Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија - Канал 5

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија

Рускиот суд синоќа пресуди дека државјанин на САД не може кривично да одговара за своите постапки во врска со нападот на полицаец и го префрли на лекување во руска психијатриска болница, соопшти Градскиот суд во Москва.

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија

Во соопштението објавено на апликацијата Телеграм, судската служба објави дека Џозеф Татер е ослободен од одговорноста во врска со инцидентот. Тој е во притвор од август минатата година.

Судот донесе одлука да му бидат изречени „задолжителни медицински мерки во медицинска установа која обезбедува психијатриска нега“.

Во претходната судска одлука беше објавено дека на Татер му било дијагностицирано ментално растројство кое бара болничко лекување.

Тој првично беше приведен и затворен на 15 дена за ситно хулиганство, откако беше обвинет за злоупотреба на вработени во хотел во Москва - тврдење кое обвинетиот го негираше. Татер потоа нападнал полицаец, што доведе до ново кривично дело.

Според овие информации, Американецот влегол во Русија со намера да побара политички азил, наведувајќи дека не се смета себеси за државјанин на САД и дека е прогонуван во САД. Тој побара и од присутните дипломати на рочиштето да ја напуштат просторијата.

Татер е еден од неколкуте американски државјани приведени во Русија под различни обвиненија.

Минатата недела руските власти ја ослободија Ксенија Карелина, американска и руска државјанка, која беше осудена на 12 години затвор за донирање во добротворна организација за поддршка на Украина.

Таа беше разменета за Артур Петров, државјанин со германско и руско државјанство, кого САД го обвинија дека создал глобална шверцерска мрежа за продавање електроника на руската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми храна

Македонските домаќинства годишно по жител фрлаат за 17 килограми храна повеќе од просекот во Европската унија.

 Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми храна

Во просек по 86 килограми храна годишно по жител,. Рестораните и услугите за изхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно покажува извештајот на програмата за животна средина на ОН.

Според извештајот домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179 311 тони отпад од храна. Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека македонските домаќинства во просек фрлале по 86 килограми по човек храна во текот на годината. Извештајот на програмата за животна средина на он за индексот на отпад од храна за 2024 покажува дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19% од вкупната храна достапна за потрошувачите.

Домаќинствата ширум светот фрлаат над 1 милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60% од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29% се од ресторани и хотели и 12% од малопродажбата во маркети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и стручна помош.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба

Тој е уценет и исплашен човек, кој должи и на Зоран Заев, што го постави и држи на претседателското столче во СДС, и на Румен Радев, пред кого, очигледно презел обврски, кои значат ново предавство на македонските национални интереси.

Од една страна, поради полтронството спрема Зоран Заев, тој ja претвори СДС во маргинална партија со многу проблеми, со раскарани сопартијци, меѓусебни обвинувања за тешки криминали, навреди, јавни пресметки.

Додека, од друга страна, спрема Румен Радев очигледно има преземено обврски, затоа што неговиот став „прво Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“ е ист како и бугарската политика спрема Македонија. И ваквите ставови на Филипче на иста линија со бугарските и со Радев, не се први што ги слушаме. Тука е и ставот како бугарскиот, дека за билатералните прашања и спорот со Бугарија не преговараме со нив, туку со Европската Унија.

А, неговите последни јавни настапи само ја потврдуваат неговата психолошка состојба, затечен меѓу полтронството кон Заев и слугувањето кон Радев за извесно ново предавство во корист на бугарските интереси.

Затоа што само уценет и исплашен човек, јавно навредува и се однесува неконтролирано и непресметливо како Венко Филипче, така што, само во еден ден се расфрла со квалификации како „идиот“ и „шлепер-жаба“.

На ваквото однесување на Венко Филипче гледаме со жалење и сочувство, и му препорачуваме што побрзо, пред да биде предоцна, да побара стручна медицинска помош.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна Гора

Синоќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.

О. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна Гора

Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот.

„Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора.

Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари.

Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола.

Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер