Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
2Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
3Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
ЗабаваАмериканскиот „Господин Совршен“ призна дека е геј (ВИДЕО)Колтон Андервуд, американска ријалити ѕвезда и поранешен фудбалер, кој ја стекнал својата најголема популарност кога се појави како г-дин Совршен во 14-тата сезона на американската верзија на шоуто, ја откри својата долго чувана тајна.„Оваа година беше луда за многу луѓе и веројатно ги натера повеќето луѓе да се погледнат во огледало и да сфатат кои се тие и од што бегаат толку долго“, рече тој. "Долго бегав од себе, долго се мразев. Јас сум хомосексуалец и конечно се помирив на почетокот на оваа година. Сè уште се навикнувам". "Порано одбивав да го признаам тоа и мислев дека повеќе сакам да умрам отколку да излезам пред јавноста. Дојдов од семејство што спортува и за тоа не требаше да се зборува. Се борев со својата сексуалност во мојата младост, но не разговарав за тоа со моите родители и сè чував во себе “, рече тој за емисијата „Добро утро Америка“. JUST IN: Former “Bachelor” star @Colton Underwood speaks his truth and comes out to @robinroberts: “I’m gay. And I came to terms with that earlier this year and have been processing it… I’m the happiest and healthiest I’ve ever been in my life.” https://t.co/PoYJUAPBpA pic.twitter.com/isP7SptUu7 — Good Morning America (@GMA) April 14, 2021 "Бев капитен на фудбалскиот тим и се очекуваше да имам многу девојки и да се опивам, но не направив ништо од тоа. Не сакав да имам секс со девојки, па луѓето почнаа да зборуваат и јас започнав прашувајќи се дали можеби биле во право “. За неговата сексуалност се зборувало и додека се емитувало ралното шоу „Господин Совршен“, а потоа тој во емисијата призна дека сè уште е девица до тој момент. "Сега конечно можам да го живеам животот во целост. Сега сум посреќен и поздрав отколку што сум бил", заклучи тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЕвропаВидео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари. Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра. W Polsce ukarano niemieckich turystów za fotografowanie granicy z obwodem kaliningradzkim Dwóch obywateli Niemiec wjechało rowerami do zamkniętej strefy przygranicznej, ignorując znak drogowy, ponieważ chcieli z bliska zobaczyć zewnętrzną granicę Unii Europejskiej. Dodatkowo… pic.twitter.com/P1cn6tAp7s — NEXTA Polska (@nexta_polska) August 6, 2026 Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија. На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат. Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането. Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГрузија во мрак: Третпат за две неделиВо вечерните часови во средата, Грузија повторно се соочи со прекин на електричната енергија на национално ниво – трет таков инцидент во последните две недели. Весникот „Цивил“ (Civil) објави дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато околу 20:10 часот, што довело до застој во работата на метрото во Тбилиси, додека граѓани од целата земја известувале за прекинот на социјалните мрежи. Снабдувањето со електрична енергија почнало постепено да се обновува околу 21:00 часот. Гиорги Пангани, член на Грузиската национална регулаторна комисија за енергетика и водоснабдување (GNERC), изјави дека прекинот настанал за време на „планирано тестирање“ спроведено од „Грузискиот државен електросистем“ (GSE) – оператор и сопственик на главната преносна мрежа во земјата. Според него, тестирањето се одвивало во хидроелектраната „Енгури“ – најголемиот производител на електрична енергија во Грузија – и го опфаќало делот од системот што ја снабдува окупираната област Абхазија. Од GSE подоцна соопштија дека работата во електраната „Енгури“ имала за цел да се утврди причината за претходниот прекин на електричната енергија, што се случи на 24 и 25 јули. Компанијата наведе дека, за време на тестирањето, електроенергетскиот систем морал да работи во изолиран режим и на невообичаени фреквенции, што резултирало со привремен прекин на струјата низ целата земја. Медиумите претходно објавија дека директорот на GSE, Вано Зардиашвили, бил разрешен само неколку дена по големиот прекин на електричната енергија на 24 и 25 јули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве БаирПремиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата. Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter