На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
1На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
1Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
ЖивотАмериканска двојка доби здраво бебе од ембрион што бил замрзнат 31 годинаБрачна двојка од американската сојузна држава Охајо доби здраво машко бебе од ембрион којшто бил замрзнат 31 година, наводно поставувајќи нов светски рекорд, пишува порталот „Кликс“.Линдзи и Тим Пирс го добија синот Тадеус Даниел Пирс во саботата. Таа изјави за „МИТ технолоџи ривју“ (MIT Technology Review) дека нејзиното семејство гледа на тоа „како на нешто од научнофантастичен филм“. Се верува дека ова е најдолгото време кога ембрион бил замрзнат пред да резултира со успешно раѓање т.е. живородено дете. Претходниот носител на рекордот беа близнаци родени во 2022 година, од ембриони замрзнати во 1992 година. Пирсови се обидувале да имаат дете седум години пред да одлучат да преземат ембрион што Линда Арчерд (62) го создала со својот тогашен сопруг, во 1994 година, преку ин-витро оплодување. Арчерд првично создала четири ембриони. Од еден се родила нејзината сега 30-годишна ќерка, а другите три биле оставени во складиште. И покрај разделбата од сопругот, таа не сакала да ги уништи ембрионите, туку наместо тоа, ги дарувала за истражувањето и ги дала на другото семејство. Таа сега вели дека е важно да биде вклучена во животот на бебето, бидејќи така тој ќе биде поврзан со нејзината возрасна ќерка. Клиниката за ин-витро оплодување во Тенеси, каде што двојката ја извршила постапката - „Риџојс фертилити“ (Rejoice Fertility), изјави дека целта била да ги префрли сите ембриони што ги добиле, без оглед на староста или состојбата. Пирс рече дека таа и нејзиниот сопруг „не се стремеле да уриваат рекорди“, туку „едноставно - сакале да имаат дете“. Арчерд изјави дека веќе можела да види сличност со нејзината ќерка. Извор: КликсТагови: бебе ембрион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти министертвото, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ЕвропаЗеленски предложи нов премиер на УкраинаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го предложи шефот на државната енергетска компанија „Нафтогас“ за нов премиер, пренесува германската агенција ДПА. Парламентот ја доби номинацијата за Серхиј Корецки, соопшти претседателот на ова тело, Руслан Стефанчук, на социјалната мрежа Фејсбук. Стефанчук не соопшти кога Врховната рада ќе гласа за неговото потврдување, но се очекува гласањето да се одржи уште во четврток, пренесува ДПА. Зеленски во неделата изјави дека има намера да ја реорганизира владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокадаСАД го напаѓа Иран петти ден по ред, насочувајќи се кон крајбрежната одбрана и ракетни бази откако повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.До рано утрово во четврток на Блискиот исток, сирените се огласија во Бахреин, а Кувајт соопшти дека реагира на „непријателски закани со беспилотни летала“ откако Иран вети дека ќе одговори на американските напади. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Бакер Калибаф, изјави дека Техеран е во „егзистенцијална војна“ против САД и дека неговата безбедност зависи од контролата на Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран сака да се смири и дека наскоро ќе биде поразен.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08