ЗабаваАмериканската пејачка Деми Ловато тргна во потрага по вонземјани Познатата американска музичарка Деми Ловато (28) тргнува во лов по вонземјани.„Тргнувам на патување во потрага по вонземјани“, рече Деми, која ќе го продуцира и ќе го води новото шоу на Peacock„Неидентификувано“.Peacock е релативно нова платформа за стриминг во САД, сопственост на NBC, што може да се спореди со Netflix. „Неидентификувана“ е досие за лов на вонземјани, а музичарката ќе го раскаже своето истражување за вонземјаните во уникатен и забавен стил. Како ќе изгледа ова ново досие, објасниле од Peacock. - Деми планира да научи доволно за вонземјаните со интервјуирање научници, луѓе киднапирани од вонземјани и спроведување на сопствени експерименти за да ги иницира овие блиски средби и да склучи мир со вонземјаните и на крајот да се спаси - велат од Peacock. Заедно со неа, во овој документарец ќе учествуваат и нејзината постара сестра Далас (33) и најдобриот пријател Метју Скот Монтгомери (32). „За време на оваа храбра авантура, таа се надева дека ќе ги убеди своите пријатели, семејството и милиони свои следбеници не само дека има интелигентни суштества надвор од Земјата, туку и дека тие се тука!“, соопшти Peacock. Да потсетиме, минатиот месец, Министерството за одбрана на САД потврди дека снимките од неидентификувани летечки објекти од 2019 година се целосно легитимни. Ова е охрабрувачки потег за музичарката, со оглед на тоа дека таа страда од последиците од предозирање од 2018 година. Во нејзината нова песна „Танцувајќи со ѓаволот“, Деми Ловато детално ги опишала предозирањето со хероин и фентанил што за малку ќе ја убиеше во нејзината замок во Холивуд пред две години. Покрај песната, нејзината битка со дрогата беше прикажана и во истоимениот документарец, кој излезе годинава. - Мојот мозок беше оштетен, па дури и денес се борам со последиците - рече музичарката. Оштетувањето на мозокот е резултат на три мозочни удари и еден срцев удар, што и предизвика делумно оштетување на слухот и видот. Не е познато кога ова „Неидентификувано“ досие ќе биде објавено за прв пат, но познато е дека ќе има четири дела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“ Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Комитетот за мир во Газа, поддржан од САД, дури и по добивањето уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа.Како што истакна Нетанјаху, условот поврзан со Ерусалим е разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас. Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху изјави дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој раководи со Комитетот за мир, „верува оти може да доведе до разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа“, пренесува „Тајмс оф Израел“. „Претседателот Трамп смета, или неговиот тим смета, дека можат да го принудат Хамас да се разоружа и да ја демилитаризира Газа. Ние го разгледуваме тоа. Тие ни испратија нацрт-текст. Ние не се согласивме со него. Тоа не беше наш нацрт. Ги повлековме нашите забелешки“, рече Нетанјаху. Тој ги повтори изјавите што се појавија во медиумите во изминатите неколку дена, а кои им се припишуваа на „високи израелски функционери“, наведувајќи дека Израел нема да се повлече „од своите сегашни позиции“ во Газа „сè додека Хамас целосно не се разоружа“. Тоа е спротивно на планот за разоружување, кој бара од Израел да се повлече до првобитната „жолта линија“ во Газа – позиција до која се повлече како дел од договорот со Хамас од октомври 2025 година за прекин на огнот и ослободување на заложниците, но оттогаш ја прошири својата контрола врз Појасот Газа од 53 на над 60 проценти. Иако Комитетот за мир посочи дека Израел нема да мора да се повлече зад првобитната „жолта линија“ сè додека Хамас барем не почне да го предава своето оружје, Нетанјаху изјави дека израелските сили воопшто нема да се повлечат сè додека Хамас не биде целосно разоружан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЖивотНов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисокБританската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите. Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“. Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство. Полицијата веќе ги истражува наводите. Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност. Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство. Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.Тагови: Епстајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалБарен Минхен се откажа од четири странциГерманскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста. Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот. Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08