Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето - Канал 5

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, кој е стациониран во Пацификот, се упатил кон Блискиот Исток по извештаите за проблеми на носачот „Абрахам Линколн“.

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето

Ова се случува во период кога се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на носачот „Линколн“, кој веќе подолг период е на Блискиот Исток како дел од американските воени операции поврзани со војната со иран. Носачот има поминато повеќе од 240 дена непрекинато на море, што е рекорд.

Претходно оваа недела се појавија наводи дека некои морнари имале самоубиствени мисли и се обиделе да скокнат од бродот. Според весникот, причината е продолжувањето на мисијата, која требаше да заврши во мај, но била продолжена без утврден датум за нејзино завршување.

„Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил пристаништето во Дананг, Виетнам, соопшти американската морнарица. Носачот, заедно со крстосувач и со разурнувач, потоа бил забележан како минува низ Сингапурскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар

Со растот на водзушниот сообракај и се поголемиот број летови над македонското небо, М-НАВ го надградува системот клучен за управувањето со воздушниот сообраќај. 

Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар

Од денеска во фунција е новиот АТМ систем, кој според директорот на М-НАВ Владимир Ристески треба да донесе поголема автоматизација, подобра презентација на податоците и нови современи алатки за контролорите. Очекувањата се надградениот систем да го намали оперативното оптоварување и да се овозможи поголем број на воздушни операции без компромис во безбедноста.

-Една од најважните придобивки од новиот систем е што неговите современи функционалности овозможуваат намалување на оперативното оптоварување на контролорите на летање, т.е. таканаречениот workload на контролорите на летање. Тоа директно влијае врз зголемување на капацитетите на македонскиот воздушен простор, односно врз бројот на воздухоплови кои нашата контрола на летање може безбедно да ги прифати и опслужи во одреден временски период,- Владимир Ристески – директор на М-НАВ.

Модернизацијата на М-НАВ, како што посочи Ристески, ќе продолжи и во наредниот период. Планирани се нови системи и за полетно-слетните операции, нови ВОР-навигациски уреди, како и нов систем за побрза размена на воздухопловни пораки со соседните контроли на летање. До октомври се очекува да биде ставен во фукција и новиот радар на скопската контролна кула, кој моментално е во фаза на тестирање. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се осврна на историјата на набавка на АТМ системот и на радарот, посочувајки дека процесот бил заглавен со години од страна на претходното раководство.

-Набавката е започната уште во 2014-та година, а договорот е склучен во 2018-та година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018-та до 2024-та година нема никакви активности, со тоа се позанимаваа истражните органи во изминатиот период. Слична е и судбината со радарот. Имено, радарот првпат договорот е потпишан во 2022-рата година, но до 2024-тата година нема никакви активности. Во 2025-тата година новото раководство на М-НАВ започна со активности, градежни активности и сите потребни останати активности за целосна инсталација на новиот радар,- Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт.

Во првите шест месеци годинава, како што посочи Николоски, низ македонскиот воздушен простор поминале 173 илјади воздухоплови, од кои 42 илјади биле само во месец јули. Во споредба со истиот период лани, бројот е зголемен за 12,2%.

Во однос на позајмицата од 7 милиони евра која М-НАВ ја дало на Јавното претпријатие за државни патишта, Николоски посочи дека станува збор за редовна финансиска операција меѓу јавни претпријатија и дека средствата биле вратени вчера, иако рокот за позајмицата бил до октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски.

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски на синоќешната панел дискусија што ја организираше ДУИ по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Бучковски со отворен и директен говор изјави дека огромно е значењето на овој договор за македонската демократија и патот до Брисел, но Македонија тогаш според него била спасена од поделба со максималната ангажираност на меѓународната заедница. Лидерот на ДУИ, Ахмети му одговори дека ја сака Македонија исто колку што ја сакаат и Црвенковски и Мицкоски, а во своето обраќање порача и дека секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор, изјави Ахмети.

-Вклучувањето на меѓународната заедница, срамежливо покажувањето на првиот предлог на Фровик дека ќе дојде до разоружување, дека потоа треба да има еден сериозен политички процес беше воден од меѓународната заедница на начин кој го приближуваше и Али Ахмети од терорист, екстремист, водач на паравоената ОНА, да се трансформира во лидер на политичка партија, ценејќи го расположението на албанскиот етникум во тој момент...Не беше на почетокот отворен воениот конфликт само за правата на Албанците. Тлееше веројатно, затоа сме разговарале и со г-динот Ахмети, тенденцијата беше дека треба да се освои територија и да се направи обид да се подели Македонија, изјави Бучковски.

-Ја сакам Македонија, господине Бучковски, колку што ја сакате и вие, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски, затоа, подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност…Кога станува збор за прашањето на поделба, да, јас го имав проектот за поделба г-дине Бучковски и го имав одобрено од највисоките власти, но не го прифатив, бидејќи Албанците од Скопје немаше да бидат со мене. Јас ќе бев во Албанија, но Скопје, Куманово, Струга, Кичево, Прилеп, Велес, сите тие би биле надвор од границите на Албанија, изјави Ахмети.

Паралелно со настанот на ДУИ, течешеи владиниот настан по повод јубилејот кај Камениот мост во Скопје. Оттаму првиот вицепремиер Беким Сали и министерот за транспорт Александар Николовски испратија пораки дека Охридскиот договор треба да биде пример за градење доверба и соживот кој треба да го чуваат и негуваат идните генерации.

Годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше одбележана и со свечена седница во Владата, а ден претходно министерството за односи меѓу заедниците организираше и панел дискусија со политичари, експерти, новинари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Драчево е најголемото жариште на епидемијата со „западен нил“, барем според досегашните потврдени случаи. 

Вечерва трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Најголема загриженост предизвикуваат токму застоените води кои можат да се забележат на јавните површини тука, токму како што е случајот со овој канал. Тука, има соодветни услови за размножување на комарците кои го пренесуваат вирусот.

На состојбата влијае и близината на Маркова река која на делови им нуди слични услови на инсектите, исто како и длабоките одводни канали околу населбата.

Жителите на Драчево велат дека и покрај прскањето комарци има. Дел стравуваат и за своето, но повеќе за здравјето на децата, бидејќи знаат за нивните сограѓани кои поради тешка форма на болеста завршија во болница.

Дел од граѓаните сметаат дека неоходни се дополнителни мерки за да ги заштитат граѓаните во поризичните области.

Во Драчево повторно ќе се прска од копно, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Од Општина Кисела вода велат дека третото прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот вечерва, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци, а препораката до граѓаните е во овој период да ги затворат вратите и прозорците од своите домови.

Во меѓувреме, од Инфективната клиника за Канал 5 потврдуваат дека има нови пациенти со воспаление на мозокот и мозочните обвивки кои се примени во болница, дел не се од Скопје, но кај нив се уште не е потврден вирусот, па засега остануваат триесетина кај кои со тестови е детектиран „западен нил“. Од нив 20 се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба, на респиратор, сите се повозрасни, со хронични болести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер