Американската војска изврши големи напади врз ИД во Сирија - Канал 5

Американската војска изврши големи напади врз ИД во Сирија

(CENTCOM) објави дека американските сили, заедно со партнерските сили, извршија обемни напади врз повеќе цели на Исламската држава низ цела Сирија.

Американската војска изврши големи напади врз ИД во Сирија

Нападите се дел од операцијата „ Hawkeye Strikе“, која беше започната и објавена на 19 декември 2025 година по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, како директен одговор на смртоносниот напад на ИД врз американските и сириските сили во Палмира на 13 декември 2025 година, се вели во соопштението.

„Ако им наштетите на нашите, ќе ве најдеме и ќе ве убиеме насекаде во светот“

Во тој напад, кој го изврши член на ИСИС, беа убиени двајца американски војници и еден американски цивилен преведувач, објави CENTCOM.

Американската војска вели дека денешните напади ги насочиле кон позициите на ИСИС низ цела Сирија како дел од континуираната посветеност за борба против исламскиот тероризам насочен кон американските војници, спречување на идни напади и заштита на американските и партнерските сили во регионот.

„Ако им наштетите на нашите војници, ќе ве најдеме и ќе ве убиеме каде било во светот, без разлика колку се обидувате да ја избегнете правдата“, соопшти американската војска, според соопштението од ЦЕНТКОМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фон дер Лајен по новите инциденти: Русија ја тестира нашата подготвеност и решителност

Европа повторно се соочи со „неодговорно и опасно руско однесување“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по испукувањето ракети од руска фрегата кон дански хеликоптер и соборувањето на дрон над Литванија. 

Фон дер Лајен по новите инциденти: Русија ја тестира нашата подготвеност и решителност

Таа ја објави својата реакција на социјалната мрежа X, како што објави Украинска правда.

„Руски воен брод испука ракети опасно блиску до дански хеликоптер, а дрон влезе во литванскиот воздушен простор пред да биде соборен од борбените авиони на НАТО. Ова не се изолирани инциденти, туку дел од поширок модел на руска агресија и провокации против Европа што ја тестираат нашата подготвеност и решителност“, рече фон дер Лајен во соопштението.

„Нашата решителност само се засилува“

Претседателката на Комисијата рече дека Русија ќе види како решителноста на Европа само се засилува поради ваквите потези. „Заедно со НАТО, го зајакнуваме нашето колективно одвраќање и одбрана. Во исто време, го зголемуваме притисокот врз Русија“, додаде таа.

Два инцидента за два дена

Борбени авиони од мисијата за воздушен надзор на НАТО денес за прв пат соборија неидентификуван дрон над Литванија. Еден ден претходно, Данска го повика рускиот амбасадор на разговори откако руска фрегата испали две сигнални ракети кон дански хеликоптер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: БРТ во последна фаза на одобрување – средишното зеленило се задржува

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,соопшти ексклузивна информација во врска со реализацијата на проектот за брз автобуски превоз – БРТ..

Ѓорѓиевски: БРТ во последна фаза на одобрување – средишното зеленило се задржува

Како што информираше градоначалникот, проектот се наоѓа во последната фаза на одобрување од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Доставена е потребната документација и во моментов се очекува одговор, со цел процесот да биде целосно заокружен до крајот на оваа недела.

По финализирањето на постапката, се очекува да биде објавен тендерот за проектирање и изведба на БРТ-системот.

„Работиме во целосна координација и поврзаност со ЕБОР, а тендерската постапка ќе биде спроведена во согласност со европските регулативи. Очекувам во текот на наредните неколку дена да биде објавена тендерската постапка“, истакна Ѓорѓиевски.

Во рамките на реализацијата на БРТ-системот, постојното средишно зеленило на булеварите се задржува, со што модернизацијата на јавниот превоз ќе се спроведува со зачувување на зеленилото.

Според проценките на градоначалникот и тимовите вклучени во реализацијата на проектот, градежните активности би можеле да започнат доцна напролет наредната година, со поставување камен-темелник и официјален почеток на изградбата.

Со ова, проектот за БРТ влегува во конкретна оперативна фаза, со следен клучен чекор објавување на тендерската постапка и избор на изведувач за реализација на проектот, соопштуваат од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот Trafic Van E-Tech на Рено е прогласен за комбе на годината (ФОТО)

Новиот Renault Trafic Van E-Tech electric ја освои титулата Комбе на годината 2027 (Меѓународна награда за комбе на годината). 

Новиот Trafic Van E-Tech на Рено е прогласен за комбе на годината (ФОТО)

Наградата му беше доделена со едногласна одлука на жири составено од 26 новинари специјализирани за комерцијални возила од 26 европски земји. Церемонијата на доделување на наградите се одржа на 14 септември 2026 година на саемот за транспорт IAA во Хановер.

Шеста титула за Renault

Ова е шестиот модел на Рено што ја освои оваа награда, само две години откако моделот Master беше прогласен за Комбе на годината 2025. Пред тоа, наградата ја освои Trafic во 2002 година, Master во 1998 година и Kangoo во 2012 и 2022 година.

Претседателот на жирито на IVOTY, Јарлат Свини, истакна дека новиот Trafic ги исполнува сите барања: високо ниво на ефикасност, безбедност и придонес кон одржливиот транспорт на стоки.

Јан Птачек, потпретседател и раководител на Програмата за лесни комерцијални возила на Renault, нагласи дека наградата е признание за работата на целиот тим на проектот и ја потврдува силната позиција на Renault на пазарот на комерцијални возила.

Технолошки иновации и долгогодишна традиција

Новиот електричен Trafic Van E-Tech се произведува во фабриката Сандувил во Франција и носи низа технолошки иновации што никогаш порано не се видени во сегментот на лесни комерцијални возила. Благодарение на архитектурата Software-Defined Van (SDV), тоа е првото возило од ваков вид во Европа со централизирано и флексибилно управување. Ова овозможува редовни ажурирања, поперсонализирано корисничко искуство, поголема безбедност и подобро задржана вредност на возилото.

Моделот се издвојува и со своите технички карактеристики: опсег до 470 километри (со очекувана потврда), електрична архитектура од 800 волти што овозможува ултра брзо полнење и радиус на вртење идентичен со моделот Clio (10,3 метри).

Од своето лансирање во 1980 година, моделот Trafic е продаден во повеќе од 2,8 милиони единици и стана стандард во сегментот на комбиња со средна големина. Со новата генерација, Renault ја потврдува својата посветеност на развојот на напредни и атрактивни возила произведени во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер