Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
1Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
1Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
ЖивотАмериканка се обидела да го отруе сопругот со избелувач во кафето, сѐ признала на суд (ВИДЕО)Жена од Аризона е обвинета дека се обидела да го отруе својот сопруг и во понеделникот пред судот ја признала вината, а ќе и биде изречена казна на 10 мај.Мелоди Феликано Џонсон во два наврати ставила белило во кафематот, но не очекувала дека нејзиниот сопруг Роби Џонсон ќе го открие „пеколниот план“. За потсетување, Мелоди била уапсена во август минатата година и е обвинета, но првично се изјаснила за невина. Таа претходно поднела барање за развод, но продолжила да живее со сопругот во Германија, кој служи во воздухопловните сили на САД. Забележал дека кафето има „чуден вкус“ и се посомневал дека жената се обидува да го убие, за да ја наплати полисата за животно осигурување, пишува Дејли мејл. Набрзо поставил скриени камери во куќата, а Мелоди била снимена како истура белило во апаратот за кафе во пералната. New surveillance video obtained in case of Arizona woman accused of trying to poison husband. @evapilgrim reports. pic.twitter.com/ljAid52Sq9 — Good Morning America (@GMA) September 29, 2023 Според судските записи, сопругот продолжил да се преправа дека пие кафе, но не отишол во полиција додека не се вратил во базата Дејвис во САД. Потоа снимката ја предал на властите, а неговата сопруга била уапсена. Мелоди признала дека на 11 и 18 јули минатата година истурила белило во уредот, па ѝ се заканува казна затвор од четири години. Постои можност во казната да биде вклучено и времето поминато во притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производствотоВакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на овој месец, информираат од министерството за здравство.Оттаму уверуваат дека се преземаат сите потребни активности вакцинацијата на ранливите категории граѓани да започне што е можно поскоро.. Од министерството појаснуваат дека доцнењето не е поврзано со домашната постапка за набавка, туку со глобален проблем во производството на вакцините. Причината, според министерството, е промената на сите три вирусни соеви кои годинава се користат во составот на вакцината – два соја на вирусот на грип а и еден сој на грип Б. Светската здравствена организација и американската агенција за храна и лекови ги ажурирале трите соеви, што довело до одложување на почетокот на производството кај производителите ширум светот., појаснуваат од министерството..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Шоу бизФото: Бујната Софија во „тесно“Најплатената телевизиска актерка на светот, атрактивната Софија Вергара се појави на еден настан во Париз и ги остави сите без зборови. Како и многупати претходно, главниот „виновник“ за ваквата реакција на светот беше нейното бујно деколте. Во Париз е во тек Модната недела, која собира бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста. Софија Вергара не ја пропушти можноста да се појави на ваков настан, а веќе имавме прилика да го видиме нејзиното гламурозно издание за вечерната забава на брендот „Булгари“ (BVLGARI). Актерката не застана на една атрактивна комбинација, туку уште следниот ден покажа уште посекси креација. Таа присуствуваше на уште една гала-вечера, а за таа пригода облече кожен фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината фигура. Станува збор за фустан со корсет, украсен во минималистички стил, кој ги истакнува бујните гради.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаАндоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформацијаМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на денешната панел-дискусија во рамки на настанот на Светска банка за претставување на новиот Извештај за раст и работни места во Македонија, кој се одржа во Скопје. Настанот го отвори претседателот на Владата, Проф. д-р Христијан Мицкоски, а во фокусот на обраќањето на Андоновски беа дигитализацијата на услугите, поддршката за дигитална трансформација на компаниите и потребата од поактивно користење на достапните дигитални решенија. Андоновски истакна дека напредокот во дигитализацијата треба да се мери и преку реалната примена на услугите и придобивките што тие ги носат за граѓаните и стопанството. „На Националниот портал за електронски услуги го зголемивме бројот од 120 на 360 електронски услуги, а на Платформата за интероперабилност, која овозможува меѓусебна комуникација и размена на податоци, од околу 60 стигнавме до 95 поврзани институции. За компаниите дигитализиравме десетина од најкористените услуги, кои самите ги посочија како потребни, меѓу кои потврдите за неосудуваност на правни лица и различни изводи“, посочи Андоновски. Министерот нагласи дека паралелно со зголемувањето на понудата на електронски услуги, потребно е да се работи и на нивното пошироко прифаќање. Како пример ги наведе услугите поврзани со извозот на вино и тутун од Државниот инспекторат за земјоделство, кај кои, и покрај значителното скратување на времето преку дигиталната постапка, дел од компаниите сè уште избираат да ги користат шалтерите. „И кога ќе дигитализираме услуга која од 10 до 20 пати го скратува времето потребно за одредена компанија, таа повторно одбира да користи шалтер. Главната поента е да креираме екосистем кој ги користи услугите“, истакна Андоновски. Дополнително, Андоновски ја нагласи поддршката за бизнис-секторот преку двата дигитални иновациски хаба, ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, предводени од ФЕИТ и ФИНКИ. Преку кофинансирање од државата и Европската Унија, овие конзорциуми им овозможуваат на компаниите бесплатна поддршка за изработка на патокази за дигитализација, анализа на нивните потреби и тестирање на можни решенија. „Целта е фирмите да знаат што им е потребно за да се дигитализираат. Овие услуги се достапни бесплатно и имаат простор за поголема искористеност. Мораме заедно да го чекориме овој пат, државата, граѓаните и компаниите“, порача министерот. Андоновски информираше и дека се работи на софтверот САМИС за распределување на државната помош, кој треба да овозможи поголема транспарентност и следливост на поддршката. „Веќе работиме на софтвер за распределување на државната помош, САМИС, за транспарентно да знаеме каде оди државната помош, како се добива, за што служи и како се известува за неа“, истакна Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook