Американскиот државен секретар почнува посета на држави од Европа и од Блискиот исток

Американскиот државен секретар Марко Рубио во следните денови ќе бид во посета на држави од Европа и на Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.

Од 13 до 18 февруари Рубио ќе ги посети Германија, Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Државниот секретар ќе престојува во Минхен на 13 февруари на годишната безбедносна конференција, каде со меѓународните партнери ќе разговара за повеќе американски приоритети. Во Минхен ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Од 15 до 18 февруари Рубио ќе ги посети Израел, Саудиска Арабија и ОАЕ. Разговорите на државниот секретар со високи претставници на тие земји ќе го потврдат интересот на САД за развој на регионалната соработка, стабилност и мир. Фокусот на тој дел од неговата турнеја ќе биде ослободувањето на американските и сите други заложници на Хамас, напредокот во втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и спротивставувањето на дестабилизирачките акции на иранскиот режим и неговите поддржувачи, објави Стејт департментот на својата веб-страница.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

Гундоган незадоволен од ремито со Брајтон

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за ремито со Брајтон (2:2) во 29. коло од Премиер лигата.

- Откако двапати бевме во водство и одигравме навистина добро, штета што не освоиме три бода. Во вториот дел, откако го примивме вториот гол, почувствувавме дека ја загубивме самодовербата и вербата. Се разбира, грешките се случуваат дури и на ова ниво. Мислам дека имавме добра недела на тренинзи. Сакаме да ја пренесеме оваа моќ и енергија на натпреварите, изјави Гундоган за „Би-би-си“.

Манчестер Сити со 48 бодови останува на петтото место на табелата во Премиер лигата.

Брајтон со бод помалку (47) е седми на првенствената табела. /МИА

Протест на стотици Гренлаѓани против политиката на Трамп кон островот

Стотици луѓе на Гренланд протестираа денеска против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за освојување на арктичката територија, јави ДПА.

„Наша земја. Наш избор. Нашата слобода“, напиша на Фејсбук, Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на централно-десничарската партија „Демократи“ како одговор на фотографиите од демонстрациите во главниот град Нук.

Претходно неделава претдедателот Трамп ја повтори својата идеја Гренланд да се приклучи на САД. Тој со месеци зборува дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е дел од Данска.

На состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа во четвртокот, американскиот претседател дополнително го разгоре прашањето кога одговори на новинарско прашање за неговите планови за можна анексија.

„Мислам дека тоа ќе се случи“, рече Трамп, нагласувајќи го големото стратешко значење на островот и фактот дека Данска е многу далеку од него.

Пратениците во Гренланд реагираа со бес. Ова е „целосно неприфатлив“ пристап, изјави актуелниот шеф на владата Муте Егеде за гренландскиот весник „Сермицијак“ за време на денешниот митинг во Нук.

Луѓето излегоа на улиците и во другите градови на островот. /МИА

притисни ентер