Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие
1Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
СветАмериканска војска: Не ги придружуваме бродовите низ Ормутскиот теснецЦентралната команда на САД (CENTCOM) денес ги негираше медиумските извештаи дека американската морнарица продолжила со придружбата на комерцијалните бродови низ Ормутскиот теснец.Во објава на социјалната мрежа „X“, „CENTCOM“ ги отфрли тврдењата дека иницијативата „Проект слобода“ е повторно започната и рече дека американските сили не им даваат помош на комерцијалните бродови што минуваат низ стратешкиот воден пат. 🚫CLAIM: Recent media reporting claims that the U.S. Navy has restarted escorting or assisting commercial vessels during transits through the Strait of Hormuz. FALSE. ✅TRUTH: Project Freedom has not resumed, and U.S. forces are not currently escorting commercial vessels through… pic.twitter.com/JD9cY5FUNN — U.S. Central Command (@CENTCOM) May 26, 2026 WSJ: Американската морнарица тајно ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец Негирањето дојде откако „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски воени претставници, претходно во текот на денот објави дека морнарицата придружила грчки супертанкер што превезувал два милиони барели сурова нафта низ теснецот покрај брегот на Оман. Според неименувани американски воени претставници во извештајот, бродот бил задржан во регионот од почетокот на март и сега е на пат кон Индија за да го достави својот товар. Статус на проектот „Слобода“ Споменатата иницијатива „Проект слобода“, во која американските сили требаше да ги следат бродовите низ тој клучен поморски коридор, беше суспендирана претходно овој месец, само 36 часа откако беше лансирана. Извор: Индекс.хрТагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатиеОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ. -Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски. Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе. -Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ. Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина. - Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски. За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во Белгија немав политички средби, но имав состаноци со инвеститориЕднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања.Еднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања за наводно водење тајни преговори за европската иднина на Македонија за време на семејното патување. Целта на семејното патување во Белгија, како што појасни Мицкоски, била посета на историско-културни места во земјата. -Дел од воспитувањето кое што го имам јас со моите два сина е да, еднаш годишно, отприлика викенд, четврток – недела, одиме во некој европски град и таму посетуваме значајни, би рекол, места и разговараме и ја изучуваме историјата на таа држава. // Рековме екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научно-образовна екскурзија во Белгија. // Да, бев три дена во Брисел и немав политички средби, исто така правевме обиколка во Брисел, имав три средби со инвеститори, кои што во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Како што велат од опозициската СДСМ, премиерот во Брисел одел на „неофицијални“ разговори и средби за европскиот пат на државава, без знаење и учество на дипломатијата, туку со семејството. Од СДСМ посочуваат дека доказ оти имало разговори зад затворени врати, биле неодамнешните изјави на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и на евроамбасадорот Михалис Рокас. -Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел? Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани? Одговорот е еден и јасен: Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост. // Граѓаните имаат право да знаат: Што е договорено? Што е прифатено? Што е скриено? Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така и нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии,- -СДСМ. Премиерот Мицкоски денеска беше прашан и за коментар на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека српската црква е „иста и во Скопје и во други градови низ светот“. Мицкоски не сакаше да ја коментира оваа изјава која предизвика и реакција од МПЦ – ОА , бидејќи како што рече, не сака да навлегува во комуникација која што прилега на минатиот век. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без водаМеѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост. Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука. Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители. Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни. За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21