Американски грант за конзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби - Канал 5

Американски грант за конзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

Со грант од Американската амбасада во Македонија ќе се изврши конзервација на мозаикот и мермерните декоративни елементи на крстилницата на Епископската базилика на локалитетот Стоби.

Американски грант за конзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

Договорот за грантот кој е во износ од 89.000 долари попладнево на археолошкиот локалитетот Стоби го потпишаа американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Министерката за култура Канческа Милевска ја истакна важноста на археолошкиот локалитет Стоби кој, како што рече, е еден од нашите најзначајни споменици од римската и доцноантичка епоха кој има извонредно зачувани и раскошно украсени јавни и резиденцијални градби.

- Токму затоа во изминатиот период овој локалитет и неговата соодветна заштита и промоција беа приоритети во програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за култура и во таа насока реализиравме бројни активности кои го рехабилитираа ова наше културно богатство... Епископската базилика во Стоби заедно со четирилисната крстилница претставува исклучително културно наследство кое преку зачувуваните архитектонски остатоци, раскошни мозаици и мермерна декоративна пластика нуди драгоцени информации за градителските и уметничките достигнувања на овие наши простори. Мозаикот во крстилницата на Епископската базилика претставува најрепрезентативен и најпрепознатлив симбол на Стоби и на македонското културно наследство, истакна Канческа Милевска.

Американскиот амбасадор Бејли посочи дека ова е трет грант од Амбасадорскиот фонд на САД наменет за локалитетот Стоби по двата претходни гранта - во 2003 година беше доделен грант од 15.000 долари за археолошки ископувања, а во 2010 година грант од 72.600 долари за заштита на фреските во Епископската базилика.

- Соединетите Американски Држави се горди на партнерството што го имаме во Македонија со Министерството за култура, со музеите, Националната установа Стоби и со други институции во заштитата на вредното културно наследство какво што е ова, истакна Бејли, додавајќи дека ги разбираат приоритетите на Министерството за култура и НУ Стоби и е среќен што со овој грант ќе се придонесе за заштита и адекватна презентација на крстилницата во Епископската базилика.

Притоа тој посочи дека од Амбасадорскиот фонд на САД почнувајќи од 2001 година досега се доделени 12 гранта за зачувување конзервација и реставрација на вредни споменици на културата во Македонија спомнувајќи ги Кокино, Златковата кула во Кратово, црквата Богородица Перивлепта во Охрид, Шарената џамија во Тетово.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот.

Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката.

Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите.

Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата.

Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување.

„Тоа беше неверојатна ноќ“ .

Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“.

Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна.

Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата.

Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс.

Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер