Американски свештеник цели 26 години погрешно крштевал илјадници луѓе - Канал 5

Американски свештеник цели 26 години погрешно крштевал илјадници луѓе

Илјадници католички верници од Соединетите Држави можеби ќе треба повторно да се крстат откако црквата открила дека свештеник цели 26 години користел погрешни зборови за време на крштевањето.

Американски свештеник цели 26 години погрешно крштевал илјадници луѓе

Свештеникот од Феникс, отец Андрес Аранго, цели 26 години за време на обредите на првата католичка тајна кажувал „те крштеваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ наместо да ги користи зборовите „те крштевам“ , како што налагал Ватикан. Зошто разликата помеѓу еднина и множина е толку важна, објаснил Томас Џеј Олмстед, епископ од Феникс.

„Не е заедницата која крштева личност и ја вградува во Црквата Христова, туку Христос, а само Христос претседава со сите тајни. Така, Христос е тој што крштева“, рече тој. Грешката на Аранг била откриена во средината на 2021 година, четвртина век откако тој почнал да се занимава како свештеник, изјавила портпаролката на епархијата Кејти Бурк за АФП.

„Отецот Аранго користел неточна терминологија од почетокот на неговото свештенство, сè додека вниманието на епархијата не го привлече минатото лето“, рече таа. „Немам податоци за точниот број на крстени луѓе меѓу 1995 и 2021 година, но верувам дека има илјадници.

Откако грешката излезе на виделина, Аранго ја напуштил својата претходна работа „за да се посвети на лекување и помагање на жртвите од оваа грешка“, рече Бурк. „Епархијата тесно соработува со отец Аранго и со парохиите во кои тој претходно работеше.

Крштевањето е важна тајна за католиците бидејќи, според верувањата, само оние кои се крстени по смртта можат да одат во рајот. Проблемот е што крштевањето е првата тајна, така што тие што следат не се валидни, како што е првото причестување и потврдата. Можно е погрешно крстениот да мора да ги повтори и другите тајни.

Епархијата отворила веб-страница каде што одговара на бројни прашања од збунетите и загрижени парохијани. Меѓу другото прашуваат „Дали ова влијае на мојот брак“. и "Дали треба да се исповедам?", објави Си-Би-ЕС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер