Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
3МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
СветАмериканскиот претставник Виткоф започна нови разговори со Путин во МоскваРускиот претседател Владимир Путин денеска го прими специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, изјави портпаролот на Кремљ за новинарите, на нивната четврта средба од почетокот на годината.Ова е втора средба меѓу Путин и Виткоф во последните две недели и четврта од почетокот на годината. Последниот се одржа во Санкт Петербург на 11 април и траеше повеќе од четири часа, а на дневен ред беше Украина. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков објасни дека проблемот има многу аспекти, додавајќи дека „суштината е многу сложена, па затоа разговорите обично се доста долги“. Кремљ ги нарече контактите со Виткоф исклучително корисни и истакна дека тоа е многу добар, сигурен канал за комуникација на ставовите меѓу Путин и Трамп. Пред да замине на средбата со Путин, Виткоф се сретна со шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, претходно денеска. Британската Би-Би-Си (BBC) исто така известува за средбата меѓу Виткоф и Путин, четврта од почетокот на годината, а секоја средба се одржала во Русија зад затворени врати и без присуство на медиумите. Авионот на Виткоф слета на аеродромот Внуково во Москва утрово, а се очекува Путин да ги продолжи мировните преговори за Украина со Виткоф. Првата средба меѓу Виткоф и Путин се одржа на 11 февруари, кога Виткоф ненајавено дојде во Москва за да се сретне со Путин во врска со ослободувањето на затворениот американски професор Марк Фогел. Во тоа време не беше објавено дека Украина била тема на разговор и Виткоф се вратил во САД со Фогел следниот ден, додаде Би-Би-Си. По американско-украинските разговори во Џеда на 13 март во врска со 30-дневниот прекин на огнот, Виткоф отпатува во Москва за да му го презентира предлогот на Путин. „Средбата беше исклучително продуктивна“, рече Кирил Дмитриев, раководител на рускиот суверен фонд за богатство, во тоа време. Потоа, на 11 април, Виткоф и Путин разговараа речиси пет часа во Санкт Петербург. Според Кремљ, во разговорите учествувал и помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат значителен напредок во мировните преговори и дека наредните денови ќе бидат важни. „Мислам дека сме многу блиску“, рече Трамп вчера, според Би-Би-Си. /МИАТагови: Виткоф путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 13. октомври 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 13. октомври 2026 година.Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Сафет Бишевац и Љупчо Зиков во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Сафет Бишевац и Љупчо ЗиковКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНе можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.Не постои волшебно стапче, но овие избори можат да бидат клучни, велат експертите од клиниката „Џонс Хопкинс“.Не можете да се ослободите од салото на стомакот правејќи стомачни вежби или консумирајќи некоја намирница. Со намалување на обемот на масното ткиво, обично се намалува обемот на струкот. Еве кои навики треба да ги усвоите за тој процес да биде одржлив и долгорочен, според стручните лица од клиниката „Џонс Хопкинс“. Промените почнуваат од секојдневните избори Наместо потполно да ги исфрлите јаглехидратите, поважно е да изберете поквалитетни. ДАјте им предност на намирниците богати со растителни влакна, а рафинираните јаглехидрати и производи со додаден шеќер јадете ги ретко. Не потпирајте се на строги и краткотрајни диети. Покорисно е да најдете начин на исхрана до кој ќе се придржувате со месеци и години. Внесете повеќе зеленчук на менито, мешунки, квалитетен извод на протеини и други минимално преработени намирници. Движењето исто така е важно. Редовна умерена до интензивна физичка активност може да придонесе во намалување на абдоменалната маснотија. Со аеробни вежби, како што се брзото одење, возење велосипед или пливање, како и вклучување на тренинг за сила, може да ја сочувате и да изградите мускулна маса. Напредокот не се мери само со килограми Навика што често ја пропуштаме е читањето декларации. Производите што делуваат „лесно“, или немасно, може да содржат доста шеќер, додека преливите, сосовите и мајонезите лесно го зголемуваат внесувањето калории. Затоа погледнете го составот пред да го купите производот. Ограничете ги преработените производи, особено грицките, слатките и засладените пијалаци. На крај, не дозволувајте вагата да биде единствено мерило за успехот. Ако истовремено губите масти, добивате мускулна маса, па килограмите не паѓаат лесно. Она на што треба да обрнете внимание е обемот на струкот и начинот на кој ви прилега облеката. Многу е полесно да истраете кога имате поддршка. Заедничка прошетка, тренинг или подготовка на поздрав оброк со партнерот, пријателите или семејството може новите навики да ги претвори во дел од секојдневната рутина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook