Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ЗдравјеАмерикански научници тврдат дека вирусот на корона мутирал и станал позаразен Експерти од Флорида веруваат дека успеале да докажат дека коронавирусот мутирал на таков начин што станал позаразен.Тие велат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди со сигурност дали промената влијаела на текот на пандемијата, но еден научник, кој не бил вклучен во студијата, смета дека тоа е случај и може да објасни зошто вирусот предизвикал ваков обем на инфекција во САД и Јужна Америка. Истражувачите од Институтот Скрипс во Флорида објаснија дека мутацијата влијаела на протеинот на боцките - структура од надворешната страна што вирусот ја користи за да влезе во клетките. Доколку се утврдат овие откритија, ќе биде првпат некој да докаже дека забележаните промени во вирусот влијаат на развојот на пандемија. „Вирусите со оваа мутација се многу позаразни од оние без мутации во системот на клеточна култура“, рече вирологот Хјерјун Чое од Институтот Scripps Research. Чое и нејзините колеги спроведоа серија експерименти во лабораторија, кои покажуваат дека заради мутацијата D614G, вирусот има повеќе шила и дека овие шила се постабилни, што го олеснува влегувањето на вирусот во клетките. Научниците наскоро ќе ги објават своите наоди на серверот BioRxiv, што значи дека истражувањето сè уште не е разгледано од независни експерти. "Ова истражување е значајно затоа што покажува дека вирусот може да се промени; во своја полза и можеби на наша штета. Веќе можеме да видиме дека тој се шири силно на некои места и запира на други", изјави вирусологот Вилијам Хаселтина за Си-Ен-Ен , претседател на групата Access Health International. "Тоа може да значи дека треба да се подготвиме за постојана промена. Овој вирус ќе одговори на сè што правиме за да го контролираме. Ако направиме лек, тој ќе му одолее. Кога ќе измислиме вакцина, ќе го намали дејството. Ако останеме дома, ќе открие како да опстане на површините што е можно подолго “, додаде тој. Оваа недела, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека претходните мутации на новиот вид на коронавирус нема да влијаат на ефикасноста на потенцијалните вакцини кои сега се во развој. Минатата недела, експертите на СЗО соопштија дека вирусот не станал заразен поради мутациите или ја зголемил веројатноста за појава на посериозни симптоми на болеста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
НаукаАларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 годиниСпоред најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години. Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон. Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување. Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата. Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката. Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град КраматорскНајмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина. Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ФудбалЧетири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!Бурата околу скандалот поврзан со финансиското работење на Манчестер Сити не стивнува.Имено, четири клуба од Премиер лигата, пред сите останати, добија две важни известувања во врска со случајот што Премиер лигата го води против Манчестер Сити. Од сите претседатели на клубови било побарано да потпишат договори за доверливост пред да ги добијат документите поврзани со случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити и одлуката на Независната комисија, која го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки за прекршување на правилата. Сепак, четири клуба ја добиле информацијата пред сите други. Оваа вест сега би можела да шредизвика земјотрес во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем биле информирани за одлуката на Независната комисија пред сите останати клубови. Исто така, истите четири клуба добиле известувања пред останатите, уште во 2024 година, за тоа како можат да поведат постапка за отштета против Манчестер Сити доколку Сити биде прогласен за виновен – што сега и се случи. Овие четири клуба се разликуваат и по тоа што претседателите на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем не морале да потпишуваат договор за доверливост. Всушност, овие четири клуба биле информирани за одлуката порано од останатите токму затоа што пред две години им беше дадена можност да поведат правна постапка против клубот од „Етихад“. Се разбира, фактот што останатите клубови не добиле известувања за можното покренување на постапката во 2024 година, не значи дека не можат да го сторат тоа сега или откако ќе заврши жалбената постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook