ЖивотАмериканската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САДАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација.Американските медиуми наведуваат дека овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД. Стејт департментот соопшти дека сите иматели на американски визи, вклучително и туристи од многу земји, се предмет на „континуирани проверки“ кој утврдува каква било индикација дека тие не се подобни за добивање дозвола за влез или престој во Америка. Доколку се откријат такви информации, нивните визи ќе бидат одземени и тие ќе бидат депортирани. Откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата, неговата администрација се фокусираше на депортирање на нелегални имигранти во САД, како и на иматели на студентски визи. Новата мерка на Стејт департментот покажува дека тековниот процес на проверка е многу поприсутен и би можел да значи дека дури и на оние на кои им е одобрен престој во САД би можело нагло да им биде одземена дозволата за престој, пренесуваат американските медиуми. Стејт департментот изјави дека процесот бара индикации како што се пречекорување на рокот на престој на визата, криминална активност, закана за јавната безбедност, вклучување во каква било форма на терористичка активност или давање поддршка на терористичка организација. Службениците велат дека прегледот на податоците на сите носители на визи ќе ги вклучи нивните сметки на социјалните мрежи, полициските и имиграциските евиденции во нивните земји, како и можните прекршувања на американските закони додека се во САД. Стејт департментот претходно оваа недела објави дека од враќањето на Трамп во Белата куќа, повеќе од 6.000 студентски визи се одземени поради пречекорување на рокот на престој или поради кршење на локалните, државните и федералните закони, како што се напад, возење под дејство на алкохол или дрога и поддршка на тероризмот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лицеНа 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓанитеПет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа. Денеска сите тие лаги потонаа. Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал. ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти. По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат. Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени. Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter