Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЖивотАмериканка го изгубила старателството, па си ги убила синот и ќеркатаМајка од Флорида ги убила 10-годишниот син и 19-годишната ќерка, а потоа се самоубила во приколка откако дознала дека го изгубила старателството над синот.Бренди Хачинс ги убила децата откако дознала дека судот му го доделил старателството на таткото кој живее во Мејн и требало момчето веднаш да му биде вратено на таткото. Таа требало да се појави на состанокот во предвидениот термин на кобниот ден, но не се појавила. Поради ова, социјалните служби поднеле пријава во полиција и тие викендот отишле на местото каде што живеела да го земат момчето. Кога пристигнале, пронашле три безживотни тела на момчето, неговата полусестра и на мајката. Локалниот шериф рече дека девојчето имало друг татко и дека не била вклучена во битката за старателство. Веста за смртта на момчето на социјалните мрежи ја објави неговиот татко, кој претходно ја објави веста за неговото исчезнување. „Со тешко срце пишувам за да ве информирам за ситуацијата со мојот син Ајдан, кој на 23 август го зеде мајка му и реши да го убие. Таа го уби денес, на 27 август. Мојот син засекогаш ќе биде во моето срце, тој не го заслужи ова“, напишал таткото. Од канцеларијата на шерифот велат дека често имаат случаи на киднапирање деца од страна на едниот родител за време на битката за старателство, но дека фаталниот исход е многу редок. „На сите ни е скршено срцето за целото семејство. Сето ова се случи затоа што мајката не сакаше да го предаде детето на законскиот старател“, беше објавено, пренесе Дејли Меил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЗдравјеНајмалото новороденче на ГАК тежи 730 грама 730 грама е најмалото новороденче, родено во 25 гестациска недела во моментов е најмалото бебе на ГАК. На клиниката за гинекологија и акушерија во пораст се предверемно родените бебиња. Педијатрите објаснуваат дека грижата за здравјето треба да пред планирањето на бебе. Чести причини за за предвремно пораѓање се висок притисок, проблеми со тиродната жлезда, аномалии на матката, возраста кај родилките. Од првиот ден почнува битката за малите борци и е важно да има добар кадар и опрема. „Ова е едно искуство кое што во животот веќе нема никогаш да го помине. Затоа донацијата од Проџект Хоуп за нашите борци спасува живот. Поставувањето на долгите интервенски линии е поставување на еден флексибилен долг катетер во самата вена. 01.22 Пред се преневираме нанесување на болка кај овие пациенти ги штитиме од тоа и безбедноста ни е на прво место, затоа што се изложени на голем број на интревенции. “ На Клиниката се зголемува бројот и на возрасни родилки кои им треба поголема нега во делот на интензивното лекување по одредени хируршки интервнеции и подлоги лекувања на клиниката. Но, и пациентки кои имаат компликации по раѓање или операција. Со овој апарат се следи целосно здравствената состојба на пациентките, сите витлани параметри. Директорката Ирена Алексиоска Папстиев објаснува дека вложувањето во едукација на кадар и опрема е најважен. „30 тина гинеколози и акушерки беа едуицрани со дводневен курс со цел да се снајдат во оние најкритични ситуации. До 3.21 Ноември е месец посветен на предвреме родените бебиња, навременото препознавање и реагирање ги спасува, апелираат педијатрите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче го известил раководството за разрешувањето на Славјанка ПетровскаПретседателот на СДСМ Венко Филипче ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од фукцијата заменик – координаторка на пратеничката група на партијата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на партијата. На координација која се одржала вчера, Филипче ги известил присутните за одлуката, а Петровска во изјава за Канал 5 потврди дека го потпишала известувањето до претседателот на Собранието Африм Гаши. Таа вели дека не и била посочена конкретна причина за разрешувањето, но реагира на обвинувањата што, ги упатил партискиот лидер против неа, а кои смета дека оделе во прилог на ВМРО-ДПМНЕ. Таа порачува дека останува верна на социјалдемократските принципи и дека нема да отстапи од своите политички ставови. „ Функција како функција, менлива е и менлива, се разбира дека за мене тоа не е никогаш ниту било, нити е проблем, затоа што никој не може да ми ја одземе мојата социјалдемократска определба. Јас ништо не сум направила спротивно на интересите на партијата и не може едно раководство или тесен круг на луѓе околу Венко Филипче да се претставуваат дека се тие коишто го зборуваат гласот на членството. Јас кажав и на самата координација, доколку има потреба за елаборирање и објаснување на моите политички ставови кои се однесуваат на партиското раководство, апсолутно јас сум подготвена да се соочам и со членовите на Централниот одбор, но и со членовите на Конгресот на партијата.“ Разрешувањето доаѓа откако Петровска ја поддржа платформата „Разговори за иднината во 12:05“, која бара оставка од Филишче и реформи во партијата. Во гостувањето во „Само интервју“, Игор Ивановски од платфоркмата објасни дека иницијативата не е насочена само кон промена на претседателот, туку и кон промена на начинот на кој партијата ја води опозициската политика. „Они мислат дека бројот на соопштенија е политичко, партиско, опозициско дејствување? И тоа сè во погрешен тајминг: кога треба да се збори за локални проблеми за граѓаните, тие зборат за Бугарите во Устав. Сега, кога имавме сериозен, и сè уште не е завршен проблемот на тотално руинирање на нашиот безбедносен, правосуден, политички систем со учество или под водство на Бугарија, а тоа е бегството на Ива Михајлова, пример. Имате ситуација кај што Артан Груби излегува од куќен притвор внимавајте – и прави фешта во Чаир. СДСМ на пратенички прашања поставува прашање за ископ на земја.“ Од друга страна, Филипче во телевизиско интервју за Алсат ги отфрли обвинувањата дека актуелното раководство ја губи поддршката во партијата. Воедно, ги обвини иницијаторите на платформата за поврзаност со власта и порача дека нема да дозволи овие случувања да ја поделат партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаМакедонија го празнува 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – празник кој потсетува на стремежот за слобода, самостојност и државност. На овој ден во 1893 година, во Солун, биле поставени темелите на Македонската револуционерна организација, чија борба подоцна ќе го достигне својот врв со Илинденското востание во 1903 година. Почетоците на организираното револуционерно движење се поврзуваат со група македонски интелектуалци, кои во сложени историски околности решиле да преминат од зборови на дела. „На овој ден кога ја основаа организацијата, ја основаа македонските интелектуалци – револуционери: Даме Груев професор, Христо Татарчев лекар, Иван Хаџиниколов книжар, Петар Поп Арсов професор... Овие високи македонски интелектуалци се определиле на дејствување и историското значење на овој ден е затоашто го означува почетокот на револуционерната борба на македонскиот народ, за ослободување и за своја држава. Она што треба да се нагласи дека после овој ден кој го празнуваме како празник се поставува основата за продолжување на борбата, по кој следува Илинден 1903 како втор голем македонски национален празник..“ Според професорот Миновски, доколку организацијата не ги поставела темелите и програмата за создавање сопствена држава, понатамошната борба за ослободување на македонскиот народ ќе била многу потешка. По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека историските идеали денес треба да се преточат во чесна работа, праведност и реформи за просперитетна држава. Честитка упати и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој повика на единство, меѓусебно почитување и заедничка одговорност за градење демократско и стабилно општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво и почитувано. Во чест на македонските револуционери, денес се положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“ во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook