1Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени
3Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЖивотАмерикански турист оставил кесичка со чипс во пештера, ренџерите во паника Обичната вода е единственото нешто што на посетителите им е дозволено да го консумираат во огромната пештера во Националниот парк Карлсбад Кавернс во државата Ново Мексико.Грицките се забранети, а кесичка полна со чипс што некој посетител неодамна ја фрлил имала големо влијание врз екосистемот на пештерата, напишале чуварите на паркот во објава на Фејсбук. „Од човечка перспектива, истурената кеса со закуски може да изгледа тривијално, но е исклучително важна за животот во пештерата“, се вели во објавата за ѓубрето пронајдено покрај патеката во Големата соба. „Преработената пченка, омекната од влагата во пештерата, создаде совршена средина за живеење на микробите и габите. Пештерски штурци, грини, пајаци и мушички наскоро се организираат во привремен синџир на исхрана, расфрлајќи ги хранливите материи во околните простори и формации и се шират на блиските површини, раѓаат плодови, умираат и смрдат, а циклусот продолжува“. Ренџерите потрошиле 20 минути внимателно отстранувајќи мувла и остатоци од површините внатре во пештерата, истакнувајќи дека делови од екосистемот што настанале од чипсовите се вообичаени во пештерите, но дека многу микроби и мувла не се. За ваквите последици, велат дека можело да се избегне, иако има и фини и мали траги што ги остава секој посетител и кои тешко се спречуваат. „Без разлика дали се големи или мали, сите оставаме траги каде и да одиме. Да го оставиме светот подобро место отколку што го најдовме“, ги повикуваат посетителите на паркот. На веб-страницата на паркот се наведува дека конзумирањето што било друго освен обична вода ги привлекува животните во пештерата. Големата соба во Националниот парк Карлсбад Кавернс е најголемата единечна пештерска комора по волумен во Северна Америка. До неа е пристапна релативно рамна патека долга два километри. Пештерата е формирана пред милиони години кога сулфурна киселина го растворила варовникот, создавајќи пештерски премини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТаравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениГо поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју. Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.. „Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот ВајцВо Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија.. Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.. Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда.. И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook