Американски окружен судија ја отфрли тужбата за клевета на Трамп против „Њујорк тајмс“ - Канал 5

Американски окружен судија ја отфрли тужбата за клевета на Трамп против „Њујорк тајмс“

Американскиот окружен судија Стивен Меридеј денеска ја отфрли тужбата за клевета на американскиот претседател Доналд Трамп од 15 милијарди долари против „Њујорк тајмс“.

Американски окружен судија ја отфрли тужбата за клевета на Трамп против „Њујорк тајмс“

Судијата Меридеј рече дека Трамп прекршил федерално процедурално правило кое бара кратко и јасно наведување на причините за барање правна заштита, додавајќи дека тужбата не е јавен форум за навреди или заштитена платформа за изразување на гневот против противниците, јавуваат британските медиуми.

Меридеј му даде на Трамп рок од 28 дена да поднесе изменета тужба.

Трамп поднесе тужба против „Њујорк тајмс“ поради неточно известување и коментари за него.

Тужбата, поднесена во суд во Флорида, го обвинува „Њујорк тајмс“ дека е „гласноговорник на Демократската партија“ и наведува серија статии, вклучувајќи ја и поддршката на насловната страница на демократската кандидатка Камала Харис пред минатогодишните претседателски избори, објави Политико.

Трамп во објава на социјалната мрежа Truth social изјави дека „дегенерираниот“ Њујорк Тајмс се занимавал со „децениски лаги за вашиот омилен претседател, моето семејство, мојата работа, движењето „Америка на прво место“ и нашата нација како целина“.

„На Њујорк Тајмс му беше дозволено предолго слободно да лаже за мене, да ме клевети и да ме оцрнува, и сега тоа престанува“, наведе Трамп на својата мрежа за тужбата.

Во тужбата се тврди дека известувањето на „Њујорк Тајмс“ го оштетило „уникатниот бренд“ и деловните интереси на Трамп, вклучително и вредноста на акциите на неговата медиумска компанија, предизвикувајќи „штета на репутацијата“ во вредност од „милијарди долари“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкода Славија добива голема надградба: Нов изглед, поголеми екрани и 8-степен автоматски менувач

Шкода го претстави моделот Славија во Индија пред речиси пет години, а сега на локалниот пазар му ја претстави освежената верзија на овој модел.

Шкода Славија добива голема надградба: Нов изглед, поголеми екрани и 8-степен автоматски менувач

Славија е еден од клучните модели на понудата на Шкода „Made in India, for India“, а ажурираната верзија доби модифицирана предна решетка со нови фарови. Исто така, има редизајниран браник со поспортски отвори за воздух, нови светла за магла и поширока хромирана лента.

На остатокот од каросеријата, промените се многу подискретни. Автомобилот сега има редизајнирани бандажи, додека нови светла со секвенцијални трепкачи се инсталирани на задниот дел, објавува „CarScoops“.

Промените во кабината се поскромни, но Шкода подготви нови комбинации на бои и материјали, како и интересна новина за задните патници - функција за масажа на задните седишта.

Исто така, има и нов мултимедијален систем со дијагонален екран од 10,1 инчи. Дел од него е „AI Companion“, базиран на технологијата „Google Cloud Automotive AI Agent“. Системот е специјално адаптиран за индискиот пазар и може да ги препознае различните акценти на англискиот јазик што се користи во Индија.

Асистентот со вештачка интелигенција овозможува контрола без раце на музиката, повиците и поставките на климатизацијата. Инструменталната табла е исто така подобрена, па затоа Славија сега има поголем дигитален екран од 10,25 инчи.

Исти мотори, но нов автоматски менувач

Шкода Славија сè уште ја користи локално развиената платформа „MQB-A0-IN“, додека познатите 1,0 и 1,5-литарски „TSI“ мотори се задржани во понудата.

Послабиот „1,0 TSI“ развива 115 КС и 178 Nm, и може да се комбинира со шестстепен мануелен менувач или нов осумстепен автоматски менувач. Го заменува претходниот шестстепен автоматски менувач.

Помоќниот „1,5 TSI“ произведува 150 КС и 250 Nm и сè уште е комбиниран со седумстепен „DSG“ менувач. Сепак, Шкода направи уште една техничка промена, па верзиите со овој мотор сега имаат диск сопирачки на задната страна наместо барабани.

Иако Славија е првенствено наменета за индискиот пазар, Шкода го извезува овој модел и во други земји во Азија, Африка и Блискиот Исток. Се очекува оваа практика да продолжи и со рестилизираната верзија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани објави дека ја презема функцијата амбасадор и постојан претставник на земјава во НАТО.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Тој е еден од деветтемина нови амбасадори чии имиња поминаа на владина седница во февруари годинава..

-Нова должност, иста одговорност. За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба –Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство. особено денес, кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во нато носи и привилегија и одговорност, напиша Муртезани во објава на фејсбук..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиенти

Вработен во банка во Гевгелија доби кривична пријава бидејќи со месеци неовластено пристапувал до сметките на двајца клиенти и присвоил речиси 150.000 евра.

Вработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиенти

„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’.

Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката“, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер