Американскиот носач на авиони „Хари Труман“ пристигнува во Сплит - Канал 5

Американскиот носач на авиони „Хари Труман“ пристигнува во Сплит

Американскиот носач на авиони УСС Хари С. Труман и норвешката фрегата Фритјоф Нансен утре ќе се закотват пред Сплит, соопшти американската амбасада во Хрватска.

Американскиот носач на авиони „Хари Труман“ пристигнува во Сплит

Амбасадата соопштила дека тоа е „рутинска посета“ за зајакнување на одбранбените партнерства меѓу Соединетите држави и клучните сојузници и партнери ширум светот, овозможувајќи им на морнарите да искусат други култури и да се одморат од напорната работа.

„Ова е возбудлива можност за екипажот на Хари Труман и Фритјоф Нансен да го запознаат хрватскиот народ и да ја запознаат хрватската историја и пејзаж“, рече вицеадмиралот Курт Реншо, командант на Групата 8, чиј главен брод е Хари С. Труман. .

„Неодамна учествувавме на воената вежба Нептун Страјк 22 со Хрватска, нашиот сојузник во НАТО, и со нетрпение очекуваме да поминеме некое време на брегот со нашите домаќини“, додаде тој.

„Посетата на Сплит ќе биде можност нашите морнари да го искусат она што Хрватска го нуди и ќе ги зајакне односите со хрватските граѓани. Покрај тоа, нашите морнари ќе имаат можност да учествуваат на настан организиран во сплитскиот Маестрален дом за деца без родители, но и на посета на различни природни убавини во организирани тури“, се вели во соопштението на американската амбасада.

„Посетата на Сплит ќе биде уште една единствена можност да ги наградиме нашите морнари со излез, а во исто време да ја докажеме нашата посветеност кон американските партнери и сојузници во Јадранот“, изјави капетанот Гевин Даф, командант на американскиот носач на авиони, објави хрватски Индекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. 

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата..

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата.

-Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил  управуван од 70-годишна жена

Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје.

„Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами.

Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.

Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер