ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
ЗдравјеАмерикански епидемиолог: Луѓето не се свесни дека ова е само почеток на пандемијата (ВИДЕО)Пандемијата на коронавирус е главна тема низ целиот свет, па затоа не е ни чудо што популарниот американски презентер на подкаст Џо Роган во вторникот вечерта и посвети епизода од своето шоу.Тој го повика Мајкл Остерхолм, меѓународно признат експерт за епидемиологија и јавно здравје, професор на Универзитетот во Минесота, поранешен пратеник на Одделот за здравство и автор на делото „Најсмртоносниот непријател: Нашата војна против смртоносни микроорганизми“. „Цела моја кариера ја поминав во следење на заразните болести, обидувајќи се да ги запрам, обидувајќи се да разберам од каде доаѓаат за да не се случат, но најмногу од сè, обидувајќи се да одговорам на вакви ситуации“, додаде професорот. На прашањето колку е сериозна епидемијата на коронавирус, која Светската здравствена организација ја прогласи за пандемија, Остерхолм веднаш истакна аспект честопати занемаруван во епидемијата Ковид-19: „Прво, треба да го разберете нејзиниот тајминг, во смисла дека ова е само почеток. Значи, во однос на штетата, болката, страдањето, смртта што ја предизвикува, ова е навистина само почеток. Ќе се развива со месеци и мислам дека луѓето сé уште не го сфаќаат тоа“. Иако епидемијата во Кина во голема мерка е стопирана, со пријавени само 15 нови случаи во цела Кина во средата, освен во Хонг Конг, Остерхолм предвидува дека штом се укинат радикалните масовни карантински мерки, коронавирусот таму ќе започне повторно да се шири. "Ова навистина делува како вирус на грип, нешто што многу лесно се пренесува преку воздух. Сега имаме информации дека можете да бидете заразен пред да се разболите, а во некои случаи и да сте многу заразни. Доволно е да дишете", вели Остерхолм, но предупредува дека не значи дека бројот на жртвите ќе биде споредлив со грипот. „Веројатно најдобрата проценка што ја имаме досега, заснована врз ограничените податоци, е дека ова би можело да биде најмалку 10 до 15 пати полошо од најлошиот сезонски грип“, рече овој експерт. Тој, исто така, наведе специфични бројки: „Со сигурност можеме да предвидиме дека 48 милиони ќе бидат хоспитализирани од 96 милиони заразени со над 480.000 смртни случаи што можат да се појават во наредните три до седум месеци. Ова не треба да се занемари“. "Пред три недели, Италија живееше нормално. Сега северните делови на Италија се практично затворени. И тоа е предизвик со инфекцијата како оваа, може да се шири многу брзо", рече Остерхолм, иако овие информации се веќе застарени, бидејќи Италија веќе во меѓувреме, ги прошири карантински мерки на целата земја. Тој, исто така, прочитал е-пошта што ја добил од колега кој бил во контакт со кардиолог во Милано: „Тие одлучуваат кого треба да го пуштат да умре. Повеќе не го проверуваат персоналот затоа што им се потребни сите луѓе." Оваа изјава е во согласност со другите потресни сведоштва од италијанските лекари, според кои болниците се целосно пренатрупани, а постарите и хронично болните пациенти се оставени да умрат со цел да се обидат да ги спасат помладите и оние кои имаат поголема веројатност да преживеат, според методот на тријажа. „Тој исто така вели дека виделе алармантен број случаи на возраст од четириесет и дека се работи за ужасни случаи, затоа мора да престанеме да размислуваме како за болест на старите луѓе“, додава Остерхолм, заклучувајќи: „Ова се случува, не само во Вухан, тоа се случува во Милано, се случува во Сиетл и ќе продолжи да се случува наскоро низ целиот свет “. Додека во Кина, многу луѓе, особено постарите мажи, имаат влошен фактор, како пушачи, Остерхолм забележува дека во Соединетите држави фактор што ќе ја влоши состојбата на многу пациенти е нивната дебелина, што е поврзана со многу хронични болести како што се дијабетес и висок притисок. Поточно, дури 47% од Американците на возраст над 45 години се дебели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook