Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ТехнологијаАмерикански доктор објаснува дека 5G мрежата го предизвикала коронавирусот (ВИДЕО)Американскиот доктор Томас Куан тврди дека вирусите се поврзани со електромагнетни полиња и дека сегашната пандемија на коронавирус има врска со воведувањето на 5G технологијата.Тој објаснува дека Вухан, првиот град целосно покриен со 5G технологија во Кина е градот каде што почнала пандемијата , што значи дека оваа технологија е опасна за човековото здравје . Според д-р Томас, поголеми епидемии се појавуваат секогаш кога се воведува некоја нова технологија, а тоа е поткрепено со примери на шпанската треска, грипот од Хонг Конг и коронавирусот. – Што се случи во 1918 година? Секоја пандемија во последните 150 години бележи квантен скок во електрификација на Земјата. Во 1918 година, т.е. кон крајот на есента 1917 година, воведувањето на радио бранови ширум светот. Секогаш кога изложувате кој било биолошки систем на ново електромагнетно поле, го труете, некои системи се убиени, а други спаѓаат во некаква хибернација, така што тие живеат малку подолго, но поболно. Потоа започна Втората светска војна со воведување на радарска технологија ширум светот, опфаќајќи ја целата Земја со радарски полиња. Луѓето беа изложени на тоа за прв пат. Имавме грип од Хонг Конг во 1968 година. Зошто вирусна пандемија? Бидејќи луѓето се отруени, тие ослободуваат токсини слични на вируси – објаснува Куан. 20,000 сателити од 5G ќе бидат лансирани во орбитата на Земјата за да испратат опасни зраци на интензивно зрачење низ целиот свет, вели д-р Куан и токму поради оваа технологија се појави пандемија на коронавирус. Сега, истакна американскиот експерт, имаме илјадници сателити кои испуштаат зрачење кое е некомпатибилно со здравјето. За Вухан се знае дека е првиот град што бил целосно покриен со 5G технологија. Подложноста има врска со количината на метал што го имате во вашето тело, како и со квалитетот на водата во вашите клетки. Ако почнете да инјектирате алуминиум кај луѓето, тие стануваат приемници за апсорбирање на засилени електромагнетни полиња и ова се добива „совршена бура“ за пропаст на нашиот вид, што е она што го доживуваме сега – смета Куан 1. Во 1970-тите, се создаде првата генерација на мобилни системи (аналогна технологија). Таа пренесува говор и беше позната по тоа што телефоните се големи. 2. Околу десет години подоцна, се случи преминот кон дигиталната технологија и втората генерација (2G). Покрај гласовното пренесување, тоа овозможи пораки (СМС), конференциски повици и воведено роаминг како можност за комуникација во мрежите на различни мобилни оператори 3. Со 3G мрежа преку Интернет, исто така беше обезбеден пренос на видеосигнали со понизок квалитет. Во тоа време, се појавија и првите врски за видео конференции. 4. Четвртата генерација (4G) воведе значителни подобрувања во мобилните системи: побрз и поефикасен видео пренос, брз интернет. Оваа технологија се заснова на големи иновации во кодирање и пренесување на сигналите. 4G технологијата е исто така позната како LTE (Long Term Evolution). 5. Петтата генерација 5G, е создадена од еволуцијата на 4G. Подобрувањата се поврзани со големи брзини и екстремно мали одложувања на сигналот, кои се на ниво на перцепција на човечкото тело (10 милисекунди).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава „Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказнаСо две фестивалски вечери, 27 нови композиции и средба на повеќе генерации македонски музичари, Штип го заокружи 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Овогодишната програма донесе спој на нови авторски остварувања, добро познати естрадни имиња и песни што потсетуваат на богатото музичко наследство на фестивалот, кој повеќе од четири децении е еден од најзначајните настани во македонската забавна музика. Финалната вечер понуди 18 композиции, од кои шест беа избрани на првата фестивалска вечер, додека останатите 12 беа нови музички премиери. Во продолжението на натпреварувачката програма настапија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска, кои со своите композиции повторно застанаа пред публиката. Посебна димензија на втората вечер ѝ даде присуството на афирмирани македонски музичари, од кои дел по подолга пауза повторно се вратија на сцената на „Макфест“. Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков беа дел од музичката програма, носејќи различни интерпретации, стилови и генерациски искуства. Меѓу впечатливите моменти на вечерта беше и нејзиното отворање, со потсетување на еден од препознатливите макфестовски хитови - „Ти ме сакаш знам“, на Јован Јованов и Маја Саздановска. Водителите Димитар Атанасовски и Марјана Станојковска ја отпеаја песната, додека Атанасовски ја збогати изведбата со придружба на виолина, создавајќи убаво музичко потсетување на фестивалските хитови што продолжуваат да живеат низ годините. На сцената се случи и уште една интересна музичка средба - Јован Јованов и Тони Зен се претставија со новата композиција „Уште ми требаш“, со што ја продолжија приказната на некогашниот хит „Итно ми требаш“. Во текот на вечерта, на сцената се обрати и Слаткаристика, кој сподели дел од своето лично искуство со пелтечењето, охрабрувајќи ги сите што се соочуваат со овој предизвик да продолжат да сонуваат и да работат на остварување на своите цели. Тој упати и порака за поголемо разбирање и прифаќање, потсетувајќи дека лицата што пелтечат имаат многу што да кажат и заслужуваат да бидат слушнати. Во рамките на овогодишното издание беше доделено и признанието за најслушана песна во периодот меѓу двата фестивала, кое ѝ припадна на Лара Иванова за хитот „Доминантен“. За младата пејачка, ова признание има дополнителна симболика, бидејќи токму на макфестовската сцена во 2019 година го имаше својот прв фестивалски настап. Со наградата уште еднаш се потврди и присуството на македонската музика во секојдневното слушателско искуство. 41. издание на фестивалот започна со вечер посветена на новите музички имиња, на која 15 изведувачи и музички состави ги претставија своите авторски композиции. Настапија Анастасија Спасевска, Драгана Јовановска, Девана, Kaly и Гоки, Санела Шукриевска, Ненад Вржалски, „Три пати на ден“, Дорис Ди, „Арте-Факт“, Ана Цамбулева, Доно, Тамара Грујеска, Теа Златева, Марија Наумоска и Елена Наумова. Ревијалниот дел од првата вечер го одбележа Антониа Гиговска, која во поинакво, интимно музичко издание интерпретираше дел од своите песни и познати макфестовски хитови. Посебен емотивен момент беше и музичкиот омаж посветен на Владо Јаневски, со кој беше оддадена почит на авторот и изведувач чии песни се вградени во македонската забавна музика. Со ова издание, „Макфест“ уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што ги поврзува афирмираните музичари со новите автори и изведувачи. Двете вечери понудија вкупно 27 нови композиции, што е значаен придонес кон домашната музичка продукција и можност за создавање нови песни што допрва ќе го бараат својот пат до слушателите. По 41 издание, вредноста на „Макфест“ не се мери само преку песните што низ годините станале евергрини, туку и преку континуитетот во создавањето нова музика и отворањето простор за генерации што доаѓаат. Тагови: Макфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во ГерманијаХаос на улиците во Франција. Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот. Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица. Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети. Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо. Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци . Немири и насилства имаше и на улиците во Германија. Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата. По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје. Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе. Тагови: протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter