Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран - Канал 5

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран

 Американската армија соопшти дека извршила напади врз повеќе од 12.300 цели во Иран, од почетокот на конфликтот што трае повеќе од еден месец.

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран

Централна команда (CENTCOM) што ги надгледува американските сили во регионот, соопшти дека во нападите се „оштетени или уништени“ повеќе од 155 ирански пловни објекти.

„Силите на CENTCOM изведуваат напади за демонтирање на безбедносниот апарат на иранскиот режим, со приоритет на локации што претставуваат непосредна закана“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме Израелските одбранбени сили соопштија дека Израел досега извел повеќе од 800 напади врз Иран.

Нападите на Израел и САД врз Иран започнаа на 28 февруари, на што Техеран возврати со напади врз Израел и американските сојузници во Заливот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)

Пожар избувна во областа Јанадес, во централниот дел на Крф. 

Пожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)

Голема противпожарна бригада веднаш беше испратена на местото на настанот за да го изгасне пожарот, објави Прототема.

Во исто време, се очекува противпожарните авиони PZL со седиште на Крф да полетаат за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност, додека во моментов не се познати дополнителни детали за обемот на пожарот или дали населените области се во опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на Лепенец

Загадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.

Штерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на Лепенец

Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување.

Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси.

Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот.

Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка,

На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода.

Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар.

СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот.

Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност.

СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина, рече Кети Штерјова од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика

Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај.

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алекснадар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на галериите на потегот од Пресека до Кичево.

“ Тука се работат осум галерии коишто се навистина еден голем инженерски потфат. Позади нас имаме три галерии коишто се веќе во завршна фаза — две можам да кажам дека се целосно завршени и на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, со што за неколку месеци од денес овој дел од автопатот ќе биде функционален и ставен во функција. Бројките се навистина импресивни. Само овие три галерии коишто се позади мене се во должина од 1 километар и 100 метри, додека тунелите ќе бидат најдолги во Македонија, едната цевка во должина од 2 километри, другата цевка во должина од 2 километри и 100 метри, како што кажав, најдолги тунели во Македонија, а галериите за првпат од овој тип се изведуваат не во Македонија, туку во целиот регион” – изјави Николоски.

Тој додаде дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Најави во скоро време пуштање на нови делници за сообраќај.

“Ова беше најпаметното и најдоброто решение за стабилизација на земјиштето. За да ја заштитиме трасата, за да имаме безбедно возење, овие инженерски чуда коишто се позади нас беа најдоброто решение. Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но еве го, веќе се гледа крајот, веќе имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер