МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
1Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“
ЖивотАмериканка со години крадела подароци и пари од свадби, случајно ја откриле сватовите (ВИДЕО)Жена од Мисисипи која ги поминала изминатите шест години преправајќи се дека е гостин на свадби, крадејќи десетици илјади долари од пликовите, како и подароци, повторно е на слобода откако платила кауција.Сандра Лин Хенсон (57) била уапсена на 30 септември на свадба во Белден, Мисисипи и обвинета за кражба, кршење и нарушување на мирот. Во меѓувреме, таа е ослободена од затвор откако платила кауција. Сега се појавија нови детали за нејзината последна наводна кражба и како била фатена. Последниот инцидент се случил додека била на условна слобода по издржување на казна за истите кривични дела. На последната венчавка, членовите на семејството на невестата ја фатиле Сандра како јаде парче торта и претура по работите кои не се нејзини, изјавиле за NBC News шокираните младенци Лекси и Брејди Батлер. На венчавката на 30 септември, сестрата на невестата прва ја забележала Сандра на приемот. Нешто подоцна, таа била видена како претура низ нејзината чанта. Кога ја прашале која е таа, Хенсон одговорила дека е таму за Лекси, но членовите на семејството станале сè посомничави додека не сфатиле дека никој не ја познава. Жената на крајот ја признала кражбата. Кога ја опколиле, Сандра наводно ги извадила 200-те долари што ги украла на свадбата. Полицијата дошла и ја однела, а прославата продолжила според планираното. Според шерифот, ова не ѝ било прво апсење на Сандра. „Таа беше уапсена во Тенеси и Мисисипи поради упади на свадби, крадење пари и картички од чанти“, соопштија властите. Во текот на истрагата, властите на Алабама откриле дека таа украла предмети од девет други свадби во нивната држава. Се верува дека на овој начин украла десетици илјади долари, објави Дејли Меил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот. ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс. Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје. Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЌерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неаШарлот Настасе посвоената ќерка на легендарниот романски тенисер Илие Настасе откако нејзиниот славен татко јавно се откажа од неа, сега живее како бездомничка.80 годишниот Илие Настасе е најдобриот романски тенисер на сите времиња. Тој има освоено две Грен слем титули (УС Опен во 1972 и Ролан Гарос во 1973 година), а двапати играл и во финалето на Вимблдон. Во игра на двојки освоил три Грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен), а во мешани двојки двапати победил на Вимблдон, со што вкупно има седум Грен слем титули. Сепак, она по што е попознат се контроверзите надвор од теренот и неговиот начин на живот. Неговата посвоена ќерка Шарлот денес живее на улица. Таа е бездомничка и моли за помош. И нејзиниот татко знае за тоа, но не се грижи. Тој јавно се откажа од својата посвоена ќерка. https://www.instagram.com/reel/DTyNr6IlBqX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A0kdDgMpLR8j4REqTZcO3DW „Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со скандалите. Таа си го тера својот пат. Ѝ помогнав кога ѝ беше потребно. Платив речиси половина милион евра за нејзиното образование. Таа живее во Америка, јас сум во Романија и веќе не ми е грижа. Секој си има свој живот“, рече Настасе, ставајќи крај на приказните за неа. Илие Настасе некогаш беше тенисер број еден во светот и освои вкупно 64 титули во поединечна конкуренција и 45 во двојки, но повеќе се зборува за неговиот приватен живот. Зошто јавно се откажа од својата посвоена ќерка Шарлот? Затоа што во 2021 година таа одлучи да отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“. Тогаш тој ја прекина секоја комуникација со неа. Пред тоа, таа се испроба во разни професии. Во 2020 година работеше како фитнес-тренер, потоа за американската авиокомпанија „American Airlines“, а кратко време беше активна и во модната индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЖивотКонтроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“Поранешниот француски репрезентативец Бенжамен Менди на аукција ја продаде репликата на трофејот што го доби во 2018 година по освојувањето на Светското фудбалско првенство . Од продажбата тој заработи 54.000 евра. Станува збор за трофејот што секој играч го добива – покрај медалот – за освојувањето на Светското фудбалско првенство. Тој ја објасни својата одлука на „Снепчет“ (Snapchat): „Дали е тоа мој трофеј или ваш? Мој е и можам да правам со него што сакам. Ми зафаќаше многу простор во плакарот. Имам уште работи што можам да ги продадам“, рече Менди, покажувајќи ги своите полици полни со медали и трофеи. А ги има навистина многу. Со Манчестер Сити, тој четири пати беше англиски шампион и освои еден ФА куп и три Лига-купови. Со Сити го освои и англискиот Суперкуп. Менди беше и француски шампион со Монако во 2017 година. Денес, Менди е играч на полскиот клуб Погоњ Шчечин. Во еден момент, тој беше најскапиот одбранбен играч во светот. Манчестер Сити го доведе од Монако во 2017 година за 57,5 милиони евра. Во тоа време, трансферот на францускиот лев бек беше највисокиот дотогаш за еден одбранбен играч. На почетокот во Сити го мачеа повреди, а во август 2021 година клубот го суспендираше откако беше обвинет за силување во шест наврати. Две години подоцна, тој беше ослободен од сите обвиненија и успешно го тужеше Сити за неисплатени плати. Ја оживеа кариерата во Лориен, но е далеку од формата што – меѓу другите успеси – му ја донесе титулата светски првак со Франција во 2018 година. Минатата сезона одигра само 11 натпревари за Погон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter