Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој - Канал 5

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој што требаше да трае осум дена.

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој

Санита - Сани Вилијамс и Бери - Буч Вилмор официјално се дома. Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата, сношти - на 18 март, по продолжениот деветмесечен престој во Вселената. Нивното патување назад доаѓа откако заедничка екипа на НАСА и „Спејс-Икс“ однесе четворица нови астронаути - две жени од Соединетите Американски Држави, и по еден космонаут од Јапонија и Русија, на Меѓународната вселенска станица на 16 март, за да ги заменат двајцата што заминуваа.

Сани (59) и Буч (62) се качија на капсулата „Драгон“ (Dragon), и ракетата „Кру-10“ (Crew Dragon) на „Спејс-Икс“ (SpaceX), заедно со другиот астронаут на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, и слетаа во водата близу брегот на Флорида, по нивното 17-часовно патување.

Вилмор и Вилијамс отидоа на МВС лани во јуни - како прв екипаж на вселенското летало „Боинг старлајнер“, и како дел од првично предвидената осумдневна пробна мисија. Но, поради технички проблеми со нивното вселенско летало, нивната мисија на МВС беше продолжена и тие останаа таму девет месеци. Следат медицински прегледи пред на вратените космонаути да им биде дозволено да се вратат и кај своите семејства.

Во мигов, на МВС се на должност Американецот Дон Петит, Русите Алексеј Овчанин и Иван Вагнер, како и новодојдените со „Кру-10“ - Ен Мекклејн, Никол Ејерс, Кирил Песков и Такуја Ониши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни

Состојбата со пожарите се смирува , утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни, 3 се под кобнтрола , а 18 се изгаснати. 

Состојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни

Активен е пожарот во општина Студеничани каде гори шума, во општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во општина Велес и Зелениково и во Јегуновце и Сарај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

 „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.

Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и емотивна драма потсети на важноста на зачувувањето на автентичноста и искреноста и собра громогласни аплаузи како награда од публиката за двочасовната маестрална актерска игра.

„Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

Според романот „Уна“ на Капор е направен филм во осумдесеттите години на минатиот век, но никогаш досега не е работена театарска претстава, што за големиот македонски режисер Дејан Пројковски, како што вели самиот тој, било голем предизвик.

-Претставата зборува за борба на човекот и подготвеноста да ја плати цената за да се избори за личната слобода и од друга страна, љубовта како една голема и вечна тема, љубовта која што живее во овие општествени и морални рамки, но всушност во тие рамки го бара својот бескрај и своето небо, љубовта којашто за двајцата, за Мишел и за Уна, е како едно патување низ нивните души. Всушност, тие се обидуваат космосот или сопствениот бескрај да го пронајдат некаде длабоко во себе. Претставата на крајот завршува со познатите стихови од романот што останува после љубовта. Тоа е се темите, борбата на индивидуалецот и љубовта помеѓу две човечки суштества кои не одговараат по сижеата на сите светски љубовни приказни, вели режисерот Пројковски кој со години бележи успеси како на домашната, така и на меѓународната театарска сцена.

Целата претстава се одвиваше во една трагикомична линија како што всушност е и човечкиот живот. Никола Ристановски, кој го играше главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, уште еднаш потврди дека е суверен на сцената, играјќи со длабока, сугестивна и прецизна сценска игра. Во актерската екипа беа и Магдалена Мијатовиќ во улога на студентката Уна, Сена Ќоровиќ како Олга,-сопругата на професорот Бабиќ и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ.

Сценографијата на Валентин Светозарев беше посебно интересна, динамична и во склад со промените на тематскиот фокус. Музиката на Горан Трајковски автентично ја долови атмосферата на љубовната и политичката опиеност, а костимите на Ивана Ристиќ беа соодветни за реалистичната поставка на ликовите.

„Звездара“ е еден од најреномираните и најкултни театари од поранешните ју-простори, основан во 1984 година, чиј основач, но и директор од 1998 година до денес е големиот драмски писател Душан Ковачевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер