Американскиот лендер „засекогаш се исклучи“ по историското слетување на Месечината

Американскиот лендер без посада кој стана првото приватно вселенско летало на Месечината „засекогаш се исклучи“, соопшти компанијата што го изгради.

Intuitive Machines со седиште во Хјустон викендов соопшти дека вселенското летало, наречено Одисеј, не се пријавило дома минатата недела кога се предвидувало дека неговите соларни панели ќе добијат доволно сончева светлина за да го вклучат радиото.

Лендерот се спушти на Месечината под нестабилен агол на 22 февруари, но сепак успеа да заврши неколку тестови и да испрати фотографии пред да заврши неговата мисија една недела подоцна, затоа што влезе во повеќенеделна лунарна ноќ.

Intuitive Machines се надеваше дека лендерот ќе може да се „разбуди“ кога повторно ќе добие сончевата светлина, како јапонскиот вселенски брод SLIM минатиот месец, незгодно слета. Компанијата соопшти дека по неколкудневно чекање, операторите потврдија дека енергетскиот систем на лендерот, наречен Оди, „нема да оствари уште еден повик дома“.

„Ова потврдува дека Оди засекогаш се исклучи откако го зацементира своето наследство во историјата како прв комерцијален лунарен лендер што слета на Месечината“, се вели во извештајот.

Мисијата беше поздравена како успешна од Intuitive Machines и НАСА, иако наиде на голем број проблеми на патот.

Тоа, исто така, беше првото слетување на Месечината од американско вселенско летало од мисијата Аполо 17 со екипаж во 1972 година.

НАСА планира да врати астронаути на Месечината кон крајот на оваа деценија. На Intuitive Machines му плати околу 120 милиони долари за оваа мисија како дел од иницијативата за делегирање на товарни мисии на приватниот сектор и зајакнување на лунарната економија.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

притисни ентер