Американка до смрт го издрогирала своето десет месечно бебе со синтетички хероин - Канал 5

Американка до смрт го издрогирала своето десет месечно бебе со синтетички хероин

10-месечно бебе од Јужна Каролина, САД, починало од предозирање со фентанил бидејќи нејзината кукла, како и цуцлата и шишето биле премачкани со оваа исклучително силна и смртоносна дрога.

Американка до смрт го издрогирала своето десет месечно бебе со синтетички хероин

За смртта на девојчето е осомничена нејзината мајка Сара Констанс Шакери Тејлор (39). Покрај тоа, Сара е осомничена дека организирала борба со кучиња, се наведува во соопштението на шерифот на округот Чарлстон.

Таткото на детето, Санди Гејтерс (41), се вратил од работа во 15 часот на 15 мај и ја видел својата безживотна ќерка како лежи на стомак на работ од креветот додека нејзината мајка спиела.

Полицијата добила вознемирувачки повик, поради што веднаш излегла на терен, а во семејниот дом затекнале трагична глетка.

Итната помош се обидела да го спаси девојчето, но за жал, таа не можела да се спаси. Набрзо, во болница, на малото девојче ѝ била констатирана смрт. Направен е токсиколошки тест и потврдено е дека починала од труење со фентанил.

Властите биле изненадени од количината на дрога пронајдени во телото на бебето и заклучиле дека таа можела да ги зема лековите само орално.

„Доказите беа собрани во домот на семејството и вклучуваа цуцла што ја користело бебето, шишиња, паричник со дрога во прав. Сите предмети биле позитивни на фентанил“, се вели во полициското соопштение.

Мајката наводно признала дека претходно користела фентанил и била свесна за ефектите, но одбила да донира крв на денот кога нејзината ќерка починала, пренесува Мирор.

„Како родител, фактот што таму има луѓе кои се толку невнимателни со своите деца го крши срцето. Оваа мајка донела ужасна одлука и погледнете колку далеку ја однесе“, изјави шерифот Кристин Грацијано.

Инаку, фентанил е синтетичка дрога која е 50 пати посилна од хероинот.

Сепак, истрагата на полицијата не завршила тука. Мајката на крајот е обвинета дека организирала и борба со кучиња. На семејниот имот биле пронајдени околу 15 кучиња, главно питбули.

Кучињата биле пронајдени „врзани и затворени во кафези во соби кои биле планирани за тепачка“. Откриени се и траки за трчање и дигитални уреди за мерење прикачени на јаките за кучиња.

Сите докази упатувале на нелегална борба со кучиња.

Мајката се уште не е обвинета во случајот со убиството на нејзината ќерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер