Американските десничари со алтернативно шоу за полувремето на Супер боул - Канал 5

Американските десничари со алтернативно шоу за полувремето на Супер боул

„Настанот, со наслов „Д ол‑Американ халфтајм шоу“ („The All-American Halftime Show“), има цел да ги промовира американската вера, семејството и слободата“, соопшти организацијата основана од покојниот конзервативен активист Чарли Кирк.

Американските десничари со алтернативно шоу за полувремето на Супер боул

„Конзервативната организација „Трнинг поинт САД“ (Turning Point USA) најави организирање алтернативно музичко шоу за време на полувремето на Супер боул, кое ќе се пренесува во живо оваа недела за време на финалето на НФЛ-сезоната“, објави „Д хил“ (The Hill).

„Настанот, со наслов „Д ол‑Американ халфтајм шоу“ („The All-American Halftime Show“), има цел да ги промовира американската вера, семејството и слободата“, соопшти организацијата основана од покојниот конзервативен активист Чарли Кирк, а денес предводена од неговата вдовица Ерика Кирк. На настанот ќе учествуваат Кид Рок, кантри-ѕвездата Брантли Гилберт, пејачот Ли Брајс и младата кантри-пејачка Габи Барет.

Настанот ќе се пренесува во живо в недела од 20 часот на јутјуб-каналот на „Трнинг поинт САД“, како и на нивните профили на платформите „Икс“ и „Рамбл“.

- На овој настан гледаме како на Давид против Голијат. Да се натпреваруваме со професионалниот фудбал и светска поп-суперѕвезда е речиси невозможно, а можеби и не - изјави Кид Рок. Тој додаде дека нивната цел е да изведуваат музика „за луѓето што ја сакаат Америка“.

Музичкиот настан доаѓа како реакција на изборот на порториканската поп-ѕвезда Бед Бани за официјалниот настап на полувремето на Супер боул ЛX (LX), организиран од НФЛ во соработка со „Епл мјузик“ и „Рок нејшн“. Неговиот избор предизвика критики во конзервативните кругови поради неговите политички ставови и јавни изјави поврзани со имиграцијата, како и поради неговиот уметнички пристап кон прашањата за родот и културната различност. Настапот се очекува да го следи телевизиска публика од над 120 милиони гледачи во светот. Финалниот натпревар ќе се одржи во Сан Франциско, каде што ќе се сретнат екипите на Сијетл Сихокс и Њу Ингланд Петриотс (Seattle Seahawks и New England Patriots).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство

Историска победа за крајната десница во Германија. 

Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство

Алтернатива за Германија убедливо победи на покраинските избори во источногерманската покрајна Саксонија-Анхалт, но остана на само три пратенички места од самостојно мнозинство. АфД освои 43,8 проценти од гласовите и 39 од вкупно 83 места во парламентот во Магдебург повеќе од двојно од резултатот на изборите во 2021 година.

АфД – 43,8% │ 39 места

ЦДУ – 17,2% │ 15 места

СПД – 9,3% │ 8 места

ЗЕЛЕНИ – 8,9% │ 8 места

ЛЕВИЦА – 8,6% │ 8 места

БСЊ – 5,3% │ 5 места

МНОЗИНСТВО – 42 МЕСТА

АфД – НЕДОСТИГААТ 3 МАНДАТИ

За мнозинство се потребни 42 пратеници. Иако АфД остана под таа граница, нејзиниот покраински лидер Улрих Зигмунд го оцени резултатот како јасен мандат за формирање влада и веќе се гледа себеси како иден премиер на Саксонија-Анхалт.

-Овие историски избори не се единствено важни за Саксонија-Анхал, како што напомена Алис, битни се за цела Германија. Затоа сега овој моментум сакам да го искористам да испратам политичка порака до Берлин. Работите ќе се менуваат, тоа е реалноста не само за Саксонија-Анхалт, туку работите од овој успех ќе се менуваат и на федерално ниво – порача тој.

Луѓето многу јасно покажаа дека конечно сакаат политички промени“, истакна претседателката на АфД на сојузно ниво, Алис Вајдел.

-Со освоени 44 проценти од гласовите за АФД наспроти 17 проценти освоени на ЦДУ, можам да кажам дека партијата ЦДУ доживеа изборен дебакал. Резултат кој ќе се одрази и на федерално ниво – изјави таа.

АфД, уште еднаш предупреди дека нема да се откаже од своите клучни програмски позиции. Партија е за драстично ограничување на имиграцијата и построг азил, обновување на односите со Русија и запирање на помошта за Украина. АфД е и за радикална реформа на ЕУ па дури и напуштање на Германија од Унијата.

Но, изборната победа не значи автоматски и власт. Сите големи партии досега одбиваат коалиција со АфД.

Сепак, изборниот земјотрес во Саксонија-Анхалт силно одекна и во Берлин. ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц падна на историски ниски 17,2 проценти, додека АфД првпат е толку блиску до преземање на извршната власт во една германска покраина. Клучното прашање е дали овој успех ќе остане регионален или ќе прерасне во уште посилен подем на сојузно ниво и закана за канцеларската функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Угинати се околу 10.000 овци, потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците

Сипаниците кај овците се проширија на 64 потврдени жаришта.

Угинати се околу 10.000 овци, потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците

Досега се евидентирани околу 10.000 угинати овци, најголем дел во источниот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој седми вработен во Македонија работи неформално, над 100 илјади лица без формален работен однос

Над 100 илјади луѓе во Македонија работат – а формално ги нема бидејќи, работат во нерегистрирани бизниси или се дел од неплатена семејна работа.

Секој седми вработен во Македонија работи неформално, над 100 илјади лица без формален работен однос

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека 101.022 лица се неформално вработени. Тоа е секој седми вработен во земјава или 14,3 проценти од вкупно вработените. Најмногу ги има таму каде што работата е сезонска и најчесто тешко се контролира. Половина од неформалното вработување е во Земјоделство каде се регистрирани 51.487 лица. Следува градежништвото со 17,2 проценти. Заедно, овие две дејности сочинуваат повеќе од две третини од неформалната вработеност. Токму за намалување на овие бројки од нова година почна примената и можноста да се легализираат сезонските вработувања во земјдоелството преку компјутер од дома без тие да го изгубат социјалното, пензиите или било кој друг статус.

Дека проблемот е голем најдобро се гледа преку споредбата колку луѓе официјално бараат работа и колку има неформалсно вработени. Според официјалните бројки во вториот квартал има 90.020 невработени – околу 11 илјади помалку од неформално вработените. За само три месеци бројот на неформално вработените е зголемен за нови 6825 лица што е раст од 7,2%. Сезоната можеби ја поместува статистиката од квартал во квартал но бројката останува. 101 илјада луѓе работат само што не се дел од формалниот пазар на труд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер