Американските гимнастичарки бараат над милијарда долари отштета од ФБИ - Канал 5

Американските гимнастичарки бараат над милијарда долари отштета од ФБИ

Околу 90 американски спортистки, предводени од повеќекратната олимписка победничка Симон Билс, кои биле сексуално злоупотребувани од докторот на американскиот гимнастички тим Лари Насар, бараат отштета од ФБИ од над 1 милијарда долари.

Американските гимнастичарки бараат над милијарда долари отштета од ФБИ

Имено, агентите на ФБИ во 2015 година знаеле за обвинувањата за сексуална злоупотреба на гимнастичарките, но ништо не направиле. Американската федерација за гимнастика испратила пријава за сексуална злоупотреба на три спортистки до агентите во државата Мичиген, но тие не презеле никакви истражни дејствија, ниту ги известиле претставниците на федералната полиција.

Насар продолжил да ги злоупотребува своите жртви повеќе од една година, пред да биде уапсен во 2016 година по извештаите за злоупотреба на Универзитетот во Мичиген, каде што работел како лекар.

Во истрагата тој се изјаснил за виновен за сите кривични дела за кои се товари, а во 2018 година е осуден на казна затвор до 175 години за злоупотреба на млади гимнастичарки кои биле под негова заштита.

Барањето за компензација испратено од жртвите на Насар во постапката има многу добри шанси да се реализира или во форма на позитивна пресуда или во вонсудско спогодување. Имено, дури и директорот на ФБИ, Кристофер Вреј минатата година во Конгресот зборувал за овој случај и признал дека федералната полиција можела да дејствува и да го запре Насар во 2015 година, но не го сторила тоа.

Според федералниот закон, владините агенции мора да одговорат на барањата за отштета во рок од шест месеци. Ако тоа не се случи, случајот ќе заврши на суд. „Време е ФБИ да одговара“, изјави поранешната американска државна шампионка во гимнастика, Меги Николс.

Покрај неа и Симон Билс, меѓу гимнастичарките кои бараат парична отштета се и златните олимписки медалисти Али Рајсман и Мекејла Марони.

Билс и Марони минатиот септември сведочеле пред комисијата на Сенатот за долгогодишното сексуално злоставување што се случило под надзор на Насар. За време на сослушувањето, гимнастичарките го критикувале ФБИ за лошо спроведената истрага, а Билс ја обвини агенцијата дека намерно ги игнорирала жртвите на Насар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството.

-Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето.

Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец.

Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето.

Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец.

Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош.

Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи.

Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер