Американскиот генерал-мајор Најт го одликува началникот на ГШ на Армијата Лафчиски со Медал за истакната служба - Канал 5

Американскиот генерал-мајор Најт го одликува началникот на ГШ на Армијата Лафчиски со Медал за истакната служба

Заедно ја унапредивме интероперабилноста, програмите за обука и подготвеноста, кои се клучни елементи на нашата заедничка посветеност на мирот и безбедноста.

Американскиот генерал-мајор Најт го одликува началникот на ГШ на Армијата Лафчиски со Медал за истакната служба

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денес престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, во рамки на неговата официјална посета на Република Македонија. По пречекот со високи воени почести, тој оствари средби со началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, со министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Министерот Мисајловски, како што се наведува во соопштението, изрази благодарност за досегашниот ангажман и личниот придонес на генералот Најт, осврнувајќи се на тридецениското партнерство и соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт.

-Заедно ја унапредивме интероперабилноста, програмите за обука и подготвеноста, кои се клучни елементи на нашата заедничка посветеност на мирот и безбедноста. Ми беше привилегија да работам со вас, рече Мисајловски и додаде дека под водство на генералот Најт соработката меѓу Националната гарда на Вермонт и нашата Армија, преку која реализиравме бројни активности – учества во мировни операции, заеднички вежби, обуки и едукација на персоналот – не само што продолжи, туку стана посилна, подлабока и позначајна.

Генералот Лафчиски се заблагодари за континуираната поддршка од Најт, истакнувајќи дека таа била препознаена во сите армиски единици. Дополнително, тој ја нагласи важноста на понатамошното унапредување на заедничките активности, особено во рамки на развојот на АП „Криволак“, обуката на персоналот и меѓународните вежби.

Генералот Најт истакнал дека за него ова партнерство претставува „навистина извонредно искуство“, додавајќи дека напредокот, заедничките постигнувања и професионализмот прикажан со текот на годините „се навистина впечатливи и вредни за признание“. Тој се заблагодари за гостопримството, колегијалноста и пријателството меѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт.

Во знак на благодарност за успешната соработка, како и поради завршување на мандатот на генералот Најт, во Генералштабот на Армијата беше организирана церемонија на која министерот Мисајловски и генералот Лафчиски, на командантот на НГ на Вермонт му доделија пригодни подароци.

Во оваа прилика за остварени особени резултати и достигнувања во координацијата и соработката со Армијата на Република Македонија, генералот Лафчиски му додели златна значка за партнерство на потполковник Патрик Енрикез, за време на неговата служба во Канцеларијата за одбранбена соработка со САД во нашата држава, која ја извршуваше во период 2017-2020 година.

На завршетокот на официјалната церемонија, генералот Лафчиски од страна на генералот Најт беше одликуван со Медал за истакната служба на Националната гарда на Вермот, одликување кое се доделува за извонредна и витална поддршка на Програмата за државно партнерство со САД. При ова генералот Најт ги истакна лидерството и експертизата на генералот Лафчиски, кои имаат директно позитивно влијание врз напорите на Република Македонија во постигнување на НАТО целите како ценет партнер.

По активностите во Генералштабот и Министерството за одбрана, командантот на Националната гарда на Вермонт во текот на денот ќе оствари средба и со претседателката на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова.

Во текот на утрешниот ден, генералот Најт ќе ја посети Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, каде се предвидени средби со раководството на оваа високообразовна институција.

Во рамките на петдневната официјална посета, која започна на 07.12.2025 година, генералот Најт во текот на вчерашниот ден оствари и средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер