Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЖивотАмериканка се преплашила кога видела што живее во нејзиното уво (ВИДЕО)Кога Сузи Торес од Канзас Сити во САД почуствувала звук во увото мислела дека и влегла вода , но кога отишла на доктор, се преплашила.Докторката и рекла дека во увото има инсект. ,,Потоа ми рече дека е пајак. По кратко време го извадија", вели Сузи. Подоцна и ’било кажано дека има многу отровен пајак во увото, кој припаѓа на посебен вид кафеави пајаци и дека имала среќа што не ја гризнал. „Никогаш не би ми паднало на памет дека пајаците може да влезат во нечие уво или во кој било друг дел од телото“, рече жената за американските медиуми. Според американскиот центар за контрола и превенција на болести, каснување на кафеавиот пајак може да предизвика чешање, болки во мускулите, потење, главоболки, гадење и треска. Сузи откри дека не знае како пајакот и влегол во увото, но тврди дека ќе се грижи во иднина. „Си ставив парчиња памучна вата во ушите минатата ноќ затоа што немав чепчиња. Преплашена сум“, заклучи Сузи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСе повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција Се повеќе туристи, но не и подолг престој. Во септември земјава ја посетиле над 136.000 туристи, што е за 2,5% повеќе во споредба со период месец лани. На кумулативно ниво, во првите девет месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 3%. Сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека туристите во просек се задржуваат околу 2,5 ноќевања, додека во септември просекот е помал и од две ноќевања. Според професорот и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, овие податоци покажуваат дека Македонија станува дестинација за транзитни и кружни патувања. Според него, потребно е поголемо внимание на постојните, но и создавање нови туристички атракции, повеќе чартер-летови и поголема понуда на пакет-аранжмани за престој во земјава. -Ние стануваме сè повеќе дестинација за кружни патувања и задржувањето на туристите е многу помало. Сметам дека ни се потребни дополнителни авионски линии, зголемување на обемот на странски туроператори коишто ќе оперираат во нашите туристички места со зголемена сезоналност, од мај до октомври. Поголем број на чартери и исто така пакет-аранжмани со останување 5 до 7 денови во дестинацијата,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Но, предизвикот не е само како да се задржат туристите подолго, туку и како да се привлечат надвор од летната сезона. И минатата зимска сезиба бројот на туристи во периодот од декември до февруари бил зголемен за околу 6,5 проценти, но сепак бројот на ноќевањата се намалил за 1,5 проценти. Јаневски смета дека градовите треба навреме да подготват новогодишни програми и промоцијата да ја насочат кон туристите од регионот. Посочува дека не е доволно гостите да ја поминат новогодишната ноќ во Охрид или Скопје, а веќе следниот ден да заминат. Целта треба да биде развој на понуда што ќе ги мотивира да останат три до четири дена, преку градски, конгресен и друг вид туризам. - Сметам дека повеќе треба да се работи на конгресниот туризам, повеќе да се работи на сити-брејк дестинацијата за три до четири ноќевања. Исто така, поголем фокус треба да биде за стимулирање, реинвестирање во дестинацијата и исто така развивање и зајакнување на домашните туроператори коишто треба да бидат носители на аранжманите, а не само извршители, односно не локални DMC-ја во самата дестинација,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Според податоците на ДЗС, во септември најмногубројни биле туристите од Турција, од каде пристигнале речиси 28 илјади гости. По нив следуваат туристите од Србија со над 8.300, Германија со над 6.600 и Полска со околу 4.700 туристи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСнопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕОна што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата. Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието. Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право! Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЕдногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда Уште едно дете на возраст од околу една година е сомнително на морбили, и иако има делумна потврда дека е заразедно со мали сипаници, сепак се очекуваат резултатите од целосна лабораториска анализа, велат од ИЈЗ. Олеснителна околност за помал ризик од епидемија во последниот шести случај е тоа што детето не одело во градинка, а според првичните епидемиолошки анализи имало контакт со роднини од Косово каде што инаку има епидемија на мали сипаници. Министерот Сашо Клековски потенцира дека присилни мерки за имунизација во Македонија нема, а засега нема ни жариште за можна епидемија. Градинките не смеат да забрануваат прием на деца бидејќи таква мерка од здравство не постои, кажа Клековски, но сепак, апелира на свеста на родителите, иако деновиве има поголем одзив за вакцинирање со МРП. Додека се бројат ризиците за можна епидемија на мали сипаници, властите тврдат дека детално се прегледуваат сите случаи на воспаление на коски кај дечињата со цел да се утврди дали и кај нас има сомнежи за зголемен број на остеомиелит како во Хрватска, откако и во Македонија целосно се стопира вакцинацијата со БСЖ во родилиштата. Таа ќе продолжи со нови вакцини од Јапонија кои се набавуваат преку УНИЦЕФ што ќе ги заменат бугарските, но кога ќе пристигнат во земјава, засега не се знае. Во однос на вакцинацијата против грип, пак допрва треба да пристигне втората тура од 26.000 вакцини кои сега се во Словенија, а од Министерството уверуваат дека наскоро ќе се повикуваат граѓани што сакаат да се имунизираат но не спаѓаат во ризичните групи. Се очекува годинава на располагање да има 85000 вакцини против грип. Тагови: морбили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook