Американка е хит: Работев во военото воздухопловство, а сега сум келнерка во бикини (ВИДЕО) - Канал 5

Американка е хит: Работев во военото воздухопловство, а сега сум келнерка во бикини (ВИДЕО)

Шејан Лонг има 23 години, живее во Калифорнија и се фали дека сега како келнерка која ги послужува гостите во бикини, заработува повеќе отколку кога служела во воздухопловните сили на САД.

Американка е хит: Работев во военото воздухопловство, а сега сум келнерка во бикини (ВИДЕО)

Таа за „Њујорк пост“ открива дека добива „поголеми бакшиши“ кога нејзините гости ќе дознаат дека ѝ служела на својата земја.

Додаде дека најчесто погрешно претпоставуваат дека била исфрлена од војска или дека служела само неколку месеци. Лонг објаснува дека служела во воздухопловните сили четири години и била стационирана во воздухопловната база Лакленд и воздухопловната база Лонг Анџелес.

„Никогаш не влегов во проблеми преку основните тренинзи до крајот на мојот договор. Генерално сум добра девојка“, вели Лонг.

@shyshypan Miss my lil double life respected 🦅🇺🇸vs unrespected job👙💅🏼 #military #bikinibarista ♬ Fortunate Son - Creedence Clearwater Revival

Но, таа решила да ја спореди својата „ценета“ работа во армијата со нејзиното „потценето“ занимање како келнерка облечена во бикини во видео на TikTok. Иако признава дека ѝ недостига ’двојниот’ живот, изгледа дека многу се забавува во оскудни костими за капење.

@shyshypan My fun lil freedom job✨🫶🏼 #distractionsloungehb ♬ original sound - 🏄♀️

„Им велев дека служам во војска за да добијам поголеми бакшиши, тоа функционираше секој пат“, призна таа во едно од нејзините видеа на TikTok.

Инспириран од кариерата на покојната Ана Никол Смит, Лонг одлучила да стане стриптизета. Но, тоа не се одвивало како што планирала - три стриптиз клубови ја одбиле, а таа не ни помислила дека тоа е можно. Како што вели, поради тоа се почувствувала поразена и после тоа се обидела да продава алкохолни пијалоци по шише во ноќните клубови, но „го мразела и се откажала од таа работа“.

@shyshypan

Too many shots already LMAO

♬ original sound - Shyshypan

Кога Distractions Lounge конечно ја вработиле, таа ја нашла идеалната работа за себе. Сега таа „штеди пари, се забавува на работа и оди на актерски аудиции“, изјави таа за The Post.

„Имам дури и клиент кој направи две кошули со мојот лик на нив“, рече таа. Навистина се чувствувам како славна личност што работи таму“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер