Лос Анџелес Чарџерс, Лос Анџелес Ремс, Минесота Вајкингс и Хјустон Тексанс веќе уплатиле донации во фондот. На 30 јануари пак е планиран хуманитарен концерт „Фајраид“ (Fireaid), со цел да се соберат средства за надминување на штетите од пожарите. На концертот треба да настапат многу американски поп и рок ѕвезди. Како што јавуваат дел од американските медиуми, и покрај заканата од нови пожари многу жители започнале да се враќаат во своите населби иако огнот насекаде сè уште е присутен. „Оние што се вратија во уништените области плачеа или само стоеја, обидувајќи се да сфатат што се случило. Повеќето од нив носеа маски поради густиот чад. На местата каде што имаше куќи, згради и други градби останаа само урнатини. Редици со автомобили изгореле толку многу што се претворија во пепел, а стаклата исчезнаа, наведуваат медиумите. Како резултат на неколкуте пожари што неделава избувнаа во густо населена област лоцирана 40 километри северно од центарот на Лос Анџелес изгореа над 12.000 куќи и други објекти. Причината за пожарите сè уште не е утврдена. Според податоците од медицинската експертиза на округот Лос Анџелес, загинати се најмалку 11 лица. Властите вчера отворија центар каде луѓето можат да пријават исчезнати лица. Десетици илјади луѓе сè уште се евакуирани. Опожарените подрачја зафаќаат околу 145 квадратни километри. Во наредните денови се предвидува засилување на ветерот, што може да придонесе за ширење на пожарите./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter