3МФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
1Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
ЖивотАмериканка ги негува куклите како деца, дури и ги дои: Ме гледаат чудно, но вреди (ВИДЕО)Американката Кели Канингам отсекогаш сакала да биде мајка, па решила да се исполни во таа улога.Таа за својот 27 роденден ја купила популарната кукла „Reborn“ и многу брзо, како што вели, почувствувала како ѝ се будат мајчинските инстинкти. „Не можам да објаснам како се случи тоа, но брзо се приврзав за неа. Ја викав Џенифер. Ѝ купив облека, а нејзиниот кревет го поставив до мојот“, вели жителката на Ронконкома. @rebornmomof7 Say hello to Beatrice Elizabeth Cunningham I got from my Amazon wishlist #reborn #reborndoll #reborntoddler #rebornmom #reborncollector #rebornmommy ♬ original sound - rebornmomof7 Таа додава дека нејзиниот татко ѝ објаснил дека е нормално да сакаш деца во доцните 20-ти години, па затоа не ги доведувал во прашање нејзините чувства. „Преродените“ кукли, инаку, се користат како форма на терапија за луѓе кои се борат со траума, да речеме по губењето на бебето, пишува „Њујорк пост“. Во текот на следните години, Кели продолжила да купува кукли и сега има седум од нив. Секој ден се грижи за нив, а повремено се преправа дека ги „дои“. „Постои цела заедница „Reborn“ што ја истражував. Знаев дека не ги одобруваат „куклите за доење“ и требаше да го задржам тоа за себе“. За таа цел Кели користи лажна „храна за бебиња“. Таа не гледа проблем во тоа, бидејќи да дои вистински деца, како што вели, никој не би се бунел. @rebornmomof7 Getting Adam ready for the day #reborn #rebornbabydoll #reborndoll #reborncollector #rebornmom #rebornmommy ♬ A Dream is a Wish your Heart Makes (from "Cinderella") - Leonardo Holmes „Кога сум во јавност со куклите, луѓето ме гледаат чудно. Отпрвин се чувствував лошо, но сега не ми е грижа. Сакам да се грижам за нив“. Со текот на времето стана популарна на мрежите каде објавува видеа од својот живот и има вистинска армија следбеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформаМинистерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување.Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување. „Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска. Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот. Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата. Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор. Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано. Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој. „Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска. Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!, порача преку Фејсбук, првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев. На површина од 2.700 м² се реализира современа картинг патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари. Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика. Извршено е тампонирање на теренот, со што просторот постепено го добива својот конечен изглед, додека во наредната фаза е предвидено поставување на осветлувањето на картинг центарот. Новиот Картинг центар ќе претставува дополнителна атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на градот и ќе отвори нови можности за спорт, рекреација и забава. Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, современа инфраструктура и содржини за сите генерации!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПотпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 годинаМинистерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка .Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија за периодот 2026–2028 година. Со Планот се потврдува определбата на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес. Планот предвидува размена на информации и искуства, размена на специјалисти за обуки и консултации, учество на научни и медицински настани, реализација на заеднички научни и практични проекти, како и соработка при организирање курсеви и семинари. Како приоритетни области на соработка се утврдени примарна и специјализирана медицинска заштита, болничка здравствена заштита, превенција и контрола на заразните и незаразните болести, како и епидемиолошки надзор, медицинска статистика, организација на здравствен одговор при вонредни состојби, електронско здравство, како и други области од заемен интерес. Во рамки на посетата на Софија, министерот Клековски го посети и Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, особено во делот на неонатологијата и грижата за новороденчињата. Во разговорите со медицинските тимови беа разменети искуства и можности за унапредување на соработката, со посебен акцент на неонаталниот скрининг и рано откривање состојби кај новороденчињата. „Мајчин дом“ располага со најголемата клиника по неонатологија во Бугарија, со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема, додека Националната генетска лабораторија во рамки на установата спроведува скрининг на новороденчиња, вклучително и метаболички и генетски испитувања. Потпишувањето на Планот за соработка претставува дополнителен чекор во јакнењето на добрососедските односи и институционалната соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаења и добри практики и унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓанитеТагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook