Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред
1Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред
3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
БалканАмериканскиот емисар за Балканот, Касаноф денеска во ПриштинаАмериканскиот емисар за Балканот, Касаноф денеска во Приштина, откако ги посети Сараево и Белград.Заменик-помошникот државен секретар и нов американски емисар за Западен Балкан, Александар Касаноф се очекува денеска да допатува во Косово, откако во изминатите два дена престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението за медиуми на Амбасадата на САД во Косово, Касаноф во Приштина ќе се сретне со претставници на Владата на Косово, како и со претставници на опозициските партии, на граѓанскиот сектор и бизнисите. Косовскиот премиер, Албин Курти вчера на прес-конференција потврди дека денеска ќе се сретне со Касаноф, а на новинарско прашање што се очекува од средбата, рече дека „што се однесува до тоа …, верувам дека треба да имаме трпение уште 24 часа“. Американскиот дипломат во понеделникот допатува во Босна и Херцеговина, а потоа ја посети и Србија. По посетата на Сараево и по разговорите со Претседателството на БиХ и Министерството за надворешни работи, Касаноф повтори дека САД „силно го поддржуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина“. Тој го обвини претседателот на Република Српска, Милорад Додик за нападите врз БиХ и ги повика властите на овој ентитет да ги назначат судиите на Уставниот суд од РС и да ги спроведат неговите одлуки. Од Сараево, американскиот емисар отпатува за Белград, каде што вчера се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого, како што соопшти официјален Белград, разговарал за „клучните прашања поврзани со зајакнувањето на соработката и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, како и регионалните и глобалните предизвици кои влијаат на стабилноста на целиот регион, тешката и сложена ситуација во Косово“. Ова е прва посета на Касаноф на регионот откако ја презеде функцијата емисар на САД за Западен Балкан по заминувањето на Габриел Ескобар од таа функција кон средината на јули годинава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Шоу бизПротекоа податоци на холивудски ѕвезди: меѓу нив се Анџелина Џоли и Роберт де НироХоливудските ѕвезди, меѓу кои наводно се и актерите Анџелина Џоли и Роберт де Ниро, се меѓу јавните личности чии приватни контактни податоци беа откриени во големо протекување на податоци поврзано со базите на податоци на филмскиот фестивал Трибека.Експертот за сајбер-безбедност Џеремаја Фаулер изјави за британскиот весник „Сан“ (The Sun) дека на интернет биле достапни бази на податоци што содржеле телефонски броеви и приватни адреси за е-пошта на бројни познати личности. Тој додаде дека податоците вклучувале и датотека со информации за уредите поврзани со тие адреси за е-пошта – како што се моделите на телефони и верзиите на оперативните системи и веб-прелистувачите – што би можело да им обезбеди дополнителни информации на потенцијалните напаѓачи. „Она што беше навистина интересно е постоењето на датотека со информации за нивните уреди, поврзани со нивните адреси за е-пошта. Во неа беше наведено која верзија на iPhone ја користат, како и – доколку го користат прелистувачот Safari – која верзија на софтвер ја имаат инсталирано. Тоа би можело да им даде многу дополнителни информации на злонамерните лица“, рече Фаулер. Според него, четирите компромитирани бази на податоци содржеле приближно 666.000 записи од периодот меѓу 2019 и 2026 година, сите поврзани со годишниот филмски фестивал во Њујорк, основан од Роберт де Ниро. Меѓу наведените имиња се режисерите Мартин Скорсезе, Џорџ Лукас и Дени Бојл, како и актерите Морган Фриман, Џенифер Лоренс и Винона Рајдер. Поголемиот дел од податоците се состоеше од маркетинг-материјали, но наводно една база на податоци содржела броеви на мобилни телефони и адреси на е-пошта на истакнати поединци – податоци за кои експерт смета дека би можеле да претставуваат нивни приватни информации за контакт. Засега не е познато колку долго податоците биле јавно достапни, ниту кој можеби имал пристап до нив. Исто така, нема докази дека самиот Филмски фестивал „Трибека“ е одговорен за наводното протекување на податоци. Овој инцидент се надоврзува на низа претходни сајбер-напади насочени кон истакнати личности, вклучително и голем хакерски напад во 2020 година, при што беа компромитирани околу 130 профили на тогашниот „Твитер“. Меѓу погодените профили биле и оние на Илон Маск, Канје Вест, Ким Кардашијан, Барак Обама, Џо Бајден, Бил Гејтс и Џеф Безос. „Трибека“ е реномиран меѓународен филмски фестивал што се одржува секоја пролет во истоимената населба на Менхетен.Тагови: Анџелина Џоли Роберт де Ниро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЗабаваФото: Екс тениска шампионка ужива во бикини Поранешната најдобра светска тенисерка Србинката, Ана Ивановиќ отсекогаш била на листите на најубави спортистки на светот, а многумина велат дека таа буквално заблескала по разводот од легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.За тоа сведочат и нејзините најнови фотографии од јахта. Ана замина на одмор со пријателите, од каде што сподели провокативни фотографии со кои ги воодушеви фановите. На фотките може да се види како долгоногата Ана се сонча во минијатурно розово бикини што совршено ѝ прилега на виткото тело, а на сите фотографии не ја симнуваше насмевката од лицето. Тагови: Ана Ивановиќ бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЗајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот редНајтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред, туку ги усовршува грешките.Во врска со носењето на новиот Кривичен законик, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, повика на правда и изјави дека ставовите на ЛДП се конзистентни во недавањето поддршка на измените на Кривичниот закон, затоа што сѐ уште сведочиме на застарување на случаите со корупција во највисоките ешалони во власта. „Но најтрагично е што во политиката кога некој ги критикува грешките на претходникот, а потоа доаѓа и истите грешки ги усовршува, наместо да ги поправи и затоа бевме сведоци на носење на уште покатастрофален Кривичен законик од тој кој што претходно се донесе, а за кој што ЛДП повторно алармираше дека е навистина лош. Но колегите од мнозинството нѐ убедуваат дека тоа е еден супер закон, за на крај пак да добиеме ‘шамар’ од Брисел, дека во тој поглед не ги исполнуваме условите, ама со тоа секојдневно народот губи пари. Како што за Изборниот закон изгуби 4 милиони евра, за неспроведување на другите реформи губи 170 милиони. И сега кој ќе ја понесе одговорноста тука?“, праша Зајкова во своето гостување на Вести Плус на Канал 5. На прашање од новинарот за можните парламентарни избори напролет, претседателката Зајкова посочува дека ЛДП е подготвена да настапи на предвремени парламентарни избори. „Зошто го велам ова самоуверено и со насмевка? Затоа што верувам во нашите предлози и знам дека 80% од граѓаните ги поддржуваат нашите предлози и за отворени листи, зад кои што не ќе може да се крие одговорноста. Таму има директно име и презиме на избраниот претставник; 80% од граѓаните поддржуваат да се укинат банкарските провизии, бидејќи банките за сметка на своите профити ги дерат луѓето со провизии и непотребни трошоци, а државата не интервенира иако неколку пати редоследно го поднесуваме законот; 80% од граѓаните се согласни со нас дека нема потреба толку заменици директорски и министерски места; 80% се согласни дека треба да се укинат тие непотребни паушали во дел од управните одбори, за електронската нараквица за насилници и низа други предлози на ЛДП. Но она што е поразително е што големите партии а сакаат по истиот изборен модел да одиме повторно на избори. Зошто? Затоа што ваквиот изборен модел очигледно им одговара затоа што земаат најмногу пари согласно ваквиот изборен модел, за да секојдневно слушаме разноразни соопштенија од кои што цревата веќе ни се превртуваат“, вели претседателката Зајкова. Неодамнешниот избор на Моника Зајкова за потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ е важен за градење на влијанието, односно презентирање на позициите на Македонија како клучен регионален конструктивен фактор, наметнување на наши идеи, помош на наши експерти да се вклучат повеќе во работата на институциите на ОБСЕ и давање на приоритет не само на Македонија, туку и на целиот Западен Балкан. „Изборот за потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ пред сѐ, мислам дека е национална гордост, не само лична. Македонија никогаш немала на оваа позиција свој човек. Немал ни Западниот Балкан. Последен пат тоа бил Кривокапиќ од Црна Гора, во 2000-та година. Така што е навистина голем успех, а посебно го прави успехот тоа што оваа функција не се добива со именување или назначување, туку по пат на непосредни избори во кои што гласаат делегации од 57 парламенти, каде што и Светата Столица има свое почесно место. Затоа и има поголема тежина бидејќи јас бев во трка со уште седум противкандидати, така што мене навистина ми значи извојуваната победа“, вели Зајкова. Зајкова дополнува дека сите горливи прашања кои што ги мачат македонските граѓани таму можат да бидат поставени како еден од приоритетите на бордот во опсег на кој што ќе се разгледуваат. „Многу е важно да се држи високо темата за одредени држави, бидејќи гледаме како секогаш одредени држави си ги позиционираат своите агенди во меѓународните институции. Затоа е важно и Македонија да се позиционира постојано и да биде во фокус на агендата на ваквите институции“, завршува претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook