Американска фармацевтска компанија има лек што влијае на Алцхајмеровата болест - Канал 5

Американска фармацевтска компанија има лек што влијае на Алцхајмеровата болест

Американската фармацевтска компанија ,,Биоген” објави дека го открила првиот лек што би можел да влијае врз Алцхајмеровата болест.

Американска фармацевтска компанија има лек што влијае на Алцхајмеровата болест

Во светот во моментов нема лек од ваков вид затоа што досега познатите лекови помагаат само во олеснување на симптомите.

Најавата на Биоген доаѓа како изненадување затоа што во март, компанијата, наводно, ја напуштила развојната работа на лекот, откако тоа што го изработила било разочарувачко.

Американската компанија сега планира да побара одобрение од американските власти за, како што соопштија, „револуционерен“ лек наречен „адуканумаб“ , а сите потребни документи треба да бидат готови до почетокот на 2020 година, пренесува Би-Би-Си.

Процесот на одобрување може да трае една или две години, но доколку биде успешен, компанијата има намера прво да го понуди на пациентите кои биле вклучени во нивните клинички испитувања.

Новите анализи покажаа дека повисоки дози на адуканумаб можат да им помогнат на пациентите со рани знаци на Алцхајмерова болест со забавување на нивното влошување, зачувување на нивната меморија, како и нивната способност да се справат со секојдневниот живот.

Адуканумаб го погодува протеинскиот амилоид што формира огромни наслаги во мозоците на луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест. Научниците веруваат дека овие наслаги се токсични за мозочните клетки и дека отстранувањето на нив со помош на овој лек би претставувало голем чекор напред во третманот, иако не и целосното лекување на деменцијата.

Повеќе од десет години, фармацевтските компании не нудат нов лек за борба против деменцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ивица Томовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус, ќе гостува Ивица Томовски.

Ивица Томовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојка била масакрирана од мечка пред својот вереник- ѕверот ја извлекол од шаторот додека спиела (ФОТО)

Млада девојка која наскоро требало да се омажи била извлечена од шаторот и изгмечена до смрт пред очите на нејзиниот вереник откако била нападната од разбеснета кафеава мечка.

Девојка била масакрирана од мечка пред својот вереник- ѕверот ја извлекол од шаторот додека спиела (ФОТО)

Снежана Королева, 29, била на романтично кампување со својот партнер во Алтајските Планини во Русија.

Мечката го пробила нивниот шатор околу 1 часот наутро и „ја одвлекла жената што врескала“ пред да ја убие и да ја однесе преку реката Бија, објавува Дејли Меил.

Нејзиното момче наводно ѝ предложило брак само еден ден пред животното да ја убие.

Потоа мечката почнала да го закопува телото на девојката додека преплашените кампери очајно се обидувале да го одвлечат вниманието.

Дивочуварите и полицијата пукале во воздух, но не ја застрелале мечката, иако сведоците рекле дека имале можност да ја убијат.

Тие се повикале на руските прописи кои забрануваат пукање во населени места, рекле сведоците.

Сведок по име Алина рекол: „Пукале во воздух, но тоа не го исплашило. Не сакал да ја пушти и... ја одвлекол преку реката.“

Потоа мечката, рече таа, „почна да ја закопува без никаков страв“.

„Нејзиното момче е во шок, тој штотуку ѝ предложи брак. Ужасно е“, рече Алина.

Снежана, по потекло од Новосибирск и адвокатка по професија, престојувала со својот вереник во туристичкиот камп Исток во селото Артибаш, во близина на езерото Телецкое.

Мештаните тврдат дека во моментов има околу 20 мечки што шетаат низ селото.

Друг локален жител рече дека нејзината сестра за малку избегнала напад од истата мечка претходната ноќ.

„Се најдовме лице в лице со него. Мојата сестра падна и се провлече, лежејќи на земја, во колиба. Ја спаси човек кој случајно возел автомобил. Тој ги насочи фаровите кон мечката, по што животното претрча преку патот. Дури и ја удри со својот автомобил и го вдлабна браник“, додаде таа.

По нападот, во селото беше прогласена десетдневна состојба на зголемена тревога.

„Во овој период, на туристите им е забрането да поставуваат шатори во шумата и покрај брегот“, се наведува во локалниот декрет.

Снежана била вработена во руското Министерство за вонредни ситуации.

Нејзините останки наводно биле пронајдени откако се појавиле информации дека мечката се обидувала да го закопа нејзиното тело.

Мечката сè уште е на слобода, според локалните извештаи.

Претставник на Здружението на ловџии и рибари од округот Мајмински изјавил дека скратената ловна сезона довела до зголемен ризик од напади од диви животни врз луѓе.

„Ловната сезона е скратена на 30 дена. Поради ова, популацијата на мечки почнала да расте. Ловците едноставно не можат да ги следат сите дозволи. Ловот станува поретко, мечките се размножуваат, а има сè помалку храна. Нема доволно ореви, па мечките, кога се гладни, излегуваат во потрага по луѓе“, изјавил претставник на ловното друштво.

Обвинителството на Република Алтај започна истрага за смртта на жената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)

Планинските скривалишта повеќе не се резервирани за негативците од шпионските романи. Сега и вие можете да купите пристап до ултра-безбеден трезор - скриен под швајцарски планински венец, под услов да имате половина милион евра на располагање.

Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)

Локалната компанија Бриниг Мега Сејф планира да ископа 25 подземни комори во варовничкиот карпа што го сочинува истоимениот планински венец. Пристап до трезорите веќе им се нуди на клиентите кои сакаат да складираат вредни уметнички дела, автомобили, вино, сефови за вредни предмети и други средства.

Строга контрола на влезот

Компанијата тврди дека работата во Бриниг ќе започне во јануари и дека нивото на безбедност во трезорите ќе биде споредливо со „нивото на безбедност на Швајцарската национална банка“.

Претседателот на компанијата, Томас Гасер, опиша како ќе биде да се влезе во подземниот комплекс.

„Прво ќе мора да поминете низ специјален контролен пункт и да излезете од вашето возило. Ќе има неколку проверки, кои очигледно нема да бидат откриени за јавноста“, рече тој.

Благодарение на длабочината на која ќе бидат лоцирани - повеќе од 100 метри, коморите ќе имаат природна температура од околу 13 степени Целзиусови, што е идеално за складирање вино и уметнички дела.

Сепак, компанијата не ги гледа подземните трезори само како место за складирање вредни предмети. Во свет кој се соочува со зголемена нестабилност, тензии меѓу државите и закана од климатски промени, ваквите локации претставуваат и потенцијално засолниште во случај на катастрофа.

24-часовен пристап до трезорите

Компанијата, основана од тим претприемачи од планинско инженерство, на својата веб-страница наведува дека дополнителни модули ќе овозможат проширување на трезорите кога е потребно повеќе од само заштита на средствата.

Меѓу можностите се „привремени приватни засолништа“, дискретни сали за состаноци и салони со посебна атмосфера, објавува Дејли Меил.

Клиентите ќе имаат пристап до трезорите 24 часа на ден преку тунел доволно голем за да минуваат камиони.

Компанијата вели дека клиентите веќе потпишуваат договори за закуп на коморите за 99 години, а првите трезори треба да се отворат следната година.

Покрај подземните складишта, постојат планови за основање центар за обука во областите на безбедноста, анализата на ризикот и преживувањето.

Воени бункери претворени во трезори

Швајцарија со децении ги користи своите Алпи за безбедно складирање. Бројни напуштени воени бункери се претворени во трезори, па дури и во центри за складирање на податоци. Во 2024 година, започна програма за модернизација на нуклеарните засолништа за да се подготват за можна војна.

Според закон од 1963 година, на сите жители на земјата - вклучувајќи ги странците и бегалците - им е загарантирано место во засолниште способно да ги заштити од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, како и од „удари од блиску со конвенционално оружје“.

Други европски земји исто така се подготвуваат за можноста за војна, а некои работат на тоа со децении.

Под Хелсинки, главниот град на Финска, повеќе од 5.500 засолништа се ископани во карпата со доволно простор за речиси милион луѓе. Тоа е огромен капацитет ако се земе предвид дека Хелсинки има околу 675.000 жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер