ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
2ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
3Вуди Харелсон откри дека неговиот татко бил интимен со мајката на Метју Меконахи- можеби се браќа?! (ВИДЕО)
МакедонијаАмериканскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против ИранАмериканскиот Сенат денеска ќе гласа за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да започне конфликт со Иран.Американскиот Сенат денеска ќе гласа за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да започне конфликт со Иран, објавија американските медиуми, изнесувајќи ја проценка дека ова е првпат дел од Конгресот формално да го разгледа правото на воена акција во овој конфликт. Резолуцијата за воените овластувања им дава право на законодавците да бараат одобрение пред да продолжување на воената акција. Сличен закон се разгледува и во Претставничкиот дом, но двата предлога имаат мали шанси да поминат низ републиканскиот Конгрес и Трамп веројатно би ги отфрлил и доколку бидат е усвоени, истакнуваат американските медиуми. Гласањата е означено како клучен момент за законодавците, бидејќи одлуките за петдневниот конфликт - во кој Трамп влезе без одобрение од Конгресот - би можеле да ја одредат судбината на американските трупи, регионалната стабилност и животите на илјадници цивили. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, предупреди дека „војните без јасни цели не остануваат мали“ и оцени дека овој конфликт е „војна по избор“. Претставници на администрацијата на Трамп се обидуваат да ги уверат законодавците дека ситуацијата е под контрола, истакнуваат американските медиуми. Речиси сите републикански сенатори планираат да гласаат против резолуцијата, додека некои сè уште се „двоумат“ околу евентуалното распоредување на копнени трупи во Иран. Лидерите на Претставничкиот дом се подготвуваат за интензивна дебата и гласање утре, објавија американските медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болницаЗдравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори.Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа установа. Процесот ќе продолжи и во наредните месеци. Во септември се очекуваат уште 22 специјализанти, а потоа ќе продолжат постапките за 12 помошни медицински сестри и 25 административни работници, односно вкупно уште 59 нови вработувања. Покрај зајакнувањето на кадарот, Одделот за урологија е реновиран и опремен со нова медицинска опрема, додека Кардиологијата е преместена во посоодветни простории, со што се подобруваат условите за пациентите и персоналот. Клиничката болница во Тетово им служи на повеќе од 250 илјади жители на Полошкиот регион. За ВЛЕН, зајакнувањето на човечките капацитети, подобрувањето на условите и обезбедувањето поквалитетни здравствени услуги се дел од заложбите за пофункционален здравствен систем, поблизок до граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана.Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем. Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа. Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИбрахимовиќ прави акробации на море, се спореди со „Аквамен“ (ВИДЕО)Златан Ибрахимовиќ сподели видео од морски акробации во кои изведува акробации на флајборд, уред кој користи моќни водни млазови за да „лета“ над површината на морето.Видеото го прикажува 44-годишниот Ибрахимовиќ како „лебди“ неколку метри над водата додека е држен во воздух од моќни млазови. Контролирањето на таков уред бара добра рамнотежа и контрола на телото, а поранешниот фудбалер покажа дека е сè уште во одлична физичка форма. Во еден момент, тој нурна со главата напред во водата од флајбордот и накратко исчезна под површината. Не долго потоа, повторно се искачи во воздух, ги рашири рацете и позираше пред камерата. View this post on Instagram A post shared by Zlatan Ibrahimović (@zlatan) Се спореди со Аквамен Не му требаа многу зборови за да го опише снимката. Ибрахимовиќ накратко го напиша „Аквамен“ и на тој начин се спореди со познатиот суперхерој од светот на DC Comics кој е поврзан со океаните. Неговата објава брзо го привлече вниманието на следбениците, а многумина се потсмеваа на неговата позната самодоверба. „Аквамен ги добил своите моќи од Златан“, „Златан не се плаши од океанот, океанот се плаши од него“, „Злаквамен“ и „Само Златан може да го направи ова“ се некои од пораките што ги оставиле неговите следбеници.Тагови: Златан Ибрахимовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16