Американски кошаркар го гризна противникот за нога (ВИДЕО) - Канал 5

Американски кошаркар го гризна противникот за нога (ВИДЕО)

Необичен инцидент се случи во американската кошарка.

Американски кошаркар го гризна противникот за нога (ВИДЕО)

На универзитетскиот натпревар помеѓу Хјустон и Синсинати, судиите мораа да исклучат играч, бидејќи го касна противникот за нога.

Тоа го стори бекот на Хјустон Деџон Џару, кој на шест минути и 16 секунди пред крајот на играта го гризна кошаркарот на Синсинати, Мамуду Диара, со кого се бореше за топката.

Судиите го елиминираа Џару и неговиот тим загуби со 64-62.

"На почетокот мислев дека судиите не се во право, но кога го видов инцидентот од повеќе агли, беше јасно дека Деџон Џару навистина го каснал Мамуду Диар. Во име на нашиот тим, му се извинив на колегата од Синсинати, Џон Брана.

Ние се стремиме да водиме и да градиме тимови преку дисциплина и нема да толерираме вакво однесување. Имајќи го тоа предвид, го суспендирав Деџон за следниот натпревар, во четврток против Тулан, и уверен сум дека тој ќе ја научи лекцијата и ќе ги разбере последиците од ваквото однесување “, рече тренерот на Хјустон, Келвин Сампсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата

Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe).

За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествуваше на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус беа иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили. На форумот на кој присуствуваа високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија беше испратена пораката: „Нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија!“

Учеството на овој форум е исклучително важно имајќи ја предвид намерата на македонската Влада за поддршка на развојот на домашните компании во областа на наменската, воена индустрија.

На првиот работен ден, се одржа и церемонија за прием на три сојузнички земји – Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe) – стратешки значајна иницијатива за воспоставување на интегриран систем за летачка обука во Европа. Преку NTFE се создава ефикасен, координиран и стандардизиран долгорочен систем за обука на пилоти, техничари и воздухопловен персонал согласно НАТО стандардите и потребите. Нашата земја е дел од основачите на оваа иницијатива.

Во текот на вчерашниот ден Мисајловски учествуваше на приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер каде имаше и свое обраќање пред присутните. Тој во оваа прилика ја истакна одличната соработка која ја имаат нашите две земји, дека се пример за градење одлични билатерални односи и му упати честитки на министерот Ѓулер за новиот објект на Министерството за национална одбрана на Република Турција.

Активностите продолжија во претседателскиот комплекс во Анкара каде Мисајловски учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на министри за одбрана на кој учествуваа и министрите за одбрана на земјите партнери од Индо-пацифичкиот регион. За време на овој настан со своите колеги министерот Мисајловски информираше за инвестициите од македонскиот буџет во развојот на одбраната на земјата и процесот на модернизација на Армијата, со што се јакне борбената готовност на македонската Армија, а се зацврстува и колективната безбедност на НАТО. Тој додаде дека издвојувањата кои македонската влада ги прави во поглед на одбраната, а кои ги вклучува и инвестициите поврзани со одбраната и заштитата на националната безбедност, како што е заштитата на критичната инфраструктура и изградбата на двата суштински коридори надминуваат 4% од предвидените 5% кои е потребно да се достигнат во наредните 10 години. Мисајловски нагласи дека со сите досегашни договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и партнерите меѓу кои и преку Европскиот мировен фонд дополнително се влијае на зајакнување на капацитетите при извршување на задачите во мировните мисии и операции. Во тој контекст министерот Мисајловски нагласи дека од особено значење е двете мисии на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина АЛТЕА и НАТО мисијата КФОР да продолжат и да бидат гарант за стабилноста на овој регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот Мицкоски

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, попладнево ќе престојува во посета на Македонија, во чии рамки ќе се сретне и ќе одржи прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Марта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот Мицкоски

Во пресрет на посетата, таа порача дека доаѓа во Скопјe за да охрабри прогрес во преговорите за пристапување..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Историски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале!

Репрезентацијата на Швајцарија е последниот учесник во елитното четвртфинале на 23 Светско фуудбалско првенство. 

Видео: Историски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале!

Швајцарската фудбалска репрезентација по понал рулет и триумф со (0-0) 4-3 над Колумбија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство

По регуларниот дел од натпреварот немаше голови, мрежите мируваа и по двете продолженија од по 15 минути по што следуваше пенал рулетот, во кој поконцетрирани и попрецизни беа фудбалерите на Швајцарија кои мја добија серијата со 4-3.

YouTube video

Со овој триумф Швајцарија го постигна својот најголем успех на светските првенства (точно е дека играла во четвртфиналето во 1938 и 1954 година, но тогаш имало помалку учесници), а за пласман во полуфиналето ќе игра против бранителот на тронот Аргентина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер