Американски извештај: Фрлена цигара е причината за пожарот во Лимасол со две жртви - Канал 5

Американски извештај: Фрлена цигара е причината за пожарот во Лимасол со две жртви

По сослушувањето на сведоци и прегледот на снимки од камери во областа, утврдено е дека пламенот избувнал крај патот меѓу селата Арсос и Малија.

Американски извештај: Фрлена цигара е причината за пожарот во Лимасол со две жртви

Неизгасена цигара, невнимателно фрлена, е причината за големиот шумски пожар крај Лимасол на 23 јули, во кој загинаа двајца луѓе и беше опустошена површина од над 100 квадратни километри, се наведува во извештај на Американската единица за истрага на пожари и палежи, пренесува „Сајпрус меил“.

Експерти од Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви на САД беа поканети од претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, за да помогнат во истрагата и проценката на управувањето со катастрофалниот пожар во планинскиот регион на Лимасол.

Експертите ја започнаа својата работа на почетокот на месецот, а вчера го објавија својот официјален извештај. „Пожарот е предизвикан од невнимателно фрлена неизгасена цигара, која дошла во контакт со сува вегетација“, се вели во извештајот.

По сослушувањето на сведоци и прегледот на снимки од камери во областа, утврдено е дека пламенот избувнал крај патот меѓу селата Арсос и Малија.

Извештајот дополнително посочува дека во областа каде што избувнал пожарот имало натрупано големо количество отпад, што укажува на долготрајно нерегулирано фрлање ѓубре. Топлото време и долготрајната суша во регионот, исто така, придонеле за брзото ширење на огнот, се додава во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини - 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ: Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав

Еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ упати охрабрувачка порака до навивачите на ЛА. Лејкерс. 

Лука Дончиќ:  Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав

Лос Анџелес Лејкерс влегуваат во нова ера почнувајќи од 2026 година, бидејќи повеќе не можат да сметаат на Леброн Џејмс. Тоа значи дека Лука Дончиќ сега официјално е клучниот играч и целата франшиза зависи од неговиот учинок – голема чест за словенечкиот ас.

Кога уживате во таква доверба и почит, притисокот е огромен бидејќи навивачите имаат високи очекувања; пред почетокот на новата сезона, тие добија охрабрувачка порака од својот херој.

„Направив пауза од кошарката неколку недели по завршувањето на сезоната за да му дозволам на телото да се опорави. Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав. Оддалечувањето од кошарката е нешто што сакам да го правам секое лето кога сезоната не е во полн ек. Уживам да правам различни работи и тоа ми одговара. Кога ќе си дозволам да почувствувам недостиг од кошарката и да пробам нови работи, се враќам уште погладен за игра и помотивиран“, изјави Лука Дончиќ.

Според словенечките медиуми, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на Лос Анџелес Лејкерс во својата татковина, каде што тимот ќе одржи четиридневен тренинг-камп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер