3ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар
БалканАмерикански и холандски турист исчезнаа во ГрцијаДвајца туристи, еден од САД и еден од Холандија, исчезнале додека одделно планинареле во Грција.59-годишниот Американец Алберт Калибет исчезнал во вторникот на островот Аморгос на пат кон селото Катапола, соопшти општина Аморгос. Попи Деспотиди, функционер за туризам, денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Калибет доаѓал во Аморгос речиси секоја година веќе десет години. Седумдесет и четиригодишен холандски турист исчезнал на островот Самос во неделата, а во тек е голема операција за пребарување и спасување, соопштија властите, а на помош излегоа и локалните жители. Мажот отишол на планинарење во областа Маратокампос. Константија Димоглиду, портпаролка на грчката полиција, денеска за Си-Ен-Ен изјави дека полицијата, пожарникарите и доброволците трагаат по двајцата мажи. „За жал, сè уште не ги најдовме“, рече таа. Да потсетиме, минатата недела на грчкиот остров Сими исчезна британскиот ТВ доктор Мајкл Мозли (67) додека се шеташе на високи температури. Неговото тело било пронајдено по неколку дена. Прелиминарната истрага покажала дека тој починал од природна смрт. Грција ја зафати силен топлотен бран кој денеска треба да го достигне својот врв, температурите се блиску до 40 Целзиусови степени. На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат енергично вежбање на отворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труеМинистерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени. Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“. Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата. А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа. Власта си игра со животите на луѓето. Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово. Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24. Мицкоски труе народ. Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат. Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснецИран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец.Портпаролот на иранското министерството за надворешни работи не даде дополнителни детали за договорот, за кој рече дека е „во завршна фаза“. Сепак, предупреди дека договорот со Оман нема да гарантира безбедна пловидба низ теснецот, тврдејќи дека безбедноста останува засегната од американската блокада на иранските пристаништа. САД и Оман не коментираа за предлогот.Откако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари, Техеран во голема мера го блокираше Ормускиот теснец низ кој обично минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас. Пред два дена Трамп предупреди дека Иран ќе биде „многу силно погоден“ ако теснецот не се отвори „многу брзо“. Неговите коментари дојдоа откако високи американски претставници изјавија дека разговорите напреднале за да се овозможи потенцијално продолжување на испораките, иако Иран тврди дека не преговара со САД и оти нема планови да го стори тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалВинисиус по понудата од реал ги избриша сите објави на Инстаграм Бразилецот, Винисиус Жуниор ја избриша целата содржина од својот профил на Инстаграм само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понуди нов, подобрен договор. Актуелниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година, а преговорите за продолжување на соработката траат со месеци, па неговата иднина во клубот сè уште е неизвесна. Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и се надева дека би можел да ја искористи можноста за трансфер, пишува Goal.com. Фудбалерот и клубот мора да донесат одлука бидејќи договорот на Винисиус истекува следното лето. Доколку тој не потпише продолжување, Реал Мадрид мора да го продаде во овој преоден рок за да избегне тој да си замине без обештетување. Преговорите се интензивираа во вчера, кога во Мадрид пристигна агентот на Винисиус, Мајкл Јормарк. По средбата се појавија информации дека клубот ја подобрил својата понуда. Главни пречки за договорот остануваат барањата на играчот во однос на платата и правата за користење на неговиот лик. Само неколку часа по состанокот, Винисиус целосно го исчисти својот профил на Инстаграм. Тој ја отстрани профилната слика, како и сите објави и зачувани „стори“ приказни (highlights), вклучително и фотографиите од натпреварите на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација. Неговиот профил, кој го следат околу 64 милиони луѓе, сега е сосема празен. Засега нема официјално објаснување за овој потег. Овој потег предизвика поделени реакции меѓу навивачите на Реал. Некои стравуваат дека тоа е знак за негово заминување, додека други се надеваат дека станува збор за маркетинг-кампања пред најавата за нов договор. Во меѓувреме, Арсенал не крие дека е заинтересиран за бразилскиот напаѓач. Интересот е толку голем што играчите на Арсенал дури и се распрашувале кај раководството на клубот за можноста за негово доаѓање. Преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал ќе продолжат во наредните денови. Шампионот на Англија пак Арсенал во овој период не седи со скрстени раце и се обидува да го придобие контроверзниот фудбалер со голем и скап договор. Арсенал го предизвикува Винисиус со огромен договор .Според порталот UOL, Арсенал сака да го привлече Винисиус со договор што би му донел заработка од 24 милиони евра по сезона – зголемување од околу 5 милиони евра во однос на неговата моментална плата.Тагови: Арсенал Винисиус Жуниор Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter