Американскиот Сенат забрани увоз од кинеската провинција Ксинџијанг

Американскиот Сенат усвои закон, со кој се забранува увоз на производи од кинескиот регион Ксинџијанг, што е последен обид на Вашингтон да го казни Пекинг за, како што тврдат САД, геноцид врз Ујгурите и другите муслимански групи.

Предлог-законот исто така мора да биде усвоен од Претставничкиот дом пред да може да биде испратен во Белата куќа на потпис од претседателот Џо Бајден.

Засега е непознато кога ова може да се случи. Републиканскиот сенатор Марко Рубио ја повика Белата куќа на брза акција.

– Нема да ги затвориме очите пред злосторствата на Комунистичката партија на Кина против човештвото и нема да дозволиме корпорациите да профитираат од овие ужасни злоупотреби, истакна Рубио.

Демократите и републиканците очекуваат законот да добие силна поддршка во Белата куќа, бидејќи слична мерка беше речиси едногласно одобрена минатата година.

Групи за заштита на човековите права, истражувачи и одредени западни официјални лица тврдат дека властите во Ксинџијанг од 2016 година присилуваат околу еден милион Ујгури и припадници на други, пред се, муслимански малцинства, на принудна работа.

Мерчан нема милост: Трамп е казнет со 9.000 долари за непочитување на судот (ВИДЕО)

Судијата Хуан Мерчан изјави дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е казнет со 9.000 долари поради прекршување на забраната за коментирање на сведоците.

Обвинителите го обвинија поранешниот претседател дека постојано ја прекршувал наредбата да не ги коментира сведоците, барајќи од судијата да го казни со 1.000 долари по коментар, објави Гардијан.

Според судскиот налог, Трамп не може да дава, или да наложува други да даваат, јавни изјави за сведоци поврзани со нивната улога во истрагата и судењето, пред обвинителите, освен окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег и членовите на судскиот персонал или персоналот на окружниот обвинител.

Трамп може слободно да го критикува Мерчан, иако тоа веројатно нема да му се допадне на судијата, кој ќе одлучи за неговата казна доколку поротата го прогласи за виновен.

Пред судењето, Мерчан ја прошири забраната за коментари за да ги „покрие“ неговите и семејствата на Брег, откако Трамп објави објава за неговата ќерка, која работеше за компанија која им помагаше на демократските кандидати во дигиталните кампањи.

Сергеј Трифуновиќ се огласи прв пат по апсењето: Сега сум сосема друга личност

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ за првпат проговори откако на 18 април околу 20 часот беше уапсен на Вождовац во Белград.

Тој бил ослободен на 20 април, по сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград, кога му беше укинат притворот, објави Телеграф.

- Дури денес ми го вратија телефонот. Беше на вештачење кај надлежните, за да ги разоткрие другите членови на мојот нарко картел - почна Сергеј.

- Имам 6.000 пропуштени повици и пораки и би сакал да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката, поединечно тоа би траело со денови. Важно е да знаете дека правда постои во Србија и дека властите си ја вршат својата работа. И сега сум сосема друга личност. Преедуциран. Подобар. Спортист. Сите на избори - порача Трифуновиќ.

Сергеј, да потсетиме, бил приведен поради неколку грама недозволена дрога, што ја имал со себе при претрес.

Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“

„Ова зад мене е Спомен-костурницата, симбол на прогресивното и мултикултурно Куманово, темелот на АСНОМ-ска Македонија.“

„Градот кој во 2015 година го потресе трагедија која беше одраз на еден режим кој сакаше да ја скрши Македонија. Сеќавањата сè уште остро нè потсетуваат и опоменуваат на тие мрачни времиња кога ВМРО-ДПМНЕ ја држеше заробена државата во мрак исполнет со стравови“, вели во видео обраќање од Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој нагласува дека СДСМ седум години градеше општество на соживот, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, притоа предупредувајќи дека „наследниците на режимот бараат повторно да се издигнат од пепелта, нивната шовинистичка политика повторно надвиснува над Македонија“.

Битиќи предупредува дека со ВМРО-ДПМНЕ и неговиот национализам постои опасност државата да се врати во периодот кога имаше поделби на етничка и религиозна основа.

„Со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот национализам може само да се вратиме во времето кога вештачки се обидуваа да креираат поделби и раздори на етничка и религиозна основа. На овие парламентарни избори, секој глас за нив, е глас за времињата налик на тие од 11 години режим. Но наспроти нив, стоиме ние, СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, со кои, патриотски, а не националистички, ќе одиме кон повисоки плати, повисоки пензии и пред сè, кон Едно општество за сите“, вели Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер